Добро де, ако ти го доживуваш името на Ирена ко Волдеморт може не е тоа случај за некој друг што не знаел дека постои подкастов и ќе сака да го слушне. Само си пишав едноставна препорака, ама мора непотребно да се искоментира со лејки, мизерии и не знам што. Chill, it's not that deep.
На времето имаше една Ана Јовковска страшно начитана девојка со течна мисла, одличен правоговор, одмерена во муабетот, никогаш не премина граница, задоволство да се гледаат нејзините емисии. За жал исчезна заради онаквите седенки кои повеќе се лакрдија отколку што се подкаст. Таа треба да направи подкаст, таа има што да каже и луѓето би ја следеле со задоволство. Овие твоиве не се ниту на селска чешма да седнат муабет да прават, а не народ да им ги слуша фрустрациите.
Едвај чекам нова епизода од Одрадек (иако морам да признаам дека малку ме нервира Никола Гелевски), Обични луѓе на Илина Букбокс ги има најинтересните и најоткачени приказни, а во последно време го слушам и Умен. Ги препорачувам на сите што сакаат да слушаат за литература и култура. По комшиска линија освен Тампон зона ги следам и Sto minuta buke на Иван Бевц, сопственикот на белградската Booka и Kari's Calling со оваа пресимпатична девојка, инаку атлетичарка од Бугарија. Еве ја! Пред неколку месеци со дм имаа соработка на тема женско здравје.
Ана е исклучително начитана девојка/ жена и тешко е дека во целиот овој неписмен хорор период во кој живееме ќе се најдат паметни луѓе за да ги слушаме како прават убави муабети. Ана е личност од која може многу убави работи да се слушнат. *Ти ги ѕирнав предлозите и ми изгледаат интересни. Деновиве за празнициве ќе пробам некои да ги преслушам и ќе ти ги пофалам или ќе ти ги искудам.
Има интересни гости, го следам подкастот, ама водителот често пати знае премногу да раскажува за себе, и да го занемари гостинот. Исто така јас би работел на изговорот на буквата Р пред да почнам подкаст, ама што знам јас...
Видео извадокот со Горан Стефановски е В Р В! Мене ова ќе ми се свиѓа многу! Фала што го сподели. Чекај, ова не е синот на Владо Бучковски?!
За слушање подкасти го користам Спотифај со премиум претплата. Утрово, забележав дека во еден подкаст направен од Њујорк Тајмс, само првите две епизоди се достапни, а останатите заклучени. Притоа, кога се обидов да ги отворам заклучените, ме пренасочи на страната од ЊТ, за дополнително прептлатување за да можам да ги слушам. Пребарувајќи за ситуацијава, дојдов до информации дека всушност, Спотифај не им исплаќа/л ниту цент на оние кои ги изработуваат овие подкасти во вид на royalties, воедно нема ни реклами за да можат да земаат пари од тоа.
Јас слушам многу подкасти цело време и во последно ги има баш многу македонски, не сите се супер меѓутоа има избор. https://www.youtube.com/@bajkerot_krosfiterot - бајкерот и кросфитерот https://www.youtube.com/@NextGen.Podcast - Next Gen https://www.youtube.com/@WildTalesPodcast - Wild Tales и многу српски и англиски слушам. А забележав дека има на time.mk најдолу како агрегатор на македонски подкасти.
Јас од македонски подкастери го гледам понекогаш Ландов. А од српските гледам неколку, но немам некој нај во моментов за да издвојам.