Не знам кој дава, Паола го почна тој муабет. Караници нема меѓу разбрани луѓе, кои знаат што се договориле или што е фер. Ако се неразбрани, ни сто тестаменти не ги оправаат.
Па тоа и јас викам. Ако родителите не се салам, ако ги растат децата со поделбата машко-женско, се е џабе.
Јас пишав дека постои нотар, никој не дава туку така. И додека се живи родителите тој имот не смеат да го продадат.
А јас прашав, постои ли катастарска белешка за тоа и колкава банкарска гаранција има нотар. Јас знам за луѓе што останале на улица, јер имотот ,,наследникот,, го дал под хипотека. И ги разбирам луѓето што не даваат се дури се живи, и не треба да даваат. Баба ми сакаше да седи во дом, триста ѕврчки и таму се праат. Никако не го бива, освен да се има разбирачка во фамилијата. А главно се нема и тоа е тажно.
Во Мк ништо не е сигурно, секакви мучки се праат, се плаќат и нотари и судови и членови од фамилија и се. Имав таков проблем во блиската фамилија, со потплатен нотар, милион проблеми направија. Ако немаш салам фамилија, тури му курот.
Кога почнав да читам само што смислив слична реченица како последната твоја. Мене не ме шутнале сѐ уште ама до толку сум брутален што ако дојде до тоа (не сум оженет) и ако со жена ми мораме да се оддалечиме, тоа ќе го скоцкам на начин што дури ни тајни служби не ќе знаат каде сме и како се викаме. Трајно затворам корици јас. Туку не знам за оние лицемери што глумат за да чепнат имот, оние наследници, а кога ќе дојдат здравствени проблеми на нивните родители ташти свекрви, ги фрлаат по клиники и не им е гајле што таму или се дават во измет или се врзани за некој кревет... Секој ќе си дочека бетер од тоа што сторил.
Многу ми е мило што немам што да наследам, ни јас ни маж ми. Од скромни семејства сме. Ама пишувајте колку сакате, ако некој како родител има една куќа, истата синот ја препраавал, доправувал спрат и слично не е феер една сестра тоа да му го земe, само затоа што ја следува. Ја следува ама брат и вложил многу таа ич, плус чувал стари. И секако најдобро е секој сам , ама не секој има можност.
Абе како сестрата да му го земе? Од таа куќа и сестрата има дел. А шо ако сестрата вложувала во куќата а? Тоа треба да биде поделено на пола. Па после децата нека се договараат шо ќе праат со нивните половини.
Се обидов да им го објаснам ова, ама некако не разбираат. Мене страшно ме неривра делов со наследство. Алчноста кон туѓо е најстрашна болест. Сите сакаат да земат имот, ама не сфаќаат дека со тоа преземаат и одредени обврски. Тие обврски си доаѓаат со годините. Секој за себе посакува убави работи. Никој не ја сака староста, ама и никому не му се умира, најмалку во маки и со луѓе кои не те почитуваат.
Прашањето тука е зашто родителите дале баш он да преправа и доправува, а не и ќерката. Значи пак синот е фаворизиран и тоа е она што го мелеме страни и страни. Ако родителите имаат една куќа или ја продаваат и некако делат или ништо не даваат на ниеден. И ќерката оди кај мажот ама и синот кај жена му
Тоа беше обичен пример шо го даде членката, викаше дека било една куќа во која синот вложувал и немало да биде фер утре ќерката да земе дел од таа куќа заради тоа шо брат и вложувал. Ни пари и дале ни ништо. И како е ова фер не ми е јасно, и исто така не ми е јасно како така размислуваат некои членки.
Како да им направат на децата? Старите (најчесто) се секогаш криви и носат импулсивни одлуки (а не одлуки базирани на реални факти). Да не се лажеме, ама секогаш се влече на една страна (значи не мора да е машко и женско). Секогаш е фаворизирана едната страна, ако сме искрени. Многу ретки се тие случаеви што праведно делат на пола. Непишано правило е и пред воопшто да има било каква поделба, едниот родител да потпикнува пари на мрзливото дете, а за вредното ќе вели самото е способно. Ех тие двојни стандарди меѓу старите!
Зборувам за пример ти како би постапила за твоите деца итн. Да така праеле, и моите пра дедовци и баби праеле па ете.. не мора и вие така да проектирате и да го продолжувате циклусот.
@Stark реално, на тоа што е кротко, свесно и трудољубиво јас лично повеќе ќе оставам. Тука ќе се заклам утре-друг ден со иден маж, осеќам.
Еве јас требаше да потпишам на нотар за оставинска постапка дека не смеам да ја продадам куќата без согласност на мајка ми. Тоа дека јас не сакав директно на мене, ама адвокатот ми кажа подобро било така, затоа што после пак требало да се малтретирам, и затоа сега е како подарок од мајка ми. Имам одврзани раце од мајка ми што сакам да правам. Баш и мајка ми сака да ја продадеме и да купиме 2 поголеми стана, зошто имаме многу дворно место. Ама се договоривме сега за сега да не ја продаваме, затоа што планираме да одиме во странство. Инаку има многу заинтересирани да ја купат, на добра локација сме.