1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подлога за шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од emce-kremce, 12 март 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    ^ ББ-кремата ја има во Космо, ама која цена е - не знам навистина. :)
     
  2. BlueWhite

    BlueWhite Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    Хидратантен крем со фактор, илуминатор-подлога, коректор, течна пудра, камена пудра, руменило. Подлогата за сенки е многу ефикасна.
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Еве нешто што сега ми излезе на фејсбук па да го споделам со вас.

    НОВО во Cosmo!
    Пронајден е совршениот баланс помеѓу шминка и нега на кожата.
    Bourjois ББ крем пудрата има 8 придобивки во еден производ:
    1 – Изедначува
    2 – Измазнува
    3 – Ги прекрива недостатоците
    4 – Ги намалува знаците на умор
    5 – Матира
    6 – Делува против стареење на кожата
    7 - Хидрира
    8 – Заштитува со SPF 20
    Нeјзината нежна крем формула која содржи минерални пигменти е исклучително лесна за нанесување, совршено се адаптира на кожата и дава природен изглед.
    Спакувана е во практична амбалажа која содржи вградено ротирачко огледало и сунѓерче за нанесување, што ја прави идеален партнер преку целиот ден.
    [​IMG]
     
  4. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство за оваа ББ крема да сподели, ме замисли сега :?: , ако ја има некој пробано нека сподели искуство :angel:
     
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Ја има ли кај нас BB кремата од Maybilline? Кои нијанси ги има? Погодна ли е за сува кожа? Каква е во споредба со таа на Гарниер? Како стојат со цена? :)
     
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    1.447
    Сигурно досега има некој пишано ама ај и јас кусо да не сум :D

    Зелената подлога служи за неутрализирање на сите црвенила, дамки и за да го изедначи тенот бидејќи на секој дел од лицето, не е ист.

    Речиси и да не користам пудра, освен за некои поголеми свечености за да не светам како одблесок на дијамант од блицовите на апаратите :D
    Како подлога ставам посебен крем за лице (иако кога ќе ставам од него немам потреба за пудра) кој е еден од ретките кои ми одговара за кожата на лицето. Немам потреба од нанесување на дополнителна подлога.
     
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Како сте задоволни од подлогата за сенка за очи од авон? :)
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Колку пари е Боржуа ББ-кремот ?
    Чинам некаде прочитав дека бил наменет за сува кожа, ама не ме фаќајте за збор.
    И ме интересира, каков е по структура ? Спакуван е исто како камената пудра BioDetox, ама нели е крема - не верувам да е прашкасто. :^)
    Признавам - огледалцето ме освои. :rofl:
     
  9. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Како што реков ќе ја земам,и да кажам како сум задоволна.

    Прво,текстурата е одлична. Многу убав,мазен финиш остава највеќе што ме изненади е тоа што кога ќе се нанесе не ги истакнува линиите/порите на кожата баш напротив остава мазен изглед и мат што е најважно. Покрај база,ја си ја користам и за под очи,како некој си коректор и баш ми е супер.. Да беше уште поголемо пакувањето можеше и пред пудра да биде супер подлога!

    За долготрајноста,исто така е одлична,сенката стои подолго. НО,најголем минус а вооедно и единствен е тоа што не ја прави интензивна сенката како што е пример со базата на Артдеко (за оние што ја користеле веројатно знаат за што зборам).
    Оние кои не,мислам на сенката кога ќе се нанесе ја прави како 2 до 3 пати посилна,и поистакната..
    Значи онаква како што е сенката таква ќе си биде и над базата... нема промена,освен долготрајноста.

    Штета го нема тоа ќе беше уште подобра,но океј. Ја препорачувам за преку ден повеќе него ли за навечер :)

    Еве и слика од базата :
    [​IMG]
    [​IMG]

    Иначе,Мишела бб кремот на Бoржуа е 680 во Космо. Јас го земав и само пофални зборови имам!
    Значи одличен е ептен,многу многу ми се допадна! Бoржуа до сега не ме разочарале никогаш ,посебно со нивните пудри.

    Највеќе ја земав зошто е крем текстура,а на мојава мрсна кожа највеќе ми одговараат такви пудри и од сега само такви и ќе си земам! Преубаво се размачкува,плус јас добри 6 саати не светнав што е чудо за мојава екстремно мрсна кожа :D Така да од мене имаат голем плус за кремчево :)

    И е за мрсна и комбинирана кожа зошто мат ефект остава,никако за сува и нормална уште толку ќе ве исуши .
     
    На ana-girl и Mishela им се допаѓа ова.
  10. Brojce

    Brojce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    Препорачливи ли се ББ кремовите за млада кожа?
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Само уште едно прашање за Beauchamp - колку милилитри/грами е ББ-кремата? :$
    Не можам да најдам по Интернетов. :sweat:
     
  12. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    ^ 6 грама е :)

    Вака звучи многу малце,ама таман е внатре количината :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    А како го користите ББ кремот? Под него ставате ли обичен крем за лице што вообичаено го користитр или на чисто лице ставате само ББ крем?
     
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Тоа зависи од твојата кожа, еве јас го имам бб кремот на Гарниер и сега за зимово обавезно ставам хидрантен крем под него, без разлика што пишува на бб кремот дека е хидрантен, од ладното повеќе ми се суши кожата, а додека кога ќе се затопли ќе нема потреба зошто тогаш и кожата ми е помасна. Пробај и со крем и без крем па ќе си видиш како повеќе ќе ти одговара.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FashiongirlD

    FashiongirlD Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Ве молам да ми кажете мислење за прајмерот на гош? Во план сум да го купам па да споделите искуства? Благодарам однапред
     
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас денес си купив ББ крем на Гарниер, оној за комбинирана/масна кожа во тенка туба
    [​IMG]
    Кога си дојдов дома веднаш ставив да го пробам и - многу ми се допаѓа! Веќе се поминати сигурно повеќе од 7 часа откако го нанесов и се уште немам знаци на „светнување“ :D Мене искрено ова на пудра ми личи, доста е попокривно од други ББ креми што имам пробано (Гош, Дебора, Јанг Дерм...) Прво кога го отворив и кога видов колку е течен, си помислив дека ништо нема да биде од кремот, дека сигурно е како вода и воопшто нема да има пигментација. Но не е така, баш напротив.

    Перфектно го изедначува тенот, го прекрива црвенилото и се изедначува со бојата на кожата. Јас земав нијанса light, и тоа на тепка, зошто никаде нема тестери од нијансите на чудово :^) Мислев дека ќе биде многу светла нијансата, но си реков и така ќе ставам пудра одозгора, нема врска ако е светла. Меѓутоа, излезе дека воопшто не е светла подлогата. На пример Јанг Дерм посветлата нијанса е БЕЛА во однос на оваа, оваа е баш природна нијанса :)

    Сума сумарум, задоволна сум, многу ми се допаѓа и ќе продолжам да го користам, но самостојно нанесен, зошто немам потреба од пудра одозгора. Најмногу ми се допаѓа што не се познава на лицето дека воопшто имам нешто ставено и што тенот ми е еднаков. Ме изненади покривноста, како пудра е навистина. Утре не ставам пудра за на работа, ќе ставам од ББ кремов и ќе го тестирам уште еднаш за да се уверам дека навистина е толку добар. Презадоволна :up:
     
    На Sw3et.Ang3l и A-j-a им се допаѓа ова.
  17. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Пудра за лице

    Девојки што препорачувате да ставам под пудрата како подлога, за мрсна кожа? :^)
    Инаку ја користам Римелот Lasting finish, што одговара најмногу? :)
     
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Пудра за лице

    Ingrid cosmetic base како гел е под пудрата се става нешто најдобро значи лицето ти е меко пудрата лесно се размачкува трае подолго и жто е најважно мат финиш имаш :)
     
  19. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Пудра за лице



    Неодамна ја купив кремава од ДМ, мислам околу 180 денари и задоволна сум.. многу брзо се впива на лицето и ја користам како подлога пред пудра..не остава сјај на лицето, туку баш го матира некако, и некако како да ја затегнува (што не ми е баш пријатно :)) фина дневна крема...
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2733sml.jpg
      IMG_2733sml.jpg
      Големина на фајлот:
      32,2 KB
      Прегледи:
      286
  20. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Пудра за лице

    Кај да го најдам? Го има по парфимерии? :^)