Еве пример за мајката и таткото на свекорот. Свекорот и свекрвата ги гледале до крај,свекорот има уште еден брат.Куќата ја препишаа на братот кој што ниту еднаш не се завртел да ги посети и види ама им бил омилен син дека внукот го крстиле по дедото. Последната една година од кога ја препишаа куќата значи пред да умрат старите, ги гледала снаата ама вода не и давала да се напие,ја малтретирала и така си умре жената.
Маката е дека покрај деца срамота е да се остават во дом родителите, па што ќе кажат комшиите. Ама децата мораат и да работат, од воздух не се живее.
Се што пишуваш си е законски исправно. За баба ти и вујко ти освен ако имале договор за издршка па да му го даде сето нему, не разбирам зошто вака постапила?
Издршка нема, на нога е... помагале сите кој како можел кога требало, сметки да се платат, да се подиспазари, во принцип не требало друго. А зошто така постапила, оти така... женско е... синче си е синче... пола Македонија има Едипов комплекс...
Можеби е и до менталитетот маката, ама јас повеќе во мислењево пишував за финансиската мака. Пофините домови се и посоленки, а пензиите какви се и платите какви се во однос на постојано растечките цени на продуктите на пазаров. Виша матаматика е тоа за повеќево од народецов.
Некои од домовите не се сјајни. И не е до парите. Близок човек беше во приватен, но не беше добро третиран. Поради тоа ни моите, ни свекор и свекрва не би ги пикнала во дом. Само некој/а платен/а да ги гледа во домашни услови. Е, сега некој/а има такви кои не заслужуваат хумани услови поради тоа што не го/ја третирале добро и не му/ѝ оставиле потпора. Тогаш, разбирам да не се интересира за нив.
Е што пак тој, дека им ги чувал парите на децата од мекиците и родендените ли, се со цел да ги обезбеди дечињата во иднина? Испаѓа нашите родители недомаќини биле, ни ги трошеле парите од родендените, па ајде после следува борбата снаа-золва, да се докажуваат кој е газда у кучи, па тоа пердуви летање, па паа, паа. Па забрани да не доаѓала ќерката со децата во родениот дом оти ќе им сметала на снашка и бате Инаку, некој погоре рече дека женските деца повеќе добивале имот од машките и така малку тажничко ми дојде.
Единствениот проблем е што живееме во многу тажен период, скапуваме од работа а не можеме да имаме комотен живот, ништо не можеме да си дозволиме, живееме во привид.
Јас не знаев дека има реалност каде женско дете добива повеќе од машко, супер ако има такви случаеви иако ќе тргнам само од околината - во неа нема значителни примери. Проблемот е зошто родителот го сака машкото дете дома, а се смета дека женското дете "се дава". Идеалот е и двете деца да се одделат сами и после имотот на родителите да се подели на пола. Ама од идеалот не делат две работи: 1) сиромашна држава сме и ретко е возможно да се тргни едното дете само со партнерот, а не па двете; и 2) општествените норми за машко дете кое останува во родителскиот дом. Е сега зошто мора секое дете да добие пола од имотот на родителите? Во најмала рака ќе биди имот кој ќе го продат/ претворат во викендица зависно кај се наоѓа ама воедно е гаранција дека ако западнат во лош период имаат некаков капитал или прибежиште. Дали било ако финансиски им треба итно или при семејно насилство да има физички простор во кој можи да се пребега (најчесто кај женско дете пошто и сами знајме колку жени седат во лош брак зошто нема каде да одат). Е сега зошто сме сиромашно општество и зошто се држиме до воспоставената норма, фер е делот кој е на едното дете да биди откупен од него од другото дете ако другото дете сака да остани во фамилијарната куќа/стан да живее. Не е фер едноставно да е отпишано од наследството.
Каде се прави договор за подарок на имот (стан) од родител на малолетно дете? Нотар или адвокат? Што е потребно и колку чини постапката? И мора ли двата родитела да бидат застапници или може само тој што подарува да стои? Во брак сме со сопругот, ама има и деца од претходниот брак и би сакала да бидам само јас, од х прилини понатаму за да си ги обезбедам своите деца. Становите се лично мои поклон од моите родители, пред брак препишани на мене уште како малолетна, родителите ми се починати. Секако ќе пишам да имам право да живеам додека сум жива.
Ако становите се стекнати со дар тогаш тие не се сметаат како имот стекнат во брак, но претпоставувам сакате да се заштитите утре во оставинска постапка становите да не се делат помеѓу вашиот сопруг и вашите деца, туку истите да бидат во целосна сопственост на вашите деца, мој совет е тоа да го направите преку тестамент и каде што ќе го исклучите вашиот сопруг и како нужен наследник, вака преку договор за дар од родител на малолетно дете е малку комплицирано во однос на некои евентуални ситуации кои би можеле да се случат, не советувам преку договор туку со тестамент да се заврши работата, а после по навршување на полнолетство може во секој случај да им ги подарите становите, ама друго е кога се полнолетни друго е кога се малолетни. Инаку договорот го составува и заверува адвокат и после истиот се солемнизира кај нотар по претходно ставање на клаузула за ослободување од данок на дар затоа што се работи за дар од родител на дете. Ако ве интересира нешто дополнително пишете ми во порака.