Дали некој видел вакво нешто во парфимерииве? И ако да, кратка рецензија ако може да ми направи, и цена да ми каже (многу барања ).
Јас ја користам оваа подлога за шминка и сум прилично задоволна. До сега немам користено друга основа за шминка за да можам да направам споредба. Исто како и Nymeria и мене ме интересира дали некаде по нашиве парфимерии може да се најде прајмерот од Римел.
Ја купив подлогата за сенка на Артдеко,имам еден проблем...дали ја нанесувате на чист капак од окото,или над капакот откако предходно е нанесено течна пудра,па и камена...како ја нанесувате? Можеби е глупаво прашањево,ама да си прашам
На чист капак се нанесуваат ваквите подлоги за сенка, исто како што и подлогата за лице која се нанесува на чисто пред да се нанесе самата пудра.
Користам на Орифлејм но не оваа погоре што е туку онаа на СтудиоАртист на попуст е околу 199 денари. Па поради една единствена подлога со пристапна цена (онаа на вери ми не ми се допаѓа) може да се каже дека е доста добра. Во мојот град во едната единствена парфимерија имаше само на Гош и тоа 600 денари што е многу многу е. А кога ме шминкаа ми ставаа од онаа на Џордани исто од орифлејм е таа е веќе сон толку многу меко го прави лицето и како да има некој удел и таа во покривањето, но таа е нешто поскапа околу 400 ден.
Пудра за лице Женски,денеска се шеткав по парфимерии да прашам за некој добар прајмер и ми понудија од радиант и е 550 денари!Прајмер барам бидеќи имам пудри за комбинирано/мрсна кожа со прашкаста структура што ми седат така бидеќи ми ги истакнуваат сите нерамнини на лицето и порите многу ми се познаваат па реков со ова малку од малку да ми се санира лицето пред да нанесам пудра! И друга опција ми е да вложам уште некој денар и да си ја купам од боржуа 3 во 1 пудрата ми ја фалеше продавачката дека ќе ми одговарала на мојот тип кожа. Стварно незнам што да направам и што ќе ми се исплати повеќе.Ај некој совет
Пудра за лице 3 во 1 пудрата е мојатa најомилена 123 Perfect ако не се лажам !? Ќе ти одговара на типот на кожа, но дека се понаша како прајмер - мало морген. Ти направила филм за промет продавачката малку. Небитно, ако ти треба прајмер, јас сум доста задоволна од тој на Гош. Го користам веќе со години и иако одамна немам купено, мислам дека уште го има во проджба, го приметив пред скоро во Космо. Чини 600 денари и многу добро го мазни лицето. Имам другарка со лице во многу лоша состојба, буквално не можеше да си го познае лицето по „третманот“ со прајмеров. Да се разбереме - не помага во отстранување или подобрување на состојбата со акните и дупчињата или флеките, но го мазни лицето неверојатно добро и потоа пудрата си „лизга“. Изгледа вака. Според мене, ако навистина имаш изразени пори и неправилности, подобро купи си прајмер отколку да дадеш пари само за пудра. Квалитетната пудра е важна, но нема во неа такви состојки како во она што се смета за баш типична база или тако звани прајмер. Ќе видиш и сама.
Пудра за лице Немам многу проблематично лице само порите околу носот највеќе ми сметаат и тоа што пудрата ми се збира околу сувите делови и делува како краста Најдобро да си земам и пудра и прајмер јас мислам Фала мишелке на одговорот! И да не заборавам од гош читав дека го фалиш прајмерот ама во битолава никаде неможам да го најдам кај не влегов...Ќе го земам радијантот и тој некако добар ми се виде!
Пудра за лице Дали кај нас има прајмер ама зелен, да неутрализира црвенило на лице, зошто заради многу акни мене лицето ми е доста црвено и потемно од телото. Гледав еден туторијал каде една девојка користеше ама неможам да го најдам и не ми текнува како се викаше тој, ама било каков кај нас дали има воопшто?
Пудра за лице Фала ти многу, навистина ми е мило! Кај нас слабо, освен да го погледнеш оној на Clinique (ако го има). Очекувај баснословна цена за понудената милилитража, ама тоа е за жал. Ако можеш да си набавиш од интернет, супер. Мислам дека таа опција би ти била најпогодна или пак, најдостапна варијанта тука кај нас - купи си зелен коректор. Артдеко камуфлаж, покрај нијансите со боја на кожа имаат и зелен коректор наменет за корегирање црвенила. Или барај го тој од Gosh, би требало уште да го има, јас пред скоро го приметив. Ставај на пределите од лицето каде имаш акни и црвенила, мала количина е доволна за да се неутрализира црвенилото.
Пудра за лице Имам коректор ама сакам да си земам прајмер ама зелен нема..некој друг обичен? П.с се занимаваш ли со шминка? Многу работи знаеш за ова
Пудра за лице Има на Alverde. Мислам дека го има кај нас, но не би знаела да ти кажам колку е ефикасен.
Пудра за лице Mishelke prasanje do tebe da me posovetuvas posto stvarno neznam sto da pravam. Spored tebe dali da go zemam prajmerot na radiant koj e 550den.ili da go zemam na eveline 250den.nemase tester od eveline pa zatoa da prasam da ne se zafrknam pa za 250 kaj bile,kaj ne bile.izvinete za lat.
Пудра за лице Каде ги има прајмерите од eveline? Јас имам база ама прајмерот никаде го немам сретнато, а ми треба.