Поделба на имот по смрт на родител

Дискусија во 'Правни совети' започната од si.exs, 21 декември 2013.

  1. 1234D

    1234D Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да, имате право на дел. Оставината ќе се подели на три дела со тоа што 1/2 од имотот ќе му припадне на вашиот вујко а другата 1/2 која требало да ја наследи вашата мајка ќе ја наследите вие двајца на два еднакви делови. Барање за поведување на оставинска постапка се поднесува во матичната служба која предметот го доставуваат до суд кој ќе определи нотар по службена должност.
     
  2. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    29
    Здраво, дали после смртта на 1родител (таткото) имотот конкретно станот во кој живееме на име на татко ми се дели на 3 еднакви делови...мајка ми сестра ми и мене? Имам некое инфо дека се дели на 2 дела, од кои едниот е на мајка ми а останатиот дел т.е 2рата половина се дели на 3 дела(мајка ми сестра ми и јас)
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.235
    Допаѓања:
    21.175
    Пол:
    Машки
    На мајка ти 50% т.е пола, а другата половина си ја делите ти и сестра ти, значи по 25%.
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    13.435
    Пол:
    Женски
    Дали имотот е стекнат пред или после брак?
     
  5. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    29
    После брак, заедно купуваат стан.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.471
    Допаѓања:
    37.706
    Пол:
    Женски
    Во тој случај, делот на татко ти се дели на 3 дела. На тебе, на сестра ти и на мајка ти. Мајка ти веќе си има нејзин дел и плус тој од татко ти што и следува. Ако беше станот стекнат пред брак, тогаш целиот стан се дели на 3 дела.
     
  7. mmacichka

    mmacichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Како иде процедурата дали знае некој за оставинска постапка и дали е финансиско оптеретување, колку се плаќа, за што се плаќа итн.

    Сопругот мој има починат родител чии што имот е се на негово име, свекрва ми нема ништо, нити сопругот и золвата.
    Сега треба да се почне оставинска постапка за да се подели имотот на сопругата и двете деца.
    Како што имаме разговарано со свекрва ми, таа има целосна документација за се, само што жената е со минимална плата, и семејна пензија на золва ми бидејќи се школува девојчето, и се мисли дали ќе може да покрене оставинска постапка, зборам од финансиски аспект. Тоа сигурно трае со месеци и има многу давачки или јас само така мислам? Не сме запознаени со процедурата затоа и прашуваме.