1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подземни води

Дискусија во 'Дом' започната од Jojoba, 25 септември 2011.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Девојки колку што видов немаше ваква тема, а е доста дискутабилна според мене. Па ајде да споделиме мислења и искуства. Верувате ли во влијанието на подземните води врз вашиот дом, или не? Сте имале ли некое лично искуство, особено здравствен проблем, поради овие води? Дали вашиот дом е на подрачје опфатено од овие води? Се мислев дали е посоодветно да ја сместам во Дом или Здравствени проблеми, но пред се ме интересира дали би се решиле да изградите куќа на такво место и како се справувате со овие проблеми во вашиот дом?
    Лично јас, кога ќе имам прилика да купам сопствен стан или да издрадам куќа прво ќе ја проверам локацијата дали е подрачје со многу подземни води или не, иако реално во Скопје и не знам дали има подрачје без овие води! Има еден стар трик ако може да се нарече, на местото каде што би требало да се постават темелите на куќата да се остави глава од јагне, или пак цело јагне, за некое време ако не е распаднато значи има подземни води и локацијата не е баш сјајна за градење. Не често се случува, да се започне со градба па откако ќе се ископа малку под површината да се формира езерце, како што беше случајот со „зградата на Груевски“ во Црниче, пред неколку години, а луѓето и покрај тоа ги купија сите станови.
    За мене ова е доста голем проблем, сум осетила и лично како ми влијаат врз моето здравје, чести главоболки, кошмари, несоница се само дел од симптомите кои се јавиле кај мене.
    И уште ова, доста е интересно дека физичарите иако точно знаат да ја објаснат оваа појава многу често го негираат нејзиното влијание. Зошто? Дали можеби се тие во право и се ова е дел на нашата имагинација?
    Ако темава е несоодветна, односно не дава можност за дискусија или пак се повторува, бриш бриш :)
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Пред некое време размислував за темава, од проста причина што почувствував многу голема разлика во моето расположение овде дома и во станот во Скопје.

    Значи, куќата нас ни е изградена на, паа, да речеме како карпа. На 10 метри од нас, има други карпи, од кои постојано тече вода. Најверојатно ги има и кај нас под куќа. Драстична промена на расположение приметив. Во Скопје, со шест часа сум наспана, свежа, немам сонувано глупости, некако сум поведра и џојфул. :D Овде, еве, сега станувам и се ми е сиво, никакво... Не знам, можеби јас си умислувам, можеби таков ми е денот. Којзнае. :D

    Сигурно имаат некое влијание, чудна работа е мајка Природа. Очигледно ми сметаат, но, што можам да направам во врска со нив ?? Тоа е тоа, мораме да се навикнуваме. :?:
     
  3. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Подземниве води и тие „чворови“ кои ги формираат се ствааааарно многу штетни. Ние дома имаме пирамиди баш сега загледав од Сончев зрак се, и колку толку штитат. Али неверојатно е многу лошо да спиеш на место каде што има таков чвор. Подземниве биле не биле, буквално се сегде, ама тие чворови ги има по неколку не се на цела површина. Имам читано дека може да се вбројат во втора димензија, и дека цицаат енергија. Особено е штетно за болен човек, НЕ СМЕЕ да спие или да поминува поголем дел од денот (пред тв, пц) на такво место. Не знам за Велес, ама Скопје е 85% над подземни води, ако добро памтам станот ви е негде кај новото Веро, веројатно и таму ги има блиску е Вардар. Блазе си ти ако се осеќаш подобро :D
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Повеќе накај Железничка ми е станот, а во врска со Вардар, ми тече буквално пред куќа. :D Само карпа и пат ме делат од него дома. Не викам дека ги нема и во Скопје, ама со оглед на мојата близина на Вардар, повеќе ми влијаат.

    Интересно да ти кажам, ме подзамисли темава.

    Имаш такви пирамиди дома ?? Функционираат или... пласебо ефект се добива ? :?:
     
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Имам и тврдам дека функционираат за разлика од оние новите пластични бели, како и да се викаа. А и овие чинат 1500 денари, промена на нова 500. За разлика од белите што беа по неколку илјадарки. Плус човекот кој ги прави од Сончев зрак, Зоран мислам се викаше е светски познат во оваа област. Штитат, ама сигурно не ги елиминираа 100% штетните зрачења, за тоа единствено преселба кај што нема подземни, ако постои такво место :D
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Браво за темата, конечно да се искажам и јас за ова. Пред се ќе кажам дека верувам, дури и самата имам осетено. Значи живеам во Неготино, студирам во Скопје. Во Неготино, во мојата детска соба, 1 година немав разместено ништо, и еден ден си викам, ајде сама ќе преместам кревет и еден плакар, па да видам како ќе ми биде. Луѓе ако ви се верува, откако разместив, креветот го ставив на др стр од собата, главата уште не ставена на перница јас спијам, и тоа мирно, без да се грчам во сонот, кошмарите беа поретки, зашто јас нонстоп се мачам 1 саат да заспијам и лошо спијам, од кога ќе станам цела искривена, со болки во грб, рамена, омалаксана, без енергија. Но од кога го преемстив значи како да се преродив буквално, и на мајка ми и кажав и таа кажа, овие денови ќе дојди човек, да проверел каде имаме подземни води, и таа верува, си направивме муабет. Но, никако не лепеше распоредот така во собата, и морав да го вратам креветот на старото место, и повторно сум сега со несониви и кошмари, грчења и сл. работи. Не верувам дека е случајност. Чекаме само да провери овие денови човекот, и да кажи, и верувам дека ќе го каже тоа што мислам. И после ќе си смислам нов распоред во собата.
     
  7. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Баш пред некое време размислував се чувствувам како судбина да ми е да живеам покрај вода (река).
    Становите на моите (каде живеев пред да се омажам) се во зграда која се наоѓа покрај река.
    И се сеќавам како мали имавме друг распоред на мебелот, татко ми честопати имаше навика да задреме на седмоседот и кога ќе се разбудеше ќе почнеше да се жали дека го боли главата, а многу често го фаќаше и грч во ногата. Се' додека не разбравме за овие подземни води и не дојде човек да испита и ни кажа дека токму на местото на седмоседот е најјако нивното влијание.
    Се сеќавам дека испитуваше со бакарни жици, и според она што човекот го кажуваше онаму каде што бакарните жици ќе почнат да се поместуваат, како да се преклопуваат една со друга, таму се присутни подземните води.
    Направивме друг распоред на мебелот и земавме такви пирадмиди за кои зборува Јојоба.
    Еве откако почина мајка ми, татко ми и си спие во дневната и не се е пожалил дека го боли главата (пупу да не го заречам).
    Станот во кој сега живееме се наоѓа во зграда исто така покрај река. Сум приметила кога и да заспијам во дневна се будам како некој целото време додека да сум спиела удирал со стап по мене. Додека кога си спијам во спалната се будам одморена, наспана. Можеби е до овие подземени води, а можеби до душекот на кој спијам (во спалната е Дормео). Баш размислував пред некое време околу темава дали да ги испитаме овие подземни води.
     
  8. dorjanka

    dorjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    До пред некои 6 год кога ми се роди помалата керка немаше никаков сон ,нон стоп си плачеше кога бевме дома а кога ке излезевме некаде на др место ке се смири.Слушнав за тие подземни води и го викнавме еден пријател на комшијата да ни испита ,што да ви кажам,скоро на секое коше од кукава ,ни кажа за една пирамида од пхд беше некаде околу 7000 ама за проба ни ја даде неговата .Ако ви се верува дека детево од втората вечер па натаму веке ниту еднаш не заплака ниту пак правеше проблем за спиење а на нас главоболките се изгубија ,и веднаш си земавме за нас таква пирамида.Сеуште неможзам да сватам како тие води можат толку негативно да делуваат на човекот
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно е ова за чворовиве, но може и да се примети, доколку некој има домашно милениче, пр. мачка, тие обично спијат на тие места во просторот каде што се чворовите, барем така имам слушнато, па според тоа каде спијат, таму е и чворот.Инаку се штетни за здравјето кај човекот, а е уште еден начин за да се разболи човек.Сепак има начин и тоа да се спречи, за да не делува :)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Верувам дека има влијание, иако не сум почувствувала јас или некој близок.
    Имам само слушнато дека мачките сакаат да седат на местата каде што има такви чворови, а кучињата бегаат од нив :)
     
  11. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Точно е да, мачките најчесто лежат на тие места. За кучиња не знам, дома не сум чувала, а за мачките да. Проблемот е што моите мачки... лежат секаде :worried:
    Инаку да, тие бели пластични пирамиди се PXD на нив мислев, јас колку што слушнав немале голем ефект, а реално се поскапи 5 пати од другите... Но за здравје нема цена. Јас конкретно не памтам колку било лошо пред пирамидите, мала бев, но според зборовите на мајка ми и татко ми било ептен лошо. Реално не можат да заштитат 100%, ама според мене е доволно БАРЕМ да не се спие на такво место.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    :D Јас пред неколку години, кога немав ниту едно маче дома, употребив една мачка од комшии која доаѓаше кај нас и си ја галев мирна беше, мислев дека сме пријатели. За тоа за негативната енергија слушнав на тв и си викам ај и јас да проверам, ја пуштив мачката кај мене во соба а мачкава наместо да го направи експериментов полуде јадната, збесна и како што беше крената ролетната и влегуваше јака светлина од прозорот мачкава скокна да излегува преку него затворен, ја бутна завесата на некои места ја искина, јас се извадив од памет не знаев како да ја избркам надвор зашто беше луда можеше да ми се фрли и мене очи да ми извади. Ама некоја среќа мачкава ја погоди вратата за излез и од тогаш експерименти со животињи не правам, иако сега имам 4 мачки кои се многу мирни и ми влегуваат дома.

    За чворови со подземни води сум слушнала и јас и верувам бидејќи често си го менувам распоредот на мебелот во моја соба а со тоа ми се менува и расположението и сонот. А не сум запознаена кој проверува такви работи и дали и колку наплаќа.
     
    На hello-kitty.90 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    http://www.soncevzrak.com/index.php?opt ... 82&lang=mk
    Еве овде би требало се да пишува, сигурна сум дека доаѓаат дома, ама не памтам дали и колку наплаќаат. Инаку моја грешка во еден претходен пост, човекот се вика Стојан, а не Зоран :$ Порано имаа канцеларија кај МВР во Црниче, а сега не знам дали се уште таму или се прошириле.
     
  14. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Девојки, ве молам ако некој испитувал дома за подземни води, да ми остави бројче од човек, бидејќи би сакала да испитам кај нас дома. Велат Аеродром најмногу лежел на подземни води, па се плашам за здравјето на моето семејство. Благодарам однапред!
     
  15. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    ај и мене ако сакате дајте ми бројче од некој што испитува
     
  16. Robin hud

    Robin hud Нов член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Dali nekoj znae ili ima broj od nekogo sto ispituva podzemni vodi vo vasiot dom ako imate broj ve molam pisete
     
  17. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не можам со сигурност да кажам дали и колку имаат влијание подземните води, но знам искуства од блиски пријатели, кои после испитување и промена на распоредот, се почувствувале многу подобро, така да има голема веројатност да имаат влијание.
     
    На Aleksandra9999, KuklickaMoja, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    833
    Пол:
    Женски
    Да живне темава малце .кој има дома ПХД пирмиди нека пише разлика пред и потоа
     
  19. Orion

    Orion Нов член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Dali najdovte piramida?
     
  20. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    833
    Пол:
    Женски
    Не. земав од Сончев зрак од Стојан