Не се грижите не може никој да ви го земе станот. Станот не е стекнат во брак за да поранешниот сопруг да има основа да бара 1/2 (една половина). Станот утре кога ќе стане ваша сопственост (договор за дар, договор за доживотна издршка, договор за распределување на имот за време на живот итн., или со законско или тестаментално наследување) истиот не може по овие основи да биде предмет на физичка делба како имот стекнат во брак, затоа што законски подарок и наследство не се сметаат како имот стекнат во брак.
Ако не се во брак и единиот од нив ја прави куќата, а имаат сведоци дека таа личност ја правела куќата, дали и следува дел од таа куќа?
При поделба на имот стекнат во брак, по развод на бракот.. дали може да се поднесе предлог за привремена мерка - забрана за отуѓување на недвижност и на парични средства? Некој да знае?
Забрана за отуѓување на недвижност може, исто забрана за располагање на парични средства по сметка во банка.
Од што зависи каква одлука ќе донесе судот? Дали секако дава забрана ако е се тоа стекнато во брак? И колку чини постапката за да се поднесат и двата предлога? Дали може да одат заедно со предлог во вонпарнична и привремените мерки или е се оделно? Фала вии
Доколку станот е купен на кредит 2016 година(мојот сопруг), а законски сме се венчале 2018 година и се уште се плаќа кредит(сопругот повторно), а јас не сум дала ништо за тоа, дали се рачуна како брачна стечевина или не? И како се наследува тогаш? (откако ќе се исплати се разбира, и што би било ако на сопругот му се деси нешто а не е доисплатен?) имаме едно дете, плус он има уште две
Здраво, би сакала да прашам дали при барање за поделба на имот по брак, се дава налог за поделба на готовина која во моментот се наоѓа на сметка или може да се бара историја на трансакции, ако парите се пренесат некаде. Исто така дали пари во сеф се предмет на поделба? Друго прашање од искуство, колку навистина може да се добие надомест за подвижни предмети во стан кои се стари 10 год. Јас целиот стан му го опремив, има ли поента да се бара нешто на суд?
Здраво, дали при развод се делат и пари кои ги имате кеш? Ја зедов заштедата од страв да не ја потроши. Планирам да земам и дел од мебелот. Дали би можел да бара оштета после на суд?
Пробај ти прва да кажеш дека ти си ја подигнала и заедно сте ја истрошиле, кажи мебел купив за дома и си сакам пола од тоа. Ако успееш ем заштедата ем мебелот ќе бидат твои. Нормално, ако си ја зела заштедата пред разводот. Само добар адвокат и се ќе биде.
Здраво, би сакала да прашам Пред 3 години подигнав кредит ( на мое име) Со тој кредит е купен стан којшто гласи на име на сопругот( во моментот на подигнување на кредитот не бевме во брак). Е сега прашањето ми е, дали во случај на развод јас имам право на дел од станот? И дали има можност да се направи промена во имотниот лист, односно истиот да гласи на двајцата?
Имам само едно прашање: зошто не се консултира со адвокат претходно ?? Стан е бе луѓе, не се работи за 100 денари. И не, ако кредитот бил потрошувачки, апсолутно немаш шанса да го вратиш на твое име.
Za vreme na brakot, moze da se ostvari POSEBEN IMOT (ствари кои се стекнати во бракот а служат исклучиво за неговите лични потреби претставува негов ПОСЕБЕН ИМОТ, и не се смета како заеднички имот !!!). Pri razvod se deli zaednickiot imot. Posebniot ostanuva poseben. 1. Sto se slucuva so dolgovite? Ako eden od bracnite partneri napravi dolg, pri sto drugiot partner ne e voopsto vmesan, pri razvod, dali se delat i dolgovite ili partnerot sto go napravil dolgot, treba i da si go plaka? 2.Istoto prasanje ako stanuva zbor za danocen dolg napraven od ostvareni prihodi za koi ne e platen danok na prihod? Dali danocniot dolg od prihod ostvaren od edniot partner, pri razvod ke bide na tovar na dvajcata partneri? Dali danocnite prijavi koga se vo brak se zaednicki ili sekoj posebno podnesuva? 3. Dali postoi moznost pri postapkata za podelba na imot, da se precizira i podelbata na dolgovite kako i na potencijalnite dolgovi koi moze da proizlezat vo idnina a se odnesuvaat na periodot dodeka sopruznicite bile vo brak i koi proizlegle od aktivnosta na edniot partner pri sto drugiot voopsto ne e vmesan?
1. За првото прашање ако е на пример земен кредит за потребите на семејството тогаш одговараат солидарно, без разлика на развод, но доколку се земени заеми од финански друштва и слично и едниот брачен другар ги потроши за него лично (коцка, инвестирање итн.) тогаш си ги враќа тој самиот, клучно е долгот за која цел е создаден, пример ако се земени кредити за реновирање на домот тогаш солидарно се одговара тоа е за потребите на домаќинството, но ако се земени за ,,инвестирање" во кладилница тогаш тоа не е за потребите на домаќинството, во постапка за физичка делба се дели само недвижниот и подвижниот имот, и правата кои произлегуваат од тој имот, за долговите (обврските) не се делат во постапка за физичка делба, до сега не сум сретнал предмет на физичка делба да бидат и обврските. 2. За второто прашање секој одделно, даночниот долг го таргетира исклучиво даночниот обврзник, со други зборови УЈП не може да наплати данок на персонален доход од брачниот другар на обврзникот. 3. Не постои таква можност, го одговорив ова прашање погоре во т.1
Ме интересира во колкав временски период по развод на брак може еден од брачните другари да побара поделба на имот стекнат за време на брак?