Па затоа и кажувам, не за тебе,за другите членки што го мислат спротивното. Ќерка била па нема право на ништо,19ти век.
Ај те молам цитирај ме каде реков дека на ќерката ништо не му припаѓа бидејќи е женско, да не правиме за џабе муабет. Инаку ако е снаа и ако ја прифатиле да дојде и да живее во нивниот дом, треба секој да е фер и да се прилагоди. Старите никако не сакаат да ги пуштат синовите да си одат, ама кога ќе дојде снаата нема право на збор. Тешко на тие снаи искрено да ви кажам што се нафаќаат на таков живот-неживот. Ништо не се рачуна по дифолт, се е ствар на договор, на мажите им е потценувачки да одат да живеат во заедница со родителите на сопругата и затоа најчесно жените се тие кои се прилагодуваат, а не дека не може, не смее, или по дифолт треба некако да биде.
Епа мажите плукајте ги, не золвите. Ќе му падне петлето ако оди домазет, ама со неговата мама може да живее. Оќе
Абе од една страна, ко ќе оди жена кај мажот да живее, дојденец е таму, нема ништо нејзино.... од друга страна, кај нејзините нема ништо, оти се мажила и заминала, братот си останал, негово ќе е.... врти сучи - жената е заебана од сите страни. Испаѓа ко нигде да не припаѓа...
Како што можеш да приметиш никаде не ги бранам мажите. Едноставно сметам дека золвата ако сака, може да биде фина и да не додава на веќе тешка ситуација, а ако сакате на сопствените браќа да им отежните живот и за да се докажите им висите таму по цели денови, тогаш секоја чест. Сметам дека е тотално непотребно да одам секој ден кај моите кога се и сами двајца, бидејќи и тие си го сакаат раатот, а тек ако таму имам брат со снаа. Осет, ама не секој го има, така да може до бескрај да дебатираме на оваа тема, на крај секој нека си прави онака како што смета дека треба. Од кога имам сопруг и сопствен дом, кај моите одам еднаш неделно, кога и нив им одговара за да ги видам и сметам дека тоа е сосема доволно. Не им висам таму по цели денови, ниту им шетам по соби, сакам да знаат дека од кога јас се исселив имаат целосна приватност да си оставаат што сакаат, и каде сакаат, не е мое да им се мешам, иако тој дом утре ќе е пак мој нели?
Тачно. И затоа свекрвата што вчера те запознала може нема да те прими со раширени раце ама тие што те одгледале од две кила треба да те третираат како човек без разлика што имаш меѓу нозе. Ако не добијам исто што и братот, ќе им висам. Крај
Јас пак ќе кажам,никаде не прочитав дека некоја членка напишала дека оди и виси 24 саата кај братот и снаата.
Ама вие со мувата на капата сте изгледа Кој рече да не добиеш? Зошто да не добиеш? Вие изгледа проблеми со домашните си имате.
Напротив,кај нас се е поделено подеднакво и сите среќни и задоволни. Барем не дај боже да се случи нешто нема да останам со ќерка ми на улица или под кирија туку си имам СВОЈ ДОМ.
Имотот е капитал, не само место за живеење. Секое дете има право на дел од имотот на родителите, дури и законски. Не мора да биде соба за живеење, туку процент од имотот. Значи ако се продаде, сестрата ќе има одредена сума на пари од тоа. Затоа е недвижнината капитал.
Баш ми е мило. Така и треба да биде. Никој никаде не рече дека треба само на едното дете да се остави имотот. Мојата поента беше сосема друга, за висењето кај родителите по цели денови посебно кога тоа е дом и на братот и снаата ама ете модераторот реши да ми ги премести мислењата во оваа тема, не знам со која причина, веројатно не ни разбра што кажувам Фала богу.
Епа живееме у Маќедоња кај што имањето патка автоматски те прави помалку вредно дете и се знае дека си одиш од таму со прстот у уста. А претпоставувам и снашка не може да си вика гости кога ѝ текне ако сметаат на свекрвата така?
А двајца браќа ако се? Со жени со деца? Нема да смете едниот брат и неговите? Или ќе праат еци пеци пец, за да видат кој ќе се погоди да го извадат надвор
Тогаш не си сметаат... само сестра ако има смета... жена боди очи везден @Adidas888 и еден едит... во тој случај нема да смета деверот... јатрвата ќе смета оти пак нели - жена хах
Поделбата на имотот никогаш не било и нема да биде поделено еднакво. Секој добива повеќе, во повеќето случаи добиваат повеќе ќерките. Зошто? Затоа што родителите им направиле куќа/им купиле стан или им дале пари, а на бате само спратот од заедничката куќа која цел спрат си го прави без помош од родителите. Бате (синот), т.е. снаата ќе си добијат гратис стари за кои треба да се грижат и да ги дочуваат, да ги носат по доктори, да плаќаат сметки, да полнат фрижидер, да купат нешто ако се расипало (ништо не трае вечно). А ќерката и зетот само ќе дојат со рацете во џеб и ќе си уживаат на готов ручек, дома само за спиење и чисто ќе им е. Се очекува од снаата ручек, да измие садови, да исчисти... Штом е дом на ќерката нека ги прави сите овие работи, не е гостинка, штом снаата е гостинка ќерката треба да ја послужи, а не снаата.
Да, па и тие децата на јатрвата туууу какви невоспитани, само тропаат и се дерат низ куќата. Неможе свекорот од нив да одморе после работа
Па, не си сметаат, кај си видела маж да се жали дека нешто му смета. Него ни сестра ни брат не му смета, нит го занима каква боја бил ѕидот, ниту кој префаќал во кујни, фиоки А уствари, многу луѓе на куп сегде си сметаат, оно и деца од комшии ти сметаат кога врескаат, и гости од комшии у ниедно време, и внуци цело време да ти тропаат над глава, да не можеш да одмориш. Затоа квадрат стан стана миљарда.
Во повеќето случаи ќерката е таа шо не добива ништо или помалку. А во овој случај ти шо го збориш, пак излегува крив мажот, зошто тогаш он не отворил уста да каже Еј јас не ја сакам куќата со старите туку си го сакам станот. Затоа шо на него сеедно му е и убаво му е шо ќе живее со неговите, снаата е таа на која и пречат старите.