Поделба на имот по развод

Дискусија во 'Правни совети' започната од vesna, 28 април 2011.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Машки
    Правото на физичка делба не застарува, може било кога да се бара, но ако не се упишани двајцата бивши брачни другари во имотен лист како сосопственици подобро е побрзо да се бара за да не се изгубат доказите, за подетално пишете ми во порака.
     
  2. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Фала. Ме интересира ако знаете да ми кажете колку чини тужбата а колку застапување од адвокат на рочиште?
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Машки
    Ви пишав во порака, и тука ќе ви одговорам зависи од фактичката состојба кој вид на постапка ќе се води дали парнична или вонпарнична, во парнична постапка цената е скалеста според тужбеното барање, додека во вонпарнична постапка цената е фиксна.

    За да се утврди кој вид на постапка ќе се води треба прво да се утврди кој ќе биде правниот основ (утврдување на идеален дел или поделба на веќе утврдени идеални делови) а тоа зависи од фактичката состојба односно тоа што е упишано во имотниот лист и евентуално други материјални докази кои ги поседувате, откако се утврди правниот основ ќе може да се каже цената за тужба односно предлогот, и за застапување на рочиште во парнична односно вонпарнична постапка.

    Затоа не можам однапред да кажам колку ќе чини додека не бидам запознаен подетално со фактичката состојба.

    :)
     
  4. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Се разведуваме со сопругот, имаме заеднички стан купен во брак. Е сега прашањето е следно, како може да го продадеме или да ми го исплати мојот дел, зошто тој не прифаќа спогодба во однос на имотот апсолутна никаква си седи таму и не сака да го решиме ова прашање. Доколку го тужам како би се решило нештото? Благодарам.
     
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Машки
    Само во постапка за физичка делба, и во таа постапка ќе барате или да ви го исплати вашиот дел или да се продаде станот или вие да го исплатите неговиот дел.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Ама како ќе го натера судот, што ако не сака? Преку извршител ќе му ги земат парите или како? Тој дел не ми е јасен.
     
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Машки
    Судот ќе наложи со решение станот да се продаде според Законот за извршување преку извршител, aко во текот на постапката не успеете да се договорите, ако сакате да разговараме подетално пишете ми во порака.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    49
    Здраво, прашувам за пријателка, дали некој знае доколку се води вонпарнилна постапка за поделба на имот, и по едно рочиште сите се согласни на спогодбена поделба, дали се продолжува вонпарничната постапка? (во случајов одложување на следно рочиште)?
    Благодарам
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Машки
    Ако се оди со спогодбено, тогаш предлагачот нека го повлече предлогот, и нека се склучи спогодба пред нотар, или на наредното рочиште нека предлагачот и противпредлагачите се изјаснат дека сакаат спогодбено да се подели имотот преку судот, да го прифатат елаборатот на предлагачот за дa не излегува судијата на увид и на второ рочиште да се заврши ако се оди преку судот, ако се оди преку нотар тогаш како што пишав погоре треба со писмен поднесок пред одржување на второто рочиште да се повлече предлогот.
    Ова ми е мислење кажано на памет, не ја знам фактичката состојба треба да го разгледам предметот за да можам да дадам точно мислење, секој предмет е различен.
     
    На PepicaAn и Ekvador им се допаѓа ова.
  10. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    49
    @Forca
    Благодарам многу, ситуацијата е еден од сопствениците поднесе барање за делба на имотот, првото рочиште беше одложено со предлог да се проба спогодбено да се реши делбата. сите три страни се согласни спогодбено имотот да се продаде, имотот го огласија но сеуште нема купувач, Немаат склучено ништо на нотар.
    Сега прашањето е 1. дали додека имотот е огласен, е подобро да не се повелкува предлогот за делба поднесена до судот и на пример следното закажано рочиште повторно да се одложи (на пример за 6 месеци) додека имотот не се продаде?

    Што треба да се склучи кај нотар дека со-сопствениците се согласни имотот да се продаде ?
    Благодарам
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Машки
    Ако има согласност не треба физичка делба, ако нема доверба барајте ново одлагање на рочиштето, ако во меѓувреме се продаде имотот тогаш предлагачот ќе треба да го повлече предлогот, затоа што предметот за делба ќе стане безпредметен.
     
    На PepicaAn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    49
    @Forca ти благодарам многу.тројцата со-сопственици се согласни да се продаде имотот и истиот е веќе огласен..Но мислам дека твојот предлог е најдобар, подобро да се води и понатака вонпарнична постапка додека имотот не се продаде (бидејќи искрено нема доверба меѓу со-сопстениците). Дали сметаш дека најдобро да се склучи и формална согласност за продажба на имотот пред нотар? благодарам за секој совет
     
  13. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    • Пишувај кирилица
    Iskustva so podelba na imot posle razvod? Edni mi velat bori se za toa sto ti pripaga, drugi mi velat dolgo e skapo i moze da padnes na sud. So ex soprugot imame zaednicka kukja kupena vo brak so stanben kredit na negovo ime. Vo meguvreme odlucivme da se razvedeme i toj me izbrka. Toa sto jas vloziv nemam bas dokazi zosto na majstorite im plakav na raka. Dali da pokrenam sudska postapka? Blagodaram.
     
  14. Ekvador

    Ekvador Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2022
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Машки
    А имотниот лист од куќата кога е изваден. За време на брак??
     
  15. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  16. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    330
    Не сум правник, ама немашто да се бориш, тебе ти припаѓа половина од имотот стекнат во брак. Нема врска на чие име се води, кој плаќал на масјтори , заедничка сопственост е. Мене како сопруга за сите правни дејствија за имот кој се води на име на сопругот, на нотар ме повикауваат да потпишам дека се согласувам. Така да неможе да продаде без твоја согласност. Е сега коко во пракса оди поделбата незнам.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.