Од 6, до 9 јуни, во целата Европска Унија се оддржаа избори. Веднаш по затворањето на гласачките места, започнаа да излегуваат излезни анкети кои покажуваа дека крајната десница е во огромен подем во речиси сите држави на унијата. На пример владеачката социјалдемократска партија во Германија падна на трето место, слично во Франција, владеачката либерална партија на Макрон падна на трето место. Уште веднаш по затворањето на гласачките места, Макрон го распушти собранието и закажа предвремени избори за 30 јуни и 7 јули. На изборите завчера кои беа со најголема излезност по повеќе од 45 години, партијата на Марин Ле Пен освои 33%, левичарскиот Нов Народен Фронт 28%, а партијата на Макрон само 21%. Пред две години во Италија победи крајно десничарката Џорџина Мелони, а во се повеќе европски земји, крајно десничарските партии се во подем. Кај нас немаме некоја крајна десничарска партија која може да влијае врз изборите и со која можеме да ја следиме ,модата". Дали ова може некако, било како да влијае врз економијата и стабилноста?
Мразам се што е КРАЈНО... како крајни левици и крајни десници. Зошто мора се во светов да оди во екстреми? Крајната левица беше толку ужасна, па затоа сега ќе дојде крајна десница, која е исто така ужасна. Не ми е јасно зошто нема политички уредувања во светов кои се баланс а двете?
Не верувам дека е баш крајна десница како што се говори. Мелони е добар пример. Но, секако е знак дека државите сакаат повторно да си ги дефинираат границите, да си имаат свој центар за одлуки, како почеток на крајот на ЕУ и Брисел ми делува.
Едноставно, Хитлер. Против црнци, против лгбт, против мигранти, против други народи и секоја оваа омраза е екстремно насочена.
Крајната десница се труди да го разбуди национализмот кај граѓаните, се труди целосната контрола да биде во рацете на власта и да се задржат традиционалните вредности пред модерните, либералните.
Комплицирана тема, со многу зашто и затоа.Буквално нож со две оштрици, од една страна јасни се поривите кај народот, од друга страна нема друго решение. Најглавна причина е оти на народот му е смачено од мигранти кои грото не се интегрираат во општеството и буквално ја усеруваат и уназадуваат една западна култура, а притоа и не се интегрираат на пазарот на трудот, туку живеат ко паразити на грбот на граѓаните, а истите тие немаат пари леб да јадат... И тие мигранти што се чесни граѓани, тие испаштаат ради овие што се понашаат ко припадници на племенски заедници.
Џорџа Мелони, Марин Ле Пен, Виктор Орбан, Петар Фиала, Доналд Туск, Роберт Фичо иако е левичар има поголеми десничарски заложби и против моменталната политика на ЕУ, и секако Алис Вајдел и Тино Хрупала и останатите во Европа Со вакви лидери, Европа е во сигурни раце Доста беше од владеењето на погрешната политика на левичарите кои допринесуваа на уништување на Европа, кои ја финансираа војната во Украина а од тоа ги почуствуваа последиците секој еден граѓанин на Европа . Целата погрешна политика најмногу му се одрази и удри од глава на Макрон, особено тоа што целиот труд на французите го користеше за финансирање на војната. Се започна од Италија, од партијата Фратели Д'Италија. Од Џорџа МЕЛОНИ! Уште како млада девојка во нејзините десничарски заложби се препознавале нејзините вистински карактеристики, која денеска им донесе промена во Италија, а сега заедно со Марин Ле Пен ќе го вратат достоинството на Европа заедно со останатите колеги од ист идеолошки карактер како Виктор Орбан. Io sono Giorgia! Sono una donna, sono una madre, sono italiana, sono Cristiana! Non me lo toglierete !!
Макрон е либерал, не е левичар. Јас идеолошки повеќе влечам левица, ама начинот на кој што ја упропастија европската левица ме разочарува. Левицата во Европа и левицата во некогашна Југославија или денешни Кина и Кореја се две различни страни. Ленин и Маркс се превртуваат во гроб.
Не зависно што е, политиката за уништување на Европа тие ја правеја и тие ја уништија Европа. Епа време беше да се стави крај на сето тоа. Преку глава им е на просечниот германец, италијанец или французин. Маркс и Енглс се залагаа за подруга левичарска идеологија - власта во рацете на народот. Системот во СФРЈ е всушност денешна Кина. Модерен социјализам, меѓутоа на западните газди и капиталисти не им се допаѓа тоа, па ја воведоја социјал демократијата како замена. СФРЈ беше само проект на Британија и затоа и заврши по 40години. Меѓутоа, не им успева со Кина, бидејќи Кина е светска сила која не може никој да ја покори, башка цел свет е зависен од неа. Идеолошки сум десничар. Би прифатил левица едино само на Н.Р Кина, друга по никоја цена, левичарството е штетно за човештвото.
Да, потполно се сложувам, затоа реков дека се превртуваат во гроб и дека денешната левица нема врска со левицата во Југославија или Кина или ДНРК. Денешната десница е многу подобра од Европската левица.
Гледам па оти Џорџа Мелони дојде во Италија, џам свитка. За време на кампања - лав, на власт - маче. Такви ќе бидат и Ла Пен, а и останатите десници. Џорџа беше тежок евроскептик во опозиција, со најави за излез од ЕУ, блискост до Путлер, а на власт прва до Украина и Зеленски. Орбан земете го како лидер, 15 години на власт, руски сателит во ЕУ, можеше за овие 15 години да ја извади Унгарија од ЕУ, само празно лапрдање и евтин популизам. Можеби околу мигранти ќе има некои затегнувања, други работи не очекувам да се сменат.
Ке бидат додека не падне стариот у мурика после друго ќе биде а итаљаните и така си се националисти …
После едниот стар, иде другиот стар и се така во круг. Другиов стар ги вее неговиве само колку да се дошлепа до власт, видеовме кои промени ги направи во негово владеење, популизам додека е во опозиција. Исто ќе биде се.
Ако не друго барем сите војни ќе престанат, другиот извади се од авганистан ирак иран овој најде други фронтови. Освен почнување на војни овие немаат идеа како друго да владеат. А и у англија централна левица згази така да ќе видиме ќе биде интересно
После 14-годишно владеење на конзервативците, огромна победа на либералдемократите во Англија, не е се така десно.
Каков црвен landslide. Мило ми е за лабуристите, ова го чекав од референдумот 2016 за брексит, само што овај Кир не ми личи на стабилен човек што може да води една држава ко Обединетото Кралство, не знам како одлучиле тој да им биде лидер.
Многу сакам да верувам дека нешто се менува на друга страна ама изгледа народот сам себе се лаже дека ги "бира" своите лидери. А они всушност да ти бидат сите од иста школа излезени.
Леви кога идат на власт одма читаш: педофили, јадење живи бебиња, секти, култови, масони, илуминати, лгбти агенди, чипови, отрови во вакцини бла бла бла... Најмоќното оружје на десницата е креирање апокалиптично сценарио и влевање страв кај своите гласачки телца.Они се прикажани како спасители од злото, месии, обично сокриени зад религијата.