1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имот по развод

Дискусија во 'Правни совети' започната од vesna, 28 април 2011.

  1. vesna

    vesna Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ве молам некој од правниците овде ако мозе да ми одговори , во тек сум да поднесам тузба за поделба на имот стекнат во 13 години брак , е сега адвокатите бев кај три сите разлицно мислење ми казуваат , последната ми се допадна млада оптимиста се најдобро а цената е 500 еур однапред и 500 еур по крајот на постапката (што се здрвив многу ми е тоа) ај да казеше процент ако се добие неш а унапред до 300 еур мислам е реално , со оглед да тука има и бизнис приватен мозе затоа но 1000 еур , а што ако ми одбијат и не добијам ништо затоа што фирмата негова е ДООЕЛ . без оглед сто работев за него неосигурана 10 години .
     
  2. StefiNikola

    StefiNikola Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    57
    За тоа адвокат не ти треба сама можеш да поднесеш тужба и сама да се браниш
     
  3. StefiNikola

    StefiNikola Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    57
    Ќе добиеш само тоа што е стекнато во брак. Ако живеете во стан/куќа која е направена или стакната во брак можно е да добиеш половина а ако не ништо. За тужбата треба да наведеш се, буквално се до најситно нешто за да добиеш тоа што го сакаш. Подобро да се браниш сама бидејќи така повеќе ќе успееш кај судиите, ова ти го кажувам од искуство. После неколку судења судиите заедно со вас 2ца ќе отидете на увид во домот кадешто сте живееле и таму ќе ви ги делат работите.
    Доколку сопругот продаде нешто имаш право да бараш пари (половина )
     
  4. StefiNikola

    StefiNikola Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    57
    На движни предмети (кола) можеш да му ставиш забрана за користење, да неможе да ги продаде
     
  5. Moetopravo

    Moetopravo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Кое е моето право

    - Здраво, јас сум нов член но овој форум и се надевам дека тоа нема да биде пречка да добијам стручен правен совет за што однапред благодарам !
    Еве го мојот проблем :
    - Поради крајно нарушени брачни и меѓучовечки односи со сега веќе бившата сопруга, поднесов тужба за развод со неа. Судот го разведе нашиот брак, малолетното дете ми е доделено мене на чување и воспитување ( имаме уште едно полнолетно дете кое исто останува со мене да живее и да се грижам за него ) а пресудата за развод е правосилна и извршна. Од почетокот на бракот живеевме и сеуште живееме во семејна куќа која беше сопственост на мојот татко кој почина додека бев во брак со бившата сопруга, потоа куќата судски ни припадна на мојата мајка и на мене, а по смртта на мојата мајка, со наследно решение , делот што припаѓаше на мојата мајка, го наследив јас и куќата премина во целосно мое владение стекнато со легални наследни решенија.
    Во текот на бракот, еден дел од куќата ( се работи за постар објект) - кујната , јас ја срушив поради дотраеност и на истото место со нов материјал ја обновив старата кујна со минимални отстапувања од некои 1-2 метри квадратни од вкупната поранешна квадратура на старата кујна.
    Исто така, бидејќи, како што нагласив дека се работи за стар објект , вц просторот и купатилото кои порано се наоѓаа надвор од семејната куќа, во дворот , во импровизиран стар објект изграден веднаш по земјотресот во 1963 год., а кој како помошна зграда постои уште на најстарите авионски снимања и го има зацртан во скиците на катастарот, го срушив поради дотраеност и неусловност за употреба и изградив ново вц-купатило кое со уште еден мал простор- ходниче , го приспоив до обновената кујна за да дојде една целина.
    Сето ова го работев - поради немање доволно материјални средства нелегално,односно , сето ова е изградено како дивоградба и никаде не фигурира легално како нова градба, но се надевам дека со новиот закон ќе можам да го легализирам.
    Поентата на моето пишување и прашање до искусен правник или адвокат е тоа што, сега , откако се разведовме со сопругата, таа , иако куќата е во мое владение стекната со наследно решение од моите родители, несака да се отсели од домот, туку, сака да поднесе тужба за поделба на недвижен имот ( куќата ) затоа што според неа, градежните работи кои ги објаснив во погорниот текст треба да се предмет на поделба бидејќи се остварени додека сме биле во брак.
    1) Дали таа го има тоа право,
    2) Дали јас после правосилниот престанок на бракот имам човечки права да продолжам да живеам во мојот дом без секојдневни стресови и провокации од нејзина страна
    3) Дали јас , чие здравје е комплетно нарушено и во последните години од бракот се доведе во прашање дури и мојот живот бидејќи поради континираниот стрес се здобив со неколклу тешки дијагнози ( болести ) за кои имам и решение од комисија за инвалидност каде се наведува дека здравјето ми е крајно нарушено и едвај го преживувам секој ден лекувајќи се со многубројни лекарства - дали имам право да продолжам да живеам подостојно со моите ( нашите) деца
    Напоменувам, дека бившата сопруга е во работен однос, а фамилијарно ( од нејзиното семејство ) има за наследување прилично голем имот со кој ќе може да си дозволи да купи неколку понови куќи од она што го имам јас и децата.
    Молам за стручен одговор од активните членови на овој почитуван форум.
    Благодарам на вниманието !
     
  6. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    па вака сеа на сето што сте го граделе заедно бидејќи не може тоа да се оддели твојата бивша сопруга може и има право да бара половина од вложеното во пари затоа што тоа сте го направиле додека сте во брак затоа што заедно сте го постигнале, по закон е така. Но, сепак постојат и исклучоци од ова така ако на пример нејзиниот имот е мн поголем од твојот и доколку ти со тоа би западнал во скудност има простор судот да досуди да не и припадне тој дел. Исто така можеш да докажуваш дека ти имаш поголем придонес од неа, сега јас не ви ја знам ситуацијата дали ти зимаш поголема плата од неа па да докажиш дека си дал поголем придонес. Исто така во придонес не се сметаат само платите туку придонес е и нејзината работа дома помагање како домаќинка.
    НАДОПОЛНЕТО:

    не се земаат пари однапред како ќе ти ја напише тужбата така се земаат за секое преземено дејствие погледни гоз аконот за адвокатската тарифа ќе видиш колку те кошта тужба и застапување нема тука никаков процент.
     
  7. Valid

    Valid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите правници и адвокати на форумот!

    Едно прашање: се разведувам од сопругата (во постапка) и таа не сака да го напушти домот, а се чини нема да сака да го напушти и после разводот. Домот е дивоградба која постоеше и пред нашиот брак и во која живеел мојот дедо, па татко ми па сега јас. За истото татко ми има и документи (татко ми плаќа данок од 70и некоја година на свое име, сите сметки се водат на татко ми, дедо ми и баба ми имаа лични карти на оваа адреса, па после мајка ми и татко ми).

    Во тек е легализација на објектот. Јас а ниту таа немаме лични карти на оваа адреса. До скоро ние ги плаќавме сите сметки, но сега престанавме и затоа сега татко ми сака да се всели во куќата и да не избрка нас бидејќи не плаќаме сметки. Дали е тоа можно и што се може тој да преземе за да не избрка нас? Колку ние имаме право да бараме, односно колку јас и мојата разведена сопруга имаме право на куќата?
     
  8. monacolady

    monacolady Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали некој знае како треба да изгледа (дали постои некој образец) барање за СПОГОДБЕН ПРЕКИН НА БРАК?
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не постои некаков образец туку едноставно се пишува барање и во него се наведува што и како т. е дека двете страни се сложни за спогодбен прекин на брак.
     
  10. Valid

    Valid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Здраво правници и фемина форумџии! Уште едно прашање:

    Може ли некоја од вас да ми каже за замрзнување на имот? Дали тоа се прави само при кривично дело или може и онака?

    Како се почнува таа постапка, каде се поднесува, дали треба да е отпочната постапка за имотно-правна поделба или ова е засебно?

    Дали оваа постапка е дел од барање за имотно-правна поделба на недвижен имот или е посебна?

    Фала,
     
  11. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Може и се прави. Тоа е посебна постапка. Важно е да се наведе основот. Останатото е работа на судот да одлучи дали има основ или не.
     
  12. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    а поделбата на имотот оди заедно со тужбата за развод...или накнадно се поднесува по разведувањето на бракот?
     
  13. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Посебни постапки се бракоразводната парница е една а, потоа поднесуваш нова тужба за поделба на имот,доколку не сака спогодбено...на крај судските трошоци ги поднесува онаа странка која го загубила спорот,парите за оваа тужба треба да ти бидат вратени...
     
  14. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    ама проблемот е што немаме купувано имот...имаме само бела техника, и доградба на дел од куката...инаку куќата е на име на татко му, тие живеат на еден а ние на ние на 1 кат.....ама проблемот е што не знам дали материјалот што го земавме беше на мм на името или на татко му.... во доградбата спаѓаше и нова бања и соба а санитариите и плочки,мајстори, глетување и сл беа на наше име...ама градежниот материјал мислам дека на татко му на име...мада ние си го исплаќавме...
    дали можам да добијам нешто од тоа на суд...или парично надокнадување нешто?
     
  15. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
     
  16. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    а ако во меѓувреме продаде нешто? а јас сум го набројала во тужбата?
     
  17. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
     
  18. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    па сеуште не сме викнати во суд за разводот.....не можам да реагирам...и на крај пак нека се носат и пари и се...можеби ќе го усреќат :?:
     
    На Gjurgja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
     
  20. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    колку време после озваничивањето на бракоразводното решение најдоцна можам да поднесам барање(тужба) за поделба на имот