Ако живеат во заедница, немаат пари за дом, да бидеме реални под 500 евра не можеш да најдеш нешто асално, а не можат да продадат имот оти синко и снаа исто живеат таму, кој да ги гледа? А и што е гледање на стар човек?! Не сите имаат фекална инконтиненција, не сите се залепени за кревет. Исто, ако синот работи, а снаата седи дома, епа кој да се грижи, ако имаат потреба нешто да се потпомогне? Да било инаку, овие ќе продаделе имот, ќе си отишле во дом, ама синов ќе остане со прстот со извинување во гз и пак нема да чиниш. Пак старите криви. Затоа ќе си печалиш додека си во заедница, паметно, ќе си купиш свое. Старите ќе си продадат што имаат. Ни тие терет, ни син зависен од нив. Ама има синови што ем сакаат да си дремат со нив, ем не дај боже на стариве помош да им треба. И те тук снаата изгубена во преводот, не бришам гз, ама золвата нек си ебе мајката не е ова нејзин дом.
Абе тоа ок, ама ај гледај родители врзани за во кревет и тоа сама без работа да те видам? Не бива. Ќе мора или дом или да платиш друг човек да ги чува. На синовите најубаво им е, они си продолжуваат со нивниот живот, а снаата ќе ја наместат дома да ги гледа.
Не можеш ако некој паднал болен, да го фрлиш на улица. Ваму оти братот сестрата не ја прибрал , тука али ја не гледам стари... Едино ако стварно нешто лошо сториле, али чим уште под ист кров сте, тогаш шо да ви правам, тоа е. И не сите имаат пари за сестри, слуги и батлери, не се филмајте. Сите треба да се грижат, не само жените, особено ако се свекор, свекрва, и синовите има газови да бришат. Али тоа е ваш проблем со мужот ви, небитно е на темава. Ако си арен родител, нема на никој ништо да оставиш , ќе си умреш и ќе им остане на децата по пола автоматски. Па нека си кршат глава после. Има па и стваро лоши деца, не викам не. Епа ондак најди некој да те исчува за имот, не им оставај ништо. Али стариве им доаѓа памет у глава на 60 години, гледаат дека поради грешки у одгој иако му го тапшаат само на синот, само ќерката ги есапи. Па собираат два и два дека ќерката нема да им брише газот, оти прво ја двоеле од братот, друго има свекор и свекрва каде треба газ да брише, па ај остави му на синот се пред да умреш, да те догледа... Е такви колку ко кучиња останале на улица, или по старачки домови, али ако. Али ја да знам дека се ќе му остане на брат ми, значи буквално фрлена на улица, нема да ги глеам старите. Тоа е трампата нели, толку ме цениш, толку и ќе добиеш... Ете му ги, нека си кршат глаа. Јбг.
На ничија глава, дај боже да се живи и здрави. Можеби еве земам залет, можеби на 30,50 и 80 нема да размислувам исто. А исто и вие. Ама да се спремиме за подобра иднина овој балкански живот од кожа ме вади.
Може. Може да подели на муабет, па спијте си на ушите, или формално правно, па да остане на улица родителот. Не дека не сме чуле и прочитале и такви приказни. Мене и на брат ми ништо не ни е дадено, освен образование и елементарна поддршка за старт во животот. Па еве, нит се колиме нит ќе се колиме. До луѓето е.
Постои нотар, каде што децата потпишуваат дека не смеат да ги избркаат родителите, и не смеат да го продадат имотот. За се има решение, не туку така само на збор. А тие приказни се само на збор, не и законски, постои закон за се.
Постои, се постои, за елементарно писмени и функционален систем. Постои ли прибелешка во катастар за истото на пример? Колку има банкарска гаранција нотар за да не напраи проневера? Не знам, пошто стварно не ме интересирало.
Абе шо ви е на вас, какво бркање, шо зборите? Постои еден нотарски акт шо се вика тестамент, родителите го пишуваат, кај шо го оставаат и поделуваат имотот на децата, ама тоа ќе важе после нивната смрт. Затоа е и таа оставинска постапка. Зошто мешате баби и жаби.
А зошто да им го дадат додека се живи? Кој дава така? Многу ретки се тие случаи, обично или тестамент се праи или не се праи, а кога не се праи тестамент е тогаш избиваат караниците меѓу децата после смртта на родителот.
Нека не биде подеднаква. Ама после родителите да не бараат да си дојде Трајче од Острејлија за да го видат пред да умрат. А истиот го шутнале како партал.
Абе има, ама се тоа предизвикува караници, ете бркања на старите и шо ти знам шо уште. Затоа, еден тестамент напрај си кај шо пишува на секое дете по пола и готово. Мирна глава и на родителите и на децата.
Се пишува тестамент каде после нивната смрт децата наследуваат, ако сакаат родителите, а имотот на кого сакаат можат да го остават, не мора на децата.
Можат да, ама тука не збориме за делење имот на некој друг туку на децата. Шо е фер и шо не е фер. Ќе даат они повеќе или цело на синот а после очекуваат ќерката да ги гледа. Е мало морген. Така размислува скоро цела држава. Или дели фер или еби си матер во старост, никој нема да те ферма кога знаат дека ги делиш децата.
И снаите веќе не гледаат Пауло. Затоа кај нас викаат не дај боже да залегнеш. Нити некој ќе те гледа, нити пари имаш за во дом. Тие коморите за самоубиство се во Швајцарија дури, далеку се. Најефтино ортома. Ваљда и таа не ја поскапеа. Е ако неможеш ни да станеш за да се обесиш....
Таквите што ги наседнуваат своите сенилни родители да им препишат имот, па ги бркаат, да е мој пеколот, први на ражен ќе ги печам. Со јаболко во уста. Се сеќавам беше многу одамна. Бев во основно можеби, една баба седеше пред влез и ми побара пари за леб. Меѓу другото ми кажа дека синот ја избркал. Бев мала, со овој памет, веројатно ќе повикав полиција. Па нек се мисли дали ќе брка стара кутра жена на улица. Дебил. Се надевам дека е несреќен кај и да е.