А синот ќе се прекрши од гледање, ме насмеа Ја знаеш онаа приказната кој ја отвори вратата на таткото кога тропаше, ќерката. Ќерките најчесто повеќе трчкаат иако за се има и исклучоци, ама снаите повеќе гледаат од синот и ќерките повеќе трчкараат за се што потребува. Прати маж по нешто во маркет има сто пати да се јави да препраша, а ќе му кажеш и на кој рафт и на која страна во маркетот е и боја и се, на крај со слика ќе решите недоумицата ама во меѓувреме милион повициСвака част на исклучоци од ова, ако ги има.
5 пати повеќе од парите на татко ти што му се дале, плус вредноста на куќата? Да речеме татко ти зел 10 000 евра плус куќа од 50 000 евра.... значи тетка ти зела 300 000 евра? Добро те сфатив? Пробувам да сфатам.
Кој дава на рака 20.000 евра на ќерка???? Абе ај ,смешки . За дете се планира цел живот,за да биде обезбедено. Родителите се најголеми виновници и после они ствараат омраза меѓу нивните две деца,поточно братот и сестрата за парче земја и една соба нема да се имаат цел живот.
Епа оти вика дека тетка му има земено повеќе.а никаков имот не добила, а ја криват дека си седела на страна.
Дедо и баба не беа воопшто криви, кога гледаш дека детето ти пропаѓа нормално ќе помагаш колку што можеш и не можеш. Како што и требале во моментот, пак ќе кажам родител е должен да помогне на детето. Абе еве ти кажувам пример од своја кожа, ја ова не го измислувам.
Да де, па тука мајката и таткото шо правеле ? Или прават деца за да има кој да ги гледа коа ќе бидат стари?
Подобро во стан отколку во куќа со двор и гратис свекрва. Може стан плус пари и дале. Инаку еве јас повеќе сакам стан, каква врска има тоа кој што си сака? Цел живот живеам во куќа, ама повеќе сакам стан. Можеби ќерката сакала стан за да и останат другите пари. Јас пишав дека им направиле куќа/ купиле стан или им дале пари. Тоа што си сака ќерката е нејзина желба. Ама ќе го добие и спратот на родителите после нивна смрт. Малку ли е тоа? Спрат со двор и плус стан или уште една куќа со двор. А со двајца браќа како? Едниот живее во иста куќа со родителите, на другиов му дале пари. Негово е како и на што ќе ги потроши парите. На еден син му дадоа пари, живееше под кирија со жена му и децата, парите ги прокоцка. Иии кој е виновен, брат му, родителите или самиот тој? Еве и за две сестри како би било? Има некои што сакаат под кирија да живеат, ама парите си ги трошат за шетање, по одмори, нивно си е тоа. На мм братучедка едната си купи стан (нејзините и дадоа нешто пари), исто и на сестра и и' дадоа, ама таа си живееше под кирија и парите ги потроши за шетање, а на братот спратот од куќата. И двете сега не се во МК, ама едната си има стан, и кога доаѓа во МК оди во станот, а сестра и кај мајка и' затоа што не сака кај свекорот, па има расправии со мажот затоа што тој си сака кај татко му.
Ама не и оставиле никаков имот нели? Имотот треба подеднакво да се подели меѓу децата. И после се чудите зошто ќерката не сака да ги погледне старите и братот.
За догледувањето… ако мајката ги исчувала внуците од синот, дали се префатиле за синот да ги чува старите на старост? Ете услуга за услуга… чуму плус цел имот за тоа? Пример кажувам само.
Твојов пример е од ретките. Ама, де види каде живееш. Реалноста е дека ќерките се тие кои почесто не добиваат имот и пари или добиваат помалку од синовите.
Со многу прости сфаќања сме ние уште,мноогу сме назад.... *Сине ќе ме гледаш дур не умрам,ќе ми мениш пелени има да се мачиш со мене ако сакаш дел од куќата. Јас не сакам да ме гледа ни ќерка ни син, си има домови и чао пријатно. Не сакам да сум товар на никој. Ама тука кај нас е Лелее од мрвка месо го гледаа сега во дом ја остави мајка му.
Па за тебе е подобро станот отколку цела куќа со двор плус и стари. Ама на мажите повеќе им одговара цела куќа со стари отколку станот. Оти нема шо на мажот да му пречат родителите, цел живот живеел со нив и не му пречеле, зошто сега да му пречат? Оти снашка така кажува?
Точно така дека ти следува, само исклучок е случај ако имаат склучено договор за издршка со другото дете во кој решиле да му остават се на тоа дете. Во тој случај можеш законски да го оспориш договорот на суд и да докажеш по кој основ е ништовен и ти следи законски дел од родителскиот имот. Сепак овие ситуации околу имотно-правни односи треба да се кажат и решат навреме да не се полнат потоа судовите со случаи од оваа област поради ненавремено разјаснети ситуации. Јас потполно те сфаќам и членката што вели или на пола или никому ништо, само предочувам ситуација во која може според закон едното да добие другово не, што сепак е нефер, ама пред законот си е ок. Вистински родител не ги двои децата по ниту еден основ, ама ова вака е теоретски пишано, во пракса сите сме сведоци како е најчесто. Ете членка вели женското е пропривилегирано, додека повеќето тврдите обратно. Секој со своето.
Не сакаат во дом, не сакаат жена да ги чува,треба да седне синот или ќерката дома да запостави деца,работа,сопруг и да ги гледа родителите. Да се расчекне на сите страни . Тоа е тој менталитет кај нас. Јас не би ги оставила,моите се уште по 48 и 50 години ,поздрави се од мене фала му на бога и така да си бидат до 101 . Не дај боже да дојде до гледање нормално дека нема да ги оставам,ама затоа и јас се ставам во тој кош дека сме со таков менталитет. Треба да си запоставиш свои деца, работа,дом,сопруг и после ? Така се во круг, па утре нашите деца треба да не гледаат нели? Од мрвка месо сме ги гледале,има да ме гледаат да ме бањат,пелени да ми менат дур не умрам.
Тие сакаат, ти велат уште на младост дур се уште со целосно здрава свест, кога ќе остарам да не ве малтретирам носете ме в дом, ама ај да те видам однеси ги, душата не дава.
Со разумен разговор и компромис, се е возможно.. и се може да заврши на добар однос. Како велеше Хорхе, разумен компромис си е разумен компромис . Јас се што е во моја моќ ќе направам децата мои во иднина да не се осетат обесправено. Душа ќе ме боли ако едно остани како мајка ми, едвај една шестина од имотот оти таа од принцип не го откажува, инаку баба ми и вујко ми сакаа и без тоа да ја остават, ама законот си е закон, па што и остана од татко не можат да и го земат. Па и уште лакома била, ете ко се мажела добила гарнитура за седење, шо појќе требало.... вујко ми не ни живее во тој стан, ама ете, ќерка, со гарнитура од пред 40 години требаше да се задоволи.
Па тоа е оти домовите кај нас не ги бива затоа. Тука во Гер, домовите се како ројал палас. Старите молат за место во домот. И неам видено ниеден стар шо се жали или не е среќен во домот. Напротив, некогаш и си излегуваат, се шетат, играат игри.