Ако нема тестамент, се дели судски подеднакво, ама да не ве изненадат со документ за поклон или тестамент за кој вие не знаете. Нужен дел мислам не е 50% нешто помалку мислам беше. @BoaVista ?
Мислам дека е 50% од она што во нормални услови би му следувало. Може да оспорат секаков тестамент, подарок итн. ако е во последни 3 месеци од живот на починатиот. Боа верувам поарно ќе објасни.
Ништо не е започнато, си живее човекот во станот и со години моткаше денес-утре ќе дал пари, немал сега, другата страна па не го притискаше и така се одолговлече. Кога му се спомна дека е време да даде делот, почнал со закани, а и онака јасно беше дека нема намера со договор нормален човечки да даде дел само прашање на време беше кога ова ќе се деси и до суд да се стигне... Ќе се бара добар адвокат периодов да. Плус сите тука рековте дека ќе биде во корист тужбата, тоа и ме интересираше. А, вака некој искуство у ваква ситуација да не има, што се тужел за ваква работа...? Жив срам ситуација...
Значи поведете оставинска постапка. Ако нема пари да исплати, ќе го принудат. Од таму почнете, не може ништо да тужите, тоа не е ни негово, на име на починатиот се води.
Ако нема тестамент (не е препишано на претходникот) се се дели судски. Само што мислам се плаќа пари за да си го земеш делот. Исто се плаќа ако претходникот не платил дворно место и такви трошоци. Едит. @Dream-Girl можете да прашате кај нотар. И ние имавме сличен проблем. Отидите кај нотар, објаснете му се од темел и ќе ви даде мислење. Ем и бесплатно е, ама може да му оставите денар колку за услугата
Данок не се плаќа за наследство, барем кај мене за тоа никој нема платено. Адвокат, нотар... услугите се плаќаат.
Јас баш кога бев ја прашав баш за цени, тарифи ми кажа бесплатно е. Не знам. Баш ми објаснуваше нешто и во катастар треба да се отиде ако е починат и слично.
За жал, тие 40-60% поделба на наследство ќе важат само доколку постои тестамент. Инаку, во Македонија има два начина на наследување законско и тестаментално, доколку не постои тестамент (последна волја на завештателот) тогаш се пристапува кон законско наследување. Во конкретниов случај како што прочитав поради немање на тестамент ќе се пристапи кон законско наследување. Според законското наследување за наследници ќе се повикаат брачниот другар, и потомците на оставителот доколку се работи за прв наследен ред, претпоставувам се работи за прв наследен ред. Значи, или ќе чекате судот по службена должност да ја поведе постапката по добивање на смртовницата од матичната служба, ако се одлучите да чекате може да поминат неколку години, другиот случај е да ја поведе еден од наследниците со предлог за расправање на оставина, од судот предметот ќе биде доделен кај нотар, и тогаш кај нотарот ќе ги повикаат сите наследници наведени во предлогот за да се расправа оставината, според законското наследување наследството (оставината) се дели на еднакви делови, тоа значи дека наследството ќе биде поделено на 3 еднакви делови ако оставителот имал брачен другар и две деца, или на 2 еднакви дела помеѓу децата на оставителот ако брачниот другар се откаже од својот дел, или ако починал пред оставителот. Наследникот смее само да го прифати или не го прифати наследниот дел во целост. На рочиштето за расправање на оставина секој наследник треба да биде застапуван од адвокат (ако нема спор меѓу наследниците, или кај дел од нив нема спор тогаш тие можат да бидат заедно застапувано од еден адвокат). Во однос на имотот во наследничка заедница претставува заеднички имот и наследниците располагаат заеднички се додека не бидат огласени за наследници со точно определен дел за секој наследник според правото на наследување (идеален дел) и тој имот (осатвина) да се преобразува во сосопственост каде секој од наследниците ќе стане сопственик, кога ќе стане сопственик секој од наследниците може да бара физичка делба на имотот, но тоа е веќе друга поопширна тема. Ако те интересира нешто повеќе пиши ми во порака.
Ако нема тестамент, се дели подеднакво. Прво да се провери дали имотот се води на име на починатиот. Да не случајно е отуѓен со договор за дар. Ако се води на име на починатото лице, некои членки веќе пишале, прво и основно е да поведете оставинска постапка. Оставинска постапка се поведува по службена должност од страна на матичната служба, а ако не е поведена од нив, странките ќе си извадат смртовница, се плаќа судска такса од 480 денари и смртовницата со барањето за поведување на оставинска постапка и уплатницата за платена судака такса се поднесуваат до надлежниот суд. Надлежен е судот каде починатото лице имало последно живеалиште/престојувалиште. Од тука судот ќе го додели предметот на некој нотар и нотарот ќе ги повика наследниците на расправа за оставина. На рочиштето за расправа за оставина ако се наследници од ист наследен ред, имаат право на еднаков дел. Претходен устен, па и писмен договор меѓу наследниците нема никакво правно дејство, односно е ништовен. Само доколку постои тестамент(како облик на располагање со последна воља на оставител) или Договор за отстапување на имот за време на живот (ова е специфичен наследно правен договор за чие валидно дејство мора согласност и потпис од сите наследници) можело да се врши распределба на имотот што е предмет на наследство. Откако ќе се донесе наследно решение, доколку и двајцата наследници се прифатат за наследство, истото ќе се носи во даночно ( данок нема да се плати доколку е наследство од прв наследен ред, родител на дете на пример). Од даночно се враќа пак кај нотарот кој електронски го спроведува наследното решение. Откако ќе го спроведе електронски, се вади имотен лист каде како сосопственици на местото на починатото лице сега стојат двајцата наследници на по 1/2. За да дојде до тужба, мора прво ова да се заврши. И сега ако едниот наследник живее во станот, а не сака физички да се дели или да ја исплати другата половина на другиот наследник, другиот наследник ќе поднесете тужба за физичка делба и судот ќе ве подели. Пошто стан е физички неделив, најверојатно ќе го задолжи едниот наследник да му ја плати на другиот вредноста на половината или ако нема согласност во краен случај ќе го продаде станот и ќе ги подели парите од продажбата. Трошоците кај нотар ( со се адвокат) не би требало да надминат 12.000 денари, и со се пријавувањето во катастар и се плаќаат сразмерно на наследениот дел. Судските тришоци за физичка делба незнам колку се, зависи и за колку рочишта ќе се заврши постапката, ама на почеток ги поднесува оној што ја поднесува тужбата, а после судот ја задолжува и другата страна да го подмири својот дел. Иако вака може сложено изгледа, не е воопшто комплицирана работа, брзо се завршува. И да се дополнам, нужниот дел овде не игра никаква улога. Тоа ако целокупниот имот со договор за дар додека бил жив оставителот е подарен само на едниот наследник, тогаш другиот наследник има право да бара нужен дел. Не е 50 % од наследството нужниот дел, туку 1/2 од она што би му бил наследнички дел.
Sakam da prasam nesto.Tatko mi e pocinat.Stanot bese na ime na tatkoto na tatkomi toest dedomi koj isto taka e pocinat so babami.Imam edna polusestra na koja i e isplakjana alimentacija do 18 godini.Dali ima pravo na imotot?Potocno na del od stanot vo koj ziveeme jas i majkami.
Според нов закон од 2017 година мора да биде присутен адвокат на расправата кај нотарот. Дали е тоа и во пракса така или сепак може нотарот самостојно да ја заврши постапката? Загрижена сум за финансиските трошоци, претпоставувам со присуство на адвокат е многу поскапо?
Имам голема мака! Пред 7 години купив земјиште, каде што половина од земјиштето не стои на мое име. Бидејки од тој од кого го земав земјиштето кога го купил земјиштето му фалеле 175 м2 ама морал да заврши работа на нотар бидејки човекот од кого го купил земјиштето бил болен починал. И немале време значи да видат зошто во имотниот лист фалат квадрати. Тоа било демек грешка или промена во катастар. Сега со жена му на починатиот одворивме оставина. Ама за заж и синот и е починат. Керка му се откажува од наследство. А синот кој што е починат има 2 деца. Каква процедура ме чека? Ми рекоа дека можело ова да остане директно на децата. Снаата воопшто не сака да им остане за да немам јас проблеми. Јас имам градено и куќа...НЕ знам што да правам ве молам за совет фала ви однапред!
Ме интересира дали може да се одложи оставинската постапка. Добивме со сестра ми и мајка ми дата кога треба да се јавиме, но јас сум спречена да одам на таа дата. Што треба да направам за да се помести датата?
Разговарајте со нотарот сигурно ќе ви излезе во пресрет неколку дена на пример нема да му менуваат многу.
Добра вечер. Имам едно прашање, би ви била многу благодарна доколку можете да ми одговорите. После смртта на родител, кој има две возрасни деца и брачен другар кој му е во последните 8 години од животот, дали тој брачен другар има право на делба на имотот што си бил пред нивниот брак?
Да и тоа еднаков дел со децата. Ако целата куќата била на негово име се дели на три дела. Ако е пола негова, тогаш неговиот дел се дели на три еднакви делови.
Мене ме интересира,дали по смртта на двајцата родители,ако немаат оставено никаков тестамент, а имаат само едно дете, дали имаат право други да се замешаат во оставината,пр.братучеди или други блиски роднини или се припаѓа автоматски на детето?
Здраво! Баба ми и дедо ми починаа во рок од два месеци, остана само вујко ми како наследник, мајка ми е почината имаа две деца. Дали јас и брат ми имаме право на дел и како треба да постапиме? Благодарам