А што ако снаата не сака да живее со свекрвата и свекорот? Има милион *Што ако, сите знаеме кај одиме кога се мажиме/жениме. Не е ова брак на договорено/таксено па да не знаеш кај одиш.
Боли ме курац бе . Збориме за делење на имот меѓу деца, а не за кој има повеќе кај партнерот па да не му се даде ништо.
Со купување на стан децата се еднакво обезбедени, а плус и ќерките сами бегаат настрана за родителите после на старост да останат на товар на синот, секогаш е така ако сме реални, а ако не сме и магарено ќе го направиме да лета.
Апсолутно се согласувам. Пред да створиш фамилија треба да се преиспиташ колку си способен да ја обезбедиш таа фамилија, а не да направиш дете само пошто само си сакал да го имаш..
Ај ти биди реален, кој син до сега оставил работа за да седи дома и да ги чува неподвижните стари, да им прави јадење 3 пати на ден, да им менува пелени неколку пати на ден, да ги бања?? Пак или снаата или ќерката е накована да го прави тоа.
Не знаеме по кој основ даваат само на синот, дали имаат или планираат само со него договор за издршка. Ама ако онака од чиста мира даваат само на едното дете, да не е фер спрема другото. Пишав јас се зависи од тоа какви (не)луѓе се во прашање. Судовите се полни со вакви спорови од нерасчистени имотно-правни односи навреме. И да поделба по половина или подобро никому ништо, а има и такви прокоцкуваат се и децата независно од пол на крај со прстот во уста остануваат.
На прсти се бројат синови кои се грижат на старост за родителите. Ќерките трчаат пред работа, после работа.... снаите исто. Дај не летај жити се!
Дур беше дедо ми болен, тато глава не крена, трчај ваму, трчај таму, давај пари по болници, по доктори, а тетка ми само од страна си седеше и совети даваше.
Има, ама многу се ретки. Обично ќерките трчаат по старите. Снаата не ги сака. А ако и ќерките не сакаат, синот фино лепо си ги носи во дом.
Нормално дека ќерките ќе "бегаат" кога на нашиве простори уште владее тој мизогинистички мајндсет дека машкото треба да добие повеќе имот од женското. Нормално дека старите ќе останат со синот кога најчесто него му ја поклонуваат куќата и си го сместуваат во комфорт зона. Ако не сака синот да чува стари болни родители нека си го мрдне газот да си створи свое и готова прича.
А како ги има земено тие пари? По 10.000евра, 20.000евра или повеќе и имаат давано на рака? Или ги рачунате тие по 100 денарка, 500 денарка шо ги зимала?