Ако се стекнати во бракот нема нешто што не може да се дели. Ако ги продадеш пак ќе бидеш во обврска 50% од парите да ги дадеш.
Zdravo, sakam da prasam, jas i soprugot se razveduvame, megutoa imame stan koj e kupen so stanben keedit vo brak, koj glasi na negovo ime a jas sum kokreditobaratel. Toj vlozinucestvo ama jas vloziv za renoviranje i mebel, imame dogovor na notar deka po prodazbata na stanot parite ke se podelat i deka dotogas jas ke ja plakam pola rata, a toj pola. E sega sto vo slucaj ako toj ne saka da se prodade stanot a jas plakam pola rata, kako da se natera da se prodade stanot ?
Бракот ќе се разведе по тужба поднесена од еден од вас двајца или спогодба за развод на брак од вас двајца поднесени пред надлежен суд. Постапката за поделба на имот стекнат во брак е друга постапка и за тоа ќе поднесете тужба за поделба на имот стекнат во брак и таму судот ќе определи делот на вас двајца на целиот имот кој сте го стекнале за тој временски период. Дали тоа ќе биде по 1/2 и за двајцата или поголем дел за едниот а помал за другиот брачен другар, тоа зависи од тоа што ќе предложите како докази во таа постапка. Така да, најдобро е да се обратите на адвокат и воедно мој совет, сметки за станот, други докази кои би можеле да ви бидат во полза за да добиете поголем дел се тоа да поднесете како доказ во постапката.
Е тоа тешко малку, станот ќе биде поделен али он ако не сака да се продаде нема што да прајш. Едино да го натераш да ти го исплати твојот дел и станот да си биде негов. И јас имав таков случај, никој неможе да те натера да продадиш ако не сакаш.
Не јас, мој косопственик на имотот, тој сакаше продажба али јас не, потоа се подели се и тој имаше законско право на продажба, а законот вели прво се понудува делот на косопственикот , во овој случај јас, па јас ако одбијам тогаш оди на продажба неговиот дел, али кој би сакал да ти купи пола имот?? И не само неговиот адвокат туку уште 5 адвокати прашав и тоа така е. Членката ќе може да го даде нејниот дел на продажба али кој би купил пола стан? @Ekvador
A dali ako se prodade stanot vo brak mozam da baram del? Zosto seuste ne sme pocnale brakorazvodna parnica, a musterii veke najdovme
Колкав е временскиот период во кој може да се поднесе тужба за поделба на имот стекнат во брак, ако бракот е разведен веќе некое време? Фала Вии
Нема никаква пречка, прашањето за делба на заеднички имот стекнат во брак се расправа во редовна парнична постапка, која е различна од постапката за развод. Прашањето за делба може да се расправа како за време на постоење на бракот, додека тој сеуште не е разведен, така и по неговиот престанок. Со оглед на тоа дека се работи за право на утврдување на дел во заедничка ствар, ова право не застарува (член 63 став 1 од ЗСИДСП).
Подароците не се сметаат како имот стекнат во брак, затоа при развод немате право на дел од бараката, во другиот случај ако во моментот на смртта на вашиот сопруг сте биле во брак тогаш ви следува наследен дел еднакво како со вашите деца како наследници од прв наследен ред, ако бракот биде разведен не ви следува наследен дел како поранешен брачен другар на вашиот сопруг. Ако ве интересира нешто дополнително пишете ми во порака.
Здраво на сите. Би ве замолила за совет. Јас и поранешниот сопруг бевме во брак од 1988 до 2016. Откако се разведовме тој продолжи да живее со мене и децата во истиот стан бидејќи бевме немоќни да го натераме да си оди. Конечно годинава го напушти станот. Сега сестра му сака да ме тужи и да го земе станот на основа дека живеел многу долго. Притоа е важно да напоменам дека станот никогаш не бил на мое име туку на мајка ми која што е сеуште жива. 1. Дали додека е жива мајка ми имаат било каква шанса? 2. Дали откако ќе почине мајка ми во оставинската постапка може да се умешаат? Ви благодарам!
Не сум никаков правник, ама ова ми падна во очи. Како??? Станот е на име на мајка ти. Не сте можеле едноставно да повикате полиција и да го истераат тие, кога веќе не сакал доброволно?
За жал како и многу други приказни секогаш се закануваше со децата. И нив им зборуваше како јас сакам да го избркам да не го виделе веќе и слично. Очигледна и тешка грешка но тоа е.
Не сум правник меѓутоа мислам дека не може да ти го земат по ниеден основ. И твојата мајка да го префрли на твое име како подарок исто така нема можност да ти го земат.