1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имот по развод

Дискусија во 'Правни совети' започната од vesna, 28 април 2011.

  1. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Веднаш што пресудата за развод стане правосилна.
     
  2. tanjacuci

    tanjacuci Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    razvedena sum pred poveke od 3 godini ,imame maloletno dete od 8 godini koe mi e mene dodeleno na cuvanje ,tatkoto plaka ,alimentacija 3000 denari a ima sopstvena firma koja raboti turbo ,a sekogas pokazuva zaguba ,kako e mozno da se pokaci alimentacijata na deteto ,mozam da dokazam so dokumenti deka firmata ima golem kapital i raboti poveke raboti bez da pominat niz firmata ,a toa znaci deka moze da gi dokaze danocnata sluzba i nekoj drugi institucii,kako i carinskite sluzbi .jas sum nevrabotena dali imam pravo so toa da baram izdrska za mene ili so toa samo ke si go oteznam staratelstvoto nad deteto,pozz
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Јас сакам да прашам, во случај на развод, дали партнерите можат да продолжат да живеат заедно на имот стекнат во брак? Или едниот мора да се исели, а другиот да му плати за неговиот дел, бидејќи нели имот стекнат во брак се дели меѓу партнерите по разводот. Или грешам?
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Истото сакав да прашам.Еве јас на пример затекнав почната кука,темели зидано и ставено плоча. ПОСЛЕ ПРОДОЛЖИВМЕ И ТАА Е СЕГА НА ДВЕ СПРАТА ОД КОЈ ПРВИОТ Е НАПРАВЕН КОЛКУ ТОЛКУ А НА ВТОРИОТ НЕМА УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ.Нема врати прозори струја вода ништо. Се е на име на мојот сопруг и живееме сами со децата во куката. ИМА ЧЕТИРИ СОБИ И МЕ ИНТЕРЕСИРА ДОКОЛКУ БИ ДОШЛО ДО РАЗВОД А ЈАС НЕМАМ КАДЕ ДАЛИ СУДОТ КЕ МИ ДОЗВОЛИ ДА СИ ОСТАНАМ ВО КУКАТА . И БРАКОТ НИ СЕ РАСПАГА ЗАТОА ШТО ТОЈ ПИЕ. МИСЛАМ НЕ ПО МОЈА ВИНА А ЈАС НЕМАМ КАДЕ И ТОЈ СТАНУВА НЕПОДНОСЛИВ.Има некои работи што ни ги дадоа неговите но повекето ги стекнавме сами .Мислам на намаштај. ;(
     
  5. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Во конкретниот случај доколку дојде до развод, потребно ќе биде да докажеш на суд се разбира со сопственичка тужба, како што разбрав дека вториот спрат сте го изградиле заедно со сопругот, а првиот дека вие заедничи за време на бракот сте го опремиле и на тој начин ќе докажеш дека ти припаѓа право на сопственост на дел од куќата, и останува на судот да оцени колкав е твојот удел и дали ќе ти припадне 1 соба или не, или па сопругот ќе ти го плати твојот дел а куќата да остане негова сопственост. За подвижните предмети како мебелот можете спогодбено да ги поделите, доколку постои согласност од двете страни. Значи Имотот што сопругот го добил од неговите родители, го купил сам или на друг начин го стекнал пред бракот, го добил тој лично на поклон е исклучиво само негов имот и обратно важи за сопругата.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не знам, не ми требало, а се надевам дека нема ни да ми треба, но еве да си прашам, чисто ме интересира.
    Постои ли кај нас пракса со предбрачни договори? Па пример доколку поднесеш доказ дека сопругот/сопругата те изневерува, тап-да му/и` земеш се` што е стекнато во бракот сосе децата? :D Ако нема, би било убаво да има такво нешто. Да се потприбереме малку, ептен сме здивеле со неморалов (секоја чест на исклучоци), а и сме се олабавиле по прашање на родителска одговорност после брак, една алиментација шо им остана на родителиве, па и за таа се лигават, не сакаат да ја плаќаат у најголем дел од случаите. :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^Немаме таква практика ние, тоа е од прецедентното право кај нас нема таков предбрачен договор.
    Нас ниеден професор нит ни предавал за тоа нит сме учеле, ама еве од неодмана во праксата има некој таков случај, вајда како некој sui generis договор го третираат кај нас.
    Според закон нема такво нешто, ни во закон за семејство, ни во закон за наследување.
    Ама, http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22280
    Ако мене лично ме прашате ми е глупаво, да постојат такви случаи каде брак се засновал стрикно заради пари, ама какви смешни клазузи стваат во предбрачните договори, смешки.
    Незнам јас не би потпишала нит би барала такво нешто.
    Ако двајцата се разумни и цел живот или голем дел се заедно, и имаат стекнат имот заедно, безразрика каков е, тоа е купено со заеднички пари и заедничи труд.
    Ако воопшто сумјаш, зашто и влетуваш во брак не? Знам дека се може да се случи, но сепак ако сметаш дека треба да го делиш животот со тој човек ова ми е многу лицерно знач дека не му веруваш целосно.
    Во америка е практика, зашто кај нив бракот дефинитивно не се сваќа воопшто сериозно, и разводите и новите бракови си сосема природна ствар.
    Башка и што ќе пишеш у тој договор, дека ако се разведете нема колата да ти е земе? Или 1000евра што имаш на сметка? Обично се заштитуваат оние кои има небројани пари, зашто и има што да бара и што да се дели.
    Секогаш земаме од надвор првентвено глупи работи, наместо оние попаметните.
    Ако те интересира прашај некој адвокат што работи семејно и наследно, мора да го знае ова подобро и да е упати.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Прво постапката за развод (која е посебна постапка) и постапката за делба на имот стекнат во брак (која е редовна ) постапка се независни една од друга и не е точно тврдењето дека треба да се чека правосилност на пресудата за развод...
    Имотот стекнат во брак може да се подели како ЗА ВРЕМЕ НА БРАК , така и по неговото престанување, и независно од тоа !!!!
     
  9. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Нема никаква пречка да продолжат да живеат заедно на тој имот ДОКОЛКУ САКААТ ВООПШТО ДА ПРОДОЛЖАТ, бидејќи бракот го развеле...
    Што се однесува до имотот стекнат во брак, се претпоставува дека деловите им се еднакви, а доколку некој тврди дека неговиот придонес е поголем ќе треба во парница тоа е да го докажува...
    А ако се работи за имот којшто физички не може да се подели , судот (ако брачните другари не може да се спогодат) во посебна постапка ќе определи негова продажба и намирување на истите од средствата добиени со продажбата.А доколку едниот од нив сака да го продаде својот дел, другиот има право на првенствено купување.
     
  10. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Нашето граѓанско право не предвидува вакви договори, бидејќи се косат со некои основни начела на облигационото право!!!! како и со бројни уставни начела....
    Постои можност да се согласат околу евентуалната поделба на имотот што е стекнат во брак , а доколку се појави спор ќе бидат упатени на парница...
    Евентуалното неверство кое спаѓа во моралната сфера во никој случај не може да претставува основа за одземање на нечиј имот!!!! туку евентуално може да претставува причина за развод !!!
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  11. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Што се однесува до висината на алиментацијата, доколку сметате дека треба да биде поголема ќе мора да поведете нова постапка со посебна тужба во која треба да го докажете тоа што го тврдите....постои можност и вие иако сте разведена да барате издржување доколку се исполнети ПОСЕБНИ УСЛОВИ...со огледа на сложеноста на ова прашање ќе мора да консултирате адвокат, или да побарате бесплатна правна помош преку Министерството за правда...
     
    На tanjacuci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не следува на партнерите половина од стекнатото во брак по разводот во секој случај?
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мислам дека имаше разлика како е стекнато. На пр. ако е нешто што едниот партнер го добил како наследство (на пр. стан) во случај на развод не е дел од делбената постапка. Не сум сигурна, ама мислам дека истото важи и за подароци од тој тип.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Согласно Законот, се она што брачниот другар го имал пред влегување во брак, го стекнал во брак врз основа на подарок, наследство или легат, како и оние ствари кои се стекнати во бракот а служат исклучиво за неговите лични потреби претставува негов ПОСЕБЕН ИМОТ, и не се смета како заеднички имот !!!
    Од друга страна како заеднички имот ќе се смета имотот кој го стекнале со некоја правна работа, на пример го купиле, го отплаќале на рати итн...па дури и ако едниот од нив не работел а сепак на некој начин придонесувал во брачната заедница, со одгледување деца, грижа за семејството итн.итн, (овие работи судот доста ги зема предвид при одлучување за делба на заеднички имот).

    Законот вели дека заедничкиот имот се дели на еднакви делови.Меѓутоа тоа не е апсолутно, и постои можност да се докажува дека придонесот на еден од брачните другари е поголем и според тоа му припаѓа поголем дел од половина!!!! Тој ова ќе мора во посебна парница тоа и да го докаже!!!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Кај нас предбрачните договори сеуште се табу тема..но,мислам дека ако секоја од странките/сопружниците во случајов се согласни со клаузулите од тој посебен договор во случај на развод тогаш ќе важат одредбите од тој посебен договор а,не општите одредби кои ќе важат за сите останати кои немаат склучено ваков договор.(ова го пишува во законот) :!:
    Од правен аспект мислам дека би немало никакви пречки да се реализира замислата на Теси што и не е така лоша идеја туку мислам и пожелна во контекст на секојдневието кое не опкружува :lol:
    Друго е човек кога си има црно на бело,помина тоа време кога се веруваше само во зборови.Со ваков предбрачен договор човек треба не еднаш туку 100 пати да размисли пред евентуалното неверство,пред да ги фрли брачните завети на верност во вода...Вака што си е сигурно сигурно а, последиците ќе бидат далеку посериозни затоа што губи апсолутно се а не само половината од стекнатиот имот.
    Е сега останува уште прашањето дали дотичната личност ќе се согласи на ваков договор.Ако е до мене јас би се согласила...ако знам дека сум доволно одговорна,верна и решена целиот живот да го поминам со тој човек зошто да гледам проблем во ова...баш напротив.Истото го очекувам и од него ;)
    Со ваков договор можеш само да добиеш но,не и да изгубиш!!! :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ И јас би се согласила. Не би ми било проблем. Не за друго, туку затоа што мене душата нема да ми е мирна доколку седам под ист покрив со еден маж, а веќе размислувам за идејата да бидам со друг, не па апла да имам нешто со него. Не би живеела во такво измачување и би се развела како човек. Немам таква храброст да се осудам на брак без љубов.
     
  17. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Абе луѓе не мешајте сега баби и жаби, едно е верност, морал, друго е правна основа за стекнување на право на сопственост...
    Предбрачните договори не се ТАБУ тема кај нас, доколку ако таков договор е склучен тој ќе биде АПСОЛУТНО НИШТОВЕН поради непостоење на дозволена основа - чл.43 од ЗОО...
    Не може со договор правото на сопственост да добие поинаков режим од оној определен со ЗСИДСП...!!!
     
  18. rokoko0707

    rokoko0707 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Bi sakala da zamolam za pomos. Sakam da se razvedam megutoa mnogu ni e slozena situacijata okolu sopstvenosta na imotot. Mi treba advokat koj e dobar vo procesi za podelba na imot. Ve molam za preporaka.
     
  19. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Пишете ми во inbox ќе се обидам да ви помогнам.
     
  20. megi.mkd

    megi.mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    9
    Предбрачните договори не се ТАБУ тема кај нас, доколку ако таков договор е склучен тој ќе биде АПСОЛУТНО НИШТОВЕН поради непостоење на дозволена основа - чл.43 од ЗОО...
    Не може со договор правото на сопственост да добие поинаков режим од оној определен со ЗСИДСП...!!!

    Предбрачните договори најчесто се дека ништо нема да добие .... а дека ќе му/и земе се тоа тешко хехехехехе