Кажи ми која е таа зграда каде што се прави надградба на еднособен стан.Плус ако е еднособен како се надградува,многу ме интересира пошто такво нешто во животов немам нит слушнато,нит видено.Све ќе прочитам на форумов...
Ако не си слушнала твој проблем .. Пред многу години добиа право не само ние него сите на зградите со 5 спрата што се да дигнат уште по еден спрат.. Право имаат тие што се на 5ти да градат ама затоа што тие не сакале маж ми им платиле одредена сума за тие да можат да градат ,таа страна се еднособни според планот на зградата мораш едно собен да градеш . ако ти е јасно сега
Кај нас во зграда , со дозвола нормално, може да се догради. Се работи за зграда на 4 ката, 12 стана .
Не знам како се развил муабетот, ама да речеме дека те разбирам. Свекрвава треба да размисли како еднособен стан ќе дели? Поарно и е да земе кредит заедно со вас и ќеркава да ја исплатите парично и да нема мешање. А што се однесува до тебе, убаво што си сочувствителна со брат ти, ама гледаш какви се луѓето, барај си го делот од таму. А па знаеш што е најубаво? Сами да си купите стан, да го испотите газот и да работите и да заработите, а не да ве купуваат старците со мочани станови, па со тоа да си купи право во се да го пика носот.
Пишав горе ќе си стекнеме со маж ми сами само ни треба малку време.. Не сакам од никого ништо .. И крај приче .. Послее раат да бидам во свое ..
Се изначитав страни и страни....што да напишам100 пати претходно дискутирано. Кога се нема стандард а и кога не се сака г**от да се стисне, се дешава тоа. Се чека само имотот од родителите (сопствени или од сопругот/сопругата) и после кавги. Се се чека од наследство,вакви си познавам неколку во фамилија. Ако не...мажете се женете се за единци,за мир у куќа.
Ти иако си вложола во надрградбата, немаш право на цел стан. Имаш право на делот кој си го вложила, а ако дојде ден да делите оставина, ќе си одиш на парница, каде ќе се пресмета што е оставината, ти колку си вложила и колкав дел ќе биде за маж ти, колкав за золва ти. Не мора физичка делба да правите, може само да и платиш за нејзиниот дел. Не значи тоа што си доставила една соба дека и за другата 100% имаш право. За елементите по дома никој не ти преговара, не е тоа наследство некое, ако си си купила кревет, си спиеш на него, твој си е.
Дa бе, тaкa е тoa. Жими еден стaн и еднa куќa вo кoјa штo сегa живееме. Ај стaнoт дa се прoдaде, двa сo тие пaри ќе се купaт? Не биди смешнa. Убaвo си кaжa @LivingGlam , некoј имa пoвеќе, некoј пoмaлку. Акo твoите и нa мaж ти имaaт пoвеќе нoрмaлнo декa ќе се пoделaт нa секoгo.
Морам да кажам еден пример на жена која на маса пред неколку луѓе го кажа муабетов (меѓу кои и мажот и), и онака сите останаа подзинати, а муабетот остана за потсмев долго после тоа. Значи жена во години, наши пријатели се ... падна муабет за куќи кои не се поделиле на време, и останале по години на премногу сопственици (внуци, правнуци, се создало цело двро на легални наследници) и вика вака (цитирам): "Куќата и земјиштето од куќата на свекор ми остана неподелено. Една од золвите сакаше во дворот да прави викендица, јас и реков не може. Ако некој чепне од местото, и почне да гради нешто - ќе им ЗАПАЛАМ (моментот кога настапи глува тишина на масата) Како може тие во дел кој е и на мм да прави викендица? Тоа ќе биде наше и ако некој чепне таму, со мене ќе си има работа!!!" И после тоа, онака моментот кој следеше и ладнокрвно си го кажа, како претходно да не збораше за палење, тепачки и сл: "Јас од мајка ми и татко ми ништо не барам. Јас за земја или куќа со браќа да си се карам, нема шанси. Што сакаат нека си прават, од мене нема да имаат никаков проблем''. Леле луѓе, мажот и мислам в земја пропадна после муабетов. Луѓево на маса, дали за да не го дотолчуваат мажов, не сакаа многу да коментираат, доста му беше од жената, ама после тоа долго се коментираше муабетов. Женава ќе се тужела, ќе палела куќи, ќе се тепала со золви и девери... ама со браќата никако да се искара, ништо не си бара. Инаку да, живеат во куќаре кои сами си го изградија, тоа си е се во ред... не вложиле во ниту една заедница... битно снаава ќе се истепа за делот од мажот, ама братчињата нека си кулираат.
Еми со парите ќе имате можност за почеток, учество за стан, нешто што многу млади го немаат! За остатокот ќе си земете кредит, ќе смогнетњ сили како сите останати и ќе стварате сами. Нема само да се чека од старите. Смешна сум била?! Ха!
Да,сум слушнала за такво нешто,познато ми е ама ако на еднособен стан се направи доградба тогаш не е веќе еднособен стан,тогаш автоматски добиваш поголем простор и повеќе соби,логика...
Како на мали деца ви се размислувањата. Од кај знаете вие во каква финансиска состојба е некое семејство па така да солите памет. Вие за вас се си средивте па сега почнавте на други совети да им давате, браво. Ама нели полесно е за други да се кажува. Продади си стан, купи си куќа, продади куќа, купи два стана, подигни си кредит...се е така лесно и роозево.
Работата е во хипокритичноста, од кај женската страна не треба да се бара, треба се на вујкото да остане и тоа е во ред ама ако од кај машката страна нема или е малку е тогаш настанува кланица и се напаѓаат старите како неспособни а родителите што ништо не спечалиле тоа нема врска.
Не те разбирам искрено,зошто ако правиш надградба на стан треба да е твоја сопственост(во случајов ваш на свекорот и свекрвата)
Многу ги извртувате работите. Не значи дека ако сестрата не бара дел од нејзините и остави се’ на братот, ќе оди да се тепа за место од родителите на сопругот. Ете наведовте еден пример и веднаш го правите универзален. Ако има повеќе - правилно би било да се дели рамноправно. Ако има само еден стан/куќа, обично останува на тој што ќе остане живее во неа. Не значи дека сестрата ако се разведе ќе остане на улица, секако дека тоа е местото каде што би се вратила во тој случај. Ама штом има каде да живее, нелогично е да го дели тоа едно за да има соба што нема ни да ја употребува.
^ Ако се препише само на синот тогаш да,ќерката ако се разведе во иднина ќе си остане на улица зошто сигурно братот нема да се смилува па да и отстапи една соба.Затоа се дели подеднакво,не се делат децата во никој случај. Или па,друг пример,ако се препише на синот зошто живее со нив а ќерката замисли живее под кирија,ама еве не и се препишува,што во тој случај?