Ќерките добивале повеќе...мајке ми. Проверете статистика колку проценти од сопствениците на имоти се жени, колку мажи и ќе ви стане јасно
А познаваш ќерки што се оставени без ништо? Еве јас не познавам. Сите што ги познавам добиле стан/куќа или им дале пари родителите.
Познавам секакви случаи. А во повеќето шо ги знам и за повеќето шо имам слушнато од други, ќерката е таа која добива ништо или помалку. И незнам како рачунате вие дека стан е повеќе од куќа со двор.
Јас кажувам за оние што ги познавам. Може ќерките не добивале порано, сега сите добиваат. Еве и низ форумов пишуваат дека поделен им е имотот, и синот и ќерката си добиле стан (тоа е фер). Не е фер ако на ќерката и купат стан, а на синот спратот од куќата, зошто не е обратно? Ете нека и дадат на ќерката спрат, на синот стан. Исто е и со двајца браќа. На едниот му дале пари, на другиот спратот од родителската куќа. Или на двајцата исто, или на никој.
Баба ми кога се разболе, магично сите золви станаа пожелни од снаата и не сметаа. Исто и за дедо ми пред умирачка. Дотогаш "види ја оваа, само кај мајка ѝ иде". Е затоа не сакам никогаш таква снаа да бидам. Оти јас знам што све се дешаваше таму. Така кога ќе дојде јајцето под гз им текнува кај дошле.
Ако на повеќето ќерки им купуваат стан, значи и тој синот нема проблем, оти би добил куќа од неговите плус од жена му (снаата) стан.... охоо, така сите фамилии ќе имаа по два имоти, па никој нема да е заглавен со старите на спрат, така?
Лол муабетиве.. Ако ќерките добиваа еднакво или повеќе, немаше ниту една жена да биде жртва на семејно насилство или да трпи пиздарии од маж или свекрва.
И јас се чудам на муабетиве. Колку жени познавам од околината што се малтретирани од сопругот ама нема кај да одат со децата,бидејки брат им имал жена,деца и немало место во куќата....Затоа жената е приморана да трпи насилство. Родителите се криви.
Не е точно дека нема ништо нејзино, се што си створиле заедно во бракот со сопругот е нивно заедничко, ама да ако станува збор за имот на хартија да е нивно не е, на родителите е. Нивно право е кому ќе го препишат. И ако во тој дом има син и ќерка по закон им следи на децата по половина, ако родителите не им се премислат и препришат пример на лице што би ги догледувало, некое сосем трето. Е сега ако лице што ги догледува е синот или ќерката и имаат со родителите договор за догледување тогаш сето имање законски се префрла на личноста која има договор со нив по овој основ, независно од пол на таа личност, дали тоа ќе биде ќерката или синот. И во вакви ситуации фер е сепак ако пример ќерката догледува и зема се нешто симболично да се даде и на синот или обратно ако синот догледува да се даде и нешто на ќерката, ама најчесто во вакви ситуации луѓето се поалчуваат па го оспоруваат договорот по милион основи. Се одолговлекува работата и се прават низа збрки по основ нерасчистени имотно- правни односи. Според мене најкоректно е со време да се расчистат работите помеѓу сите инволвирани во заедницата, секој да си ја знае улогата, обврските и правата, а секако и одговорностите кои произлегуваат од дадените права. Ама да и се брани на золва да живее ако е немажена во свој дом или да и се одредува фреквенција на гостување и дали смее само сама или со маж и деца, поточно внуци да оди во дом на родителите кој до вчера бил нејзин и законски се уште е ми е нонсенс. Значи се се сведува на дали се има работа со (не)луѓе (општо ова важи за сите и родители, деца, золви, зетвовци, јатрви, девери и какви и да има роднински звања).
Збориме дека ако дадат на синот, а не дадат на ќерката, значи дека не ја сакаат. Барем ич нека не дадат.
Секој што си створува сам, негово е, нема збор. И синот ако си створи, нема сестра му што да бара од неговото. Збораме за наследство од родител.. Јас можам и 10 стана да имам створено.... дали ми следува дел од мојот семеен дом, како процент, како капитал, како дел од тоа семејство? Секако дека да... затоа е семеен дом, семејна имовина.
Кога правиш деца,тогаш треба и да мислиш на нивната иднина. Моите родители ставале се на штедна книшка уште од бебиња коа сме биле секој месец и на мене и на брат ми посебно ,па кога наполнивме 18г ни се префрлија тие пари на трансакциска. Кога се омажив не видов зорт,благодарение на моите. Исто и ние со сопругот, од кога е родена ќерка ставаме секој месец на штедна,не е само роди го,омажи го и не важи повеќе. Не знаеш животот што носи. Исто и со имотот. Или ќе има на сите подеднакво или не важам за мајка.Значи ништо не сум успеала да направам за моите деца.
Абе и да не си мислел одма. Некој една коцка чоколадо ќе ја скрши на две да има за другиот, родители еден спрат морало да дадат на синот јер нема како да се подели. Па не давај ич да му се невиди. Барем пред децата да си чист.