Најдов многу мислења раштркани по другите теми и решив да отворам конкретна тема за база за сенка. Епа вака, имам мрсни капаци и до сега сум користела 2 подлоги од: 1. Авон - Многу ми се допаѓаше што беше сувкаста и сенката не мрдаше со часови. Кај преклопот на капаците никогаш не ми се имаше појавено линија. Единствена мана според мене беше што малку потешко се размачкуваше, но или јас ја штедев или стварно не знаев да ја размачкувам. 2. Misslyn - Ја земав онака, кога беше попустот за 8ми Март, без да прочитам ниту една рецензија. Бела е и мрсна, убаво се размачкува но ако не ја фиксирам со транслуцентна пудра за 3 секунди ми се собира кај преклопот на капаците. Ужасно ме нервира. Боите ги интензивира и убаво се сенчаат, но веќе по 4-5 часа сенката почнува да ми се расипува. Девојки навалете со ваши искуства и препорачајте ми мене убава подолога за сенка .
Подлога за сенка на сите што имаат многу мрсни капаци ја препорачувам на Радиант ја користам повеќе од година и не ја менувам за ништо. Јас ја имам купено во Грција ама ја има и во Космо во Сити мол
Девојки, не знам дали е соодветна темава ама не знам кај да прашам. Вие што имате мрсни капаци на очите, што ставате таму како подлога, за сенката да трае подолго. Камена не ми е опција зошто нанесувам ама не е тоа тоа...
Јас ги проаѓам со малку од течната пудра додека уште ја нанесувам по лицето со четка, потоа нанесувам база за сенка Есенс и ситуацијата е во ред. Пак зависи и од тоа кои и какви сенки се користат. Мене ми одговараат само оние на Артдеко и Мејкап Револушн. Со нив дури и без да нанесам база немам проблеми со пресликување на сенката или бледнеење, создавање бразди и сл.
Моментално ја користам оваа база. Ми се допаѓа што има апликаторче и ептен се олеснува самото нанесување. Тешко се брише со влажна марамица така да додека се шминкате гледајте да не направите некоја грешка. Базата има светла боја, не многу посветла од бојата на кожата. Бидејќи имам мрсни капаци по 7-8 часа забележувам како малку ми се насобира сенката кај преклопот на капакот, но тоа е сосема во ред. Вие што сте благословени со „нормални“ капаци ќе ви трае сенката додека не ја извадите. Од мене има голем , ќе ја купам повторно. Цената е околу 200 денари по дрогерииве.
Фала на одговор @Mishela Имам многу мрсни капаци, не сум знаела дека има база за сенка, зошто на своја рака ретко нанесувам. Утре ќе разгледам што е достапно по дрогерииве во мое село. Па ќе споделам искуство.
Како не сподели за ова порано, во Грција има преголем и преубав избор на бази за сенки. Есенс мене не ми е воопшто лоша. За посвечени пригоди ја имам во несесер секогаш базата на Артдеко. Со неа шминката не ми мрда воопшто.
Ах чим таква работата ќе си нарачам, дм ќе доаѓа за месец па ќе ми донесе. Летово не се шминкав воопшто, од топлото ништо не издржува и така имам мрсно лице. Сега кога е свежо демек шминката подолго трае па ми текна да се шлакам со сенки.
Денес 135 беше во Космо ама јаас мразам да ми се собира и по толку време. Фала што сподели мислење, јас мислев ќе има попуст на Радиант ама ништо.
Од август месец , скоро секојден ја користам подлогата за сенка на Артдеко Ми се допаѓа , убаво се размачкува на окото , не ми се собира сенката ниту тушот ми се копира , негативноста е што има некои светки внатре ама не ми менува ништо кога ставам мат сенки убава ми беше и таа база на Радиант , и оваа е исто супер
Имаат, јас имам земено, ама не ми текнува цената. Еве овде најдов и рецензија ако те интересира, како и тоа како изгледа да видиш
Уште ли ја има подлогата за сенка на Менхетн, во бело кутивче? Сакам да и се вратам на старата љубов. долго време им давав шанси на различни. Лошо е што се стврднува, ама е подобра од било која друга.
Ја користел ли некој од вас оваа база,на lookfantastic читав рецензии ама не знам дали е идеална за мрсни капаци.
Имав користено на Арт Деко, веќе ми се потроши, ја штедев колку можев бидејќи не знам кај можам повторно да си најдам ваква.
И овој производ е доста фален од инста-блогерки ама не знам како се прилагодува на мрсни капаци. А спаѓа во таа категорија.