Еве кажав, кога се разболеа баба ми и дедо ми ете ги по телефон да се оди да се помага. Инаку золвите и внуците непожелни до тогаш беа, а на снаата не било обврска да помага И нормално пак на синот (вујко ми) остана.
Сите постари што ги познавам старите ги догледал синот, т.е. снаата. Исто и свекрва ми, иако не ја сакаше сакаше свекрвата, и менуваше пелени, ама таа така си сакаше затоа што си земаше пари од неа. Можеби затоа повеќето така си мислат дека снаата мора да ги догледа, не синот и ќерката. Тетка на мм доаѓаше на два-три месеци, ќе поседеше два саати и ќе си отидеше. Има и некои стари што само синот ги догледува, ама ретки се тие, повеќето очекуваат снаата да ги догледа. Повторно оф топици, од имот за догледување на родители стигнавте.
Кај татко ми, пошто се двајца браќа и една сестра, на сестрата и се даде пари, а на чичко ми и татко ми поделија имотот. Од ништо нешто напрај баба ми, херој е за мене искрено. Дедо ми цел живот по затвори, прогони итн, таа работеше и сама створи се шо денеска иаме, не е нешто многу ама со оглед на околностите тогаш, алал да и е. Од страна на мајка ми, не беше ништо препишано, само на збор кажано до последен момент, и така кога дојде за делба на имотот беше крвој. Останав доследен и реков или ќе го решиме на мирен начин или ќе се напрајме лом, пошто на 0 ко че си јас појче знам да живеам отколку тие (тетка ми, научени се на лагоден живот). И така средивме...
Законски на секое дете му следи дел од имотот на родителите, исто и на мајка ти и следувало. Алчна била, неалчна била, законски таа си е чиста. Спомнував само единствен случај кога законот оправдува цел имот на едно дете. Е сега станува збор за пред закон чиста ситуација, ама морално-етички колку е чиста и како ќе се осеќа другото дете тоа навистина е до родителите. Спомнав со разбрани луѓе може се чисто и јасно и разбрано да биде и помине. Пишав свака част на исклучоци, ако ги има. Него математикиве што ги спомна и ти ги кројат ме убедуваат дека можеби и татко ти со право трчал, така прави прав син и брат, ем за него 50К, ем за дада пута 5, 300К и родителите здрави, живи, сите среќни и задоволни. Браво
Ма и на тоа не се сведува, оти веќе им е израчунато на старите дека синот ќе го остават за да ги гледа и да му ја препишат куќата, а на ќерката клоцата во газ и да си седи кај маж и и да не се меша во оваа куќа. Арно ама, синот иако си ја добил куќата не сака да ги гледа, снаата па неможе да ги поднесе, и сите ја бараат накрај ќерката. И ќерката ако каже дека нема да ги гледа, ( па и зошто да ги гледа кога и дале клоца у гз) тогаш сите неа ја криват. Е тоа е нашиот менталитет.
Ова го има кажано свекрвата. Ни се обрати на мене и на маж ми со зборовите Ако сакате да ја наследите куќата, вие да не чувате. Јас и реков Јас од татко ми ќе наследам.
Токму така, не ќе им се пикам секој ден да им се одмаздувам, long time no see и дали ќе биде see уопште.
Знам ваков случај. Си одлучија дека синот треба да ја добие куќата и дека он и снаата ќе ги чуваат. Ама, после кратко време за сè што им требаше ја бараа ќерката оти синот не се вртел дома, а снаата нејќела ни вода да им подаде и сакала да ги испрати во дом.
Баба ми е жива сеуште и скоро цел имот ни го препиша мене и брат ми (пошто мајка ми е почината) и на тетка ми и двајцата паралелно и помагаме кој како можи, ама таа сеуште сама си тера работите и многу ретко бара помош. Еднаш ни спомна ако дојдам до точка да не можам ништо да прам остајте ме во дом и тоа е.. Баба ми не е образована, ама има срце и душа предобра.
Имаш супер домови и тука, ама не питај за цена. Не дека не се квалитетни, друго е маката на народецов наш напатен.
Епа еве татко ми ја зел куќава, тетка ми со неколку илјади евра поскап стан, татко ми толку, ништо повеќе, тетка ми од тогаш смени стан, па во криза падна три четири пати и за цело тоа време дедо и баба и беа рефундери.
Мајка ми за жал остана само со шестина... оти ко умре дедо ми, остана станот 50% на баба ми, и другата половина на 3 делена меѓу баба ми, вујко ми и мајка ми. Така е законски. Баба ми брзо брзо се му препиша на вујко ми, за ако умре, да не остани пола за мајка ми, законски. И така мајка ми остана со мало процентче од кое не сака да се откажи од принцип, не дека ќе и го нареди животот многу, ама смета дека како член на семејството заслужува еднаков третман.
Абе и да се квалитетни, тие шо работат тамо не се салам. Сите со врски напикани, нервозни, ги тепаат и пцујат старите, не ги бањаат, не им даваат јадење...
Не е секаде така, имаш и фини домови за стари лица, можеш и да ги посетуваш често и сама да си се увериш како е. Ама да и ова што спомна го има, нажалост.