Во оваа тема сакам сите коишто чуваат кучиња да ги наведат нивните карактеристики (предности, негативности) бидејќи сакам да чувам куче, но немам претходно искуство. На пример мене лично ме интересираат карактеристиките на следниве раси : Кокер шпаниел, Бишон Фризе и Малтезер. Кучето ќе го чувам во куќа без двор, сакам некој со искуство да ми ги објасни детално овие три раси, на пример дали се митарат, ако да, колку често, потоа дали можат да издржат многу време дома сами, дали лесно се учат да вршат нужда дома (на одредено место) и слично. Се надевам дека ќе ги добијам бараните информации и дека ќе им помогнам на уште многу луѓе кои како мене сакаат да чуваат куче но неможат точно да се определат за расата која најмногу ќе им се погоди во нивната ситуација.
А бе и ја сакам да престанате еднаш со отварањето на дупли или безвезални теми, ама ете.. dom/rasi-na-kucinja-t19610/ dom/sakam-kuce-t1604/ dom/koja-e-vasata-sovrsena-rasa-na-kuce-t18878/ dom/griza-za-domasnite-milenici-t4925/