Пошто он нема да се согласува со ова, гарант ќе тегне на другата страна. Тука тргнувам од себе и сметам дека треба да се помогне и даде на тоа дете што не чека на готово. Реално, повеќе би била задоволна и спокојна да знам дека кај такво дете завршило имотот отколку кај разлигавеното (под претпоставка дека децата не секогаш ги имаат истите карактерни црти како кај родителите).
Јас по мене си знам ако госпо ме посака и се оженам и имам дечиња, без разлика дали се женски или машки, ќе се потрудам да му приуштам добар живот, едукација и нешто што имам наследство подеднакво исто за двајцата. Отсекогаш сум човек што сум емотивец и да... оставам пример ќерка така да и се случува и некој копитар да ја тормози, не би рекол.
@Stark се едитирав и надополнив погоре минимално за да биде појасно зошто. Не мислев на таков случај како што ти го опиша.
Снаите што ги бањале и менувале памперси на свекрвите, за возврат им давале пари за на море. Епа ќе менуваат тогаш, и ќе ги тинтрат, не секој го може тоа, не за џабе кажале ни стари ни пари. Еее за море се ќе направат, и нека не се удираат во гради кога тоа не го направиле без ништо да добијат. Ништо не е бесплатно, па ни ова.
Па тоа е друго. Али примерот беше кај што родителите имаат една куќа и синот си ја реновира за него. Како и најголем дел од македонските фамилии. Тие што имаат пари за уште една не спаѓаат тука.
Во право си. За делот што го средувал доправувал. Ако кренал спрат. Тој е негов, но и на снаата да разбереме. Но, дворот, ако го има, веќе постоел. Спратот врз кој градел, исто веќе го имало. Значи сестрата има целосно право на пола од тој дел. Затоа што да не бил тој плац и таа почетна куќа, веројатно ќе реновирал куќарка на некое дрво. Јас ретко пак имам слушнато дека ќерката не се грижи за родителите. Обично тоа е ,,задача" на братот. Но, типичен македонски брат го префрла тоа на жена му. А таа попрво ќе се заколе со свекрвата, отколку да помага. И кој останува? Сестрата што никој не ја есапи веќе, затоа што е воспитана да биде грижлива за домаќинлук, иако некој ја брка и и вика, ова се е на брат ти. Не ми се верува што читам. Да чувствуваш туѓо кога си одиш кај родители и брат за мене е нешто незамисливо. Нормално дека ќе имаш почит и према новиот член, снаата, но и таа треба да разбере, дека спратот е нејзин, а не целата куќа.
Јас па знам за едни, вистина и дадоа пари на ќерката. Цели 10 тисуча евра да го реновира станот што си го купи со маж и. А станот во кој живеат они ќе оди кај братот. Истиот тој може да се продаде за 100.000 евра минимум. И притоа и тој не живее со нив. Ај сега удри проста математика. Колку добива сестрата, колку братот.
Си тепаме време и пишуваме нешто што не ни се дешава , ама факт е дека криви се старите. Ништо не е фер и два стана да имаат едниот е керката а во другиот живеат стари и синот. Што е тука фер ?? Ќе наследи кога и децата ќе му пораснат , ама дада нема да се мачи. Од сопствен пример знам дека едно дете е омилено, едното секогаш ќе се мачи. И секогаш еден мора да се грижи за тие луѓе, еве мајка ми и тетка ми не се ни прашани за ништо ама и сега што се прават операции од по 2 000 е никој не ги прашува, брат им си плаќа, вози, трчи , чува. Тоа ти е исто како кога некој ручек ти прави и дете чува па има право да ти сере за се. Најдобро е тоа што го зборите, сам и се сам, ама не функционира кај нас тоа баш така, не кај сите.
Ако така си се договорат што толку те боле тебе тоа? Супер за тие снаи што си добиваат пари што ги гледат старите. И дедо ѝ даваше пари на мајка ми што му правеше ручек. Како што може на некоја рандом жена што ги чува да им даваат пари, може и на синот и снаата да дават. Нели ништо не е бесплатно, па дури ни гледањето. Обично ќерките ги чуваат старите, а за возврат се со прстот во уста. Македонски менталитет
Грешка си за ќерките дека ги чуваат старите, обично снаата ги чува, ете сама кажа мајка ти му правела ручек на дедо ти.
Па нели ти ќе ги чуваш твоите родители ако има потреба? Или снаа ти тоа ќе го праве? И мајка ми не правеше ручек само на дедо, туку од нивниот ручек му даваше
На темава се истрескаа тешки глупости. Прво, родителите им давале стан на ќерките. После ќерките не ги чувале, туку снаата. А како снаата дошла да живее во таа куќа при стан е вистинска мистерија. Зошто? Зошто и снаата при сопствен стан би се грижела за стариве на мажот, а не сестрата која исто така и купиле стан?!
Имам ваков близок во поширока фамилија... Снаа е таму, таа ја пере старата неподвижна, готви и за неа, менува пелени и катетри. Сопругот нејзин исто е вклучен, дава терапија, заедно со снаа ми или нивните деца големи веќе го прават погоре наведеното. Доаѓа и нејзината золва,која живее во друга куќа, се менуваат со золва ми во извршување на обврските, бањање, хранење, давање терапија,менување пелени... Патем доаѓа и жена кога овие се на работа, ја плаќаат... Сакам да кажам мора сите да бидат вклучени, а не теретот да паѓа на еден член. Куќата ја наследи само синот, а золвата била прашана дали сака дел, рекла не.
Па јас моите, маж ми неговите. Секој своите, тоа го пишав. Ако треба нешто да се помогне ок, ама бањање, менување пелени секој на своите родители. Нема што снаата моите да ги бања, не е нивно дете, и моите тоа не го очекуваат ни од нас што сме им деца, не па од снаа и зетовци. Викаат додека можат сами, кога ќе не можат во дом, ама ние не би го дозволиле тоа, исто како и маж ми и сестра му за свекор ми и свекрва ми. Тука е брат, ми, сестра ми и јас за моите, а не само еден да ги гледа. Тоа е со договор помеѓу браќата и сестрите.
А што запна со тоа пелени менување.? Зарем гледањето е само пелени менување? Тоа е една трошка од се она што значи гледање на стари луѓе.
Не секој го може тоа, да менува пелени. За носење на доктор, пазарење и слично можам и на комшии да помогнам, не е исто пазарење и менување пелени, не дај Боже да дојде до тоа.
Јас како некоја будала се залагам за золва ми да и' остават спрат од куќава или барем еден плац ако ништо повеќе, они нејќат. Мм вика секако јас немам потреба да живеам на 3 спрата, едниот нека е за неа, овие викаат не, се' тебе ќе ти оставиме. И да е најјако золва ми не сака. Традиција си следи. Доволно и било кревет да има, да преспие кога ќе идела некогаш. Дури свеки се трудеше да ме убеди дека јас не требало да имам дел од куќата кај мајка ми. А зошто? Еве не ми е јасно зошто? До душа јасно ми е. Нејќе да има обврски утреден. Во другана тема ти ли беше таа што ме цитираше дека зошто сум им се нашла чат пат на свекрва ми за ручек и нешто слично, дека е нормално сега на глава да ми се качуваат и да очекуваат од мене се' да им правам и дека сама сум си крива? Ако беше ти, малце си контрадикторна нели? Ако утреден снаа ти ти подаде даљинско, ќе си земеш замав да ти е бесплатна слугинка ли? Јас кога ќе ми паметува некој, им викам во црква кога се мажев попот рече нешто во смисол: Мажот ќе се оддели од родителите и жената ќе се оддели од родителите и ќе створат свое семејство, едно ќе се. Така нешто. Нигде попот не рече дека жената се мажи за свекорот и свекрвата. И затка, толку. Па баш и не. Си слушнала за "секому по заслуга"?