Појма немам искрено што збориш. Цитирај ќе видам што сум напишала. И да сум кажала такво нешто, едно е да им трчаш за се нешто, а они се способни сами да вршат обврски. Друго е, изнемоштено лице, да му помагаш. Има разлика и тоа огромна.
Aма нели читаш тука колку има поштени снајки, дека ако дојде ред и пелени ќе им менувале, е ако де, јас си кажав само на моите, па рипаат, епа не можам јас да се преправам дека ќе менувам на свекор и свекрва, а за помош како пазарење и слично, и на комшии така ќе им помогнам. Ама менувањето пелени било ситно. За нив ако не е ништо, за мене е, затоа секој на своите родители, ниту маж ми ќе го натерам на моите, ниту тој ќе ме натера на неговите, а пишав дека јас ќе помогнам ако не можат, пример додека ги бања маж ми јас да пазарам, или јас моите додека ги бањам маж ми да пазари. Кога пишав дека би помогнала, ми рипнаа "па нели нема пелени да менуваш", па нигде не го пишав тоа. Ако дојде до тоа, дај Боже никој да нема потреба од тоа, сите да се на нога.
Знам за случаи каде што препишан е имотот на едно дете. А истото дете ги носи родителите во дом. Или бара од сестрата/братот што не добиле ништо, да ги чуваат старите. Е тоа е веќе безобразлук. Таквите деца се за стап. Имам таков пример во фамилија.
@Pa8la мило ми е што се посвети да ми пребаруваш мислење. Бидејќи нели немаше време да се замараш со мене. И што сакаш да кажеш, а јас не го искажав во постот погоре?
Немав време сабајле, сега ете имам да ти се посветам, гледам некако те снема, па да не ти е досадно, едвај чекаш некој да пише па да се расправаш.
Што обврски свеки би имала околу твое наследство? За пелени, на кој не му е гадно, нека менува. Мајка ми доживеа во пелени последни денови, и не бев таму, морав да работам. Но кога и помагав за тоалет кога се враќав, ми се гадеше Е сега, не секому му се гади. Јас би работела ко коњ, за да му платам некому да прави она што мене ми се гади. Свилено или не, ми дала, ми предала, тоа е.
А ти мислиш стварно ќе им менуваат пелени на свекорите и свекрвите сега младиве? Само се удираат во гради. Тоа е гадно на свои родителите не па на туѓи. Имало такви случаи каде снаата им менувала, ама тоа од постарата генерација, и затоа сега очекуваат дека снаата ќе им менува, не синот или ќерката, секако има и исклучоци. Па баба ми викала додека можам сама добро, кога ќе не можам однесете ме во дом. И моите можеби затоа вака размислуваат, не очекуваат ништо од нас децата, не па од снаа и зетовци. И јас сега викам не дај Боже да дојде до такво нешто, сите на нога нека се, ама кога ќе дојде може ќе ми биде гад и на мене, и на брат ми и на сестра ми, па ќе си платиме жена. И тоа не е оставање на родителите. Оставање е така да ги оставиме небањати, гладни, жедни, неиспрани. А сето ова ако го прави жена за пари, и тоа е во ред. И не секој може да го гледа родителот изнемоштен менувајќи му пелени.
Не е проблем да платиш ама ќе е пробкем ако на пример наслетство се дели меѓу 2те деца исто, а жената да ја плаќа едното дете, плус тука може таа пензија ни за лекови да стигнува. А недај боже на некој жена може со години да му треба. Затоа треба и децата да се свесни наслество на пола ама и после се друго на пола. Неверувам дека некоја се ќе подели со брат и аама жена утре сама ќе плаќа. Не се тоа 2, 3 илјади денари во месец.
И на свој родител да менуваш пелени психички истоштува. И кој има, поарно да си допушти човек за таква работа оти не е ниту малку лесно да гледаш низ што минува. Лесно се кажува на збор, во пракса е потешко.
Па треба и да работиме. Значи според членкиве тука што паметуваат треба да напуштиме работа. Епа мора да се работи, пари никој не дава за џабе. И како ние ќе купуваме и храна, и лекови ако не работиме. Јас викам не дај Боже да треба да дојде да менуваме пелени. Сите нека си се здрави и живи. Јас можеби од жал нема да можам на моите.
Леле бе зашо сите на Балканов за вакви работи се замараат да ми је знати? Само кај нас го има ова, претеризам е до каде се оди. Искрено на свекор не би менувала пелена, ни па да го бањам, за тоа е маж ми, сепак е машко, за свекрва ми не знам, можеби ќе менувам, женско со женско, па ајде некакп ќе се прифати, за бањање апсолутно би ка бањала, би готвела, би чистела кај нив доколку има потреба некогаш, сепак се тоа родители. За моите не ни дискутирам, еве татко ми е неподвижен со 90% оштетување на колковите, теретот најмногу паѓа на мајка ми, зошто не сака со друг да се бања, и сл. Јадење правам кога сум кај нив ако р татко сам, чистам, му правам кафе, и се пропратно што му е потребно. Како можам да заборавам кога ми било тешко и доаѓале и во 2 по почноќ за да ме смират дека син ми сакав да го носам на дежурен со висока тт... и мал милион причини.
Еве каде сум пишала дека заедно куќа и направиле, штом ми наоѓаш мислења од пред 100 години. Изгледа погрешно си разбрала, сите работи ги испомеша.
Ова важи за сите. Ако ти како ќерка донесеш зет дома, а притоа брат ти си има сопствен дом, апсолутно истото важи, и би се очекувало осет од негова страна да го почитува вашиот мир и приватност. Зошто да се отежнува на веќе тешка ситуација? Секој за секој треба осет да има, посебно за најблискиот. Мислите дека некој сака во заедница да живее? Од младите апсолутно никој, а и повозрасните гледам се повеќе си го сакаат раатот. Не е дека си помалку, ама како што кажав никој не сака да живее во заедница, и ако така решиле најверојатно немале друг избор. И дали ти на тоа треба да додаваш и да се споредуваш со брат ти и снаата, наместо да си уживаш во сопствениот дом во мир и раат и да се трудиш што помалку да им сметаш? Ако е за имот, никој не ти го зема имотот, во иднина пак ќе биде на вас двајца ако имате дома разбирање. Ама зошто додека се во заедница да се докажуваш, да не им почитуваш приватност, само затоа што ви следува исто? На крај зборувам за човечност, кој разбра разбра. Модератор: Преместени мислења од темата Свекрвите и снаите – проблеми
Тоа што го нарекувате сопствен дом на золвата, не е нејзино на хартија. Крај крајова и бате нека оди кај жена му ако ете немаат финансии за свое
Домот е на родителите, а што е на родителите тоа е и на децата. Сега куќата е на име на татко ми па што мајка ми треба кирија да му плаќа ? А и золвата коа ќе се мажи значи крај,за неа нема место во домот на родителите,дека женско е нели. На која снаа не и одговара нека стегне газ и нека направи свое,кога ќе имаш сопствен дом тогаш никој не ќе може да ти иди ненајавен и да ти дава команди. А кога си во куќа што свекорите ја направиле шефување не, немаш право!
Тоа што не е стекнато во брак, не е на хартија на брачниот другар, ваљда го знаете ова. Освен тоа пред да донесе било кој маж жена кај што живее со родителите и остало семејство, ваљда треба да праша. Ама тоа е проблемот, што се рачуна оти по дифолт се носи снаата, ќерката сиктер и никој нема што да се буни