Девојки немам видено до сега ваква тема и ајде да отворам зошто ме интересира каква подлога за шминка користите? Кога бев еднаш во едно козметичко студио на шминкање, пред да ми стави пудра ми стави една зелена подлога, ама не знам што беше и сега ми е многу криво што не прашав, а не постои веќе тоа студио, и таа подлога беше и како коректор затоа што се покрива, а и ја фиксира пудрата. Цела вечер играв ( зошто на свадба бев ) се испотив, зошто лето беше, а шминката кога си дојдов дома не ми беше воопшто размачкана ни избришана, ми стоеше така како што излегов од салонот. Ако некој има искуство со вакво нешто нека пише.
Јас како подлога ставам обична крема нивеа, зашто инаку пудрата ми ја суши кожата. И јас кога се шминкав за матура ми ставија некаква подлога, ама сепак мислам дека зависи од пудрата , ако е квалитетна ке трае подолго, ако не нема.
Јас ставам хидратантна крема па една безбојна пудра од Авон(Меџикс мислам дека се викаше). Многу ми се допаѓа, ја измазнува кожата ептен. Па дури тогаш ставам течна пудра. Само што сеуште сум во потрага по идеална пудра. Досега ниедна ми се нема погодено баш како што сакам.
Абе и јас користам како подлога прво крема обавезно, ама ме интересира дали некој користи професионална подлога што фиксира. Инаку Маја не е баш се до пудрата, затоа што таа подлога што ми ја ставија тогаш ми ја заштити шминката 100% да ми биде еднакво иста цела вечер.
Јас обично ставам крема,па пудра и не ми се размачкала шминката во последно време,порано ми се случуваше да ми се размачка моливчето,маскарата и изгледав како да ме мавнал некој по лице сега немам никакви проблеми и не ми се размачкува шминката незнам како ама ете,само крема ставам пред да се нашминкам и тоа е се.
Во јуник има фиксатор,зеленикав,мислам дека на севентин беше,не сум сигурна.Тоа е фиксатор инаку,не е подлога.Подлогите имаат жолтеникава боја. Јас како подлога ставам од орифлејм вижнс гелот или обичен хидратантен крем,во спротивно ми се брават митисери,ама некогаш ако имам мозолче не ставам ништо на него,туку диреткно пудра,веднаш ми го суши,па си викам замисли што прави пудрава на остатокот на лицето ако не ставиш подлога...страшно. Само не ставај многу затоа што добиваш паштета ефект,неубаво изгледа,макар што е зеленикав или подлогата жолтеникава,премногу се тешки за кожата.
јас не можам да ставам крема затоа што ми е мрсно лицето. Ставам само камено пудро А имам слушнато за да не ти се размачка шминката ќе си напрскаш на лицето лак за коса
Јас сум во план да си купам GOSH Velvet Touch Foundation Primer, баш подлога за пудра, ми го пофалија, ама треба да проверам колку е, па ќе ви кажам. Обично ставам некоја полесна и не толку мрсна хидратантна крема за лице, пред да ставам пудра.
Ставам крема, но гледам да е некоја помалку мрсна бидејли имам и мрсна кожа. Сум приметила кога ставам помалку мрсна крема ок е и пудрата покрива, а со истата пудра , а помрсна крема воопшто не покрива
Јас ја имам подлогата и слободно можам да речам дека е одлична. Штом ми се погоди мене (инаку сопственик на бескрајно проблематична кожа) верувам дека ќе одговара на повеќето. Најпрвин ја користев директ без крем претходно (на чиста кожа), а потоа пробав и со крем варијанта (подлогата ја нанесувам откако ќе се впие кремот). Втората солуција се покажа како подобра, кожата е соодветно згрижена со хидратанден крем, а истовремено заштитена од навлегување на пудрата во порите благодарение на силиконската подлога. Плус, силиконот ги израмнува порите и малите брчки создавајќи (симулација на) мазна кожа на која е многу полесно да се нанесе пудра. Инаку конкретно оваа подлога чини околу 700 денари (бавно се троши, така да...вреди). Поздрав
A kade moze da se najde ovaa GOSH podlogata?? Mene mi e mrsna kozata, i nemozam da si najdam nekoja dobra pudra
Подлогата за шминка е одлична за продолжување на траењето на основата (или како што ја викаме - течна пудра). Подлогите на зелена база се користат за кожа која има проблем со црвенило (розацеа или акни, или обично црвенеење), а инаку почесто се наоѓа како проѕирна. Од оние што ги има кај нас, би ти ја препорачала Art Deco, друга немам пробано. Подлогата прави огромна разлика во резултатот и долготрајноста на шминката. Ако имате посува кожа, барајте подлога за сува кожа, но може да поминете и со крем, бидејќи таквата кожа обично нема проблем со изместување и разлевање на шминката. Ако имате мрсна кожа - дефинитивно препорачувам.
никогаш не ставам пудра ако претходно немам нанесено крем за лице. значи кремот за лице отсекогаш сум го користела како подлога, затоа што имам суво лице и ми ја потхранува кожата и не ми се прават флеки на лицето од пудрата. користам нивеа или росал фемили софт (така мислам беше, со витамин е). имам пробано да ставам пудра без крем... и што да кажам лицето барут суво, не можам да го затегнам... а флеки (лишаи) цели обравчиња и оттогаш без подлога никако не нанесувам пудра.
и јас никогаш не ставам пудра без претходно да ставам крема за лице...можам да речам дека имам сува кожа така да без крема сум како со флеки по лицето
Jаоооооооооо не ми се верува. Лак за коса? Лакот за коса е штетен и за самата коса, најчесто лаковите имаат алкохол и голема е можноста за појавување на перут и не му дава на влакното да диши. А да се стави на лице??? Тоа е злосторство врз лицето. НИКАКО не пробувајте вакви глупости и измислувања !
^^ Јас имам ставано лак за коса откако ќе се нашминкам, некогаш кога немам купено фиксатор и верувајте помага многу- некако посебен изглед добива шминката, плус трае цела вечер шминката. Досега немам добиено никакво оштетвуање на лицето, баш ми е супер кожата. И не е глупост, ова е мала тајна од модните кругови Само не го правете ова често