Пудра за лице За жал, ги немам пробано и не би знаела да ти дадам совет. Другиот прајмер го проба? Ти одговараше на лице или? Ако ти одговарал и ако ти се допаднал, земи го него, иако мислам дека и Евелин се добра марка но не би коментирала повеќе затоа што не сум имала до сега нивна база за шминка.
Пудра за лице Па не е прајмерот тој што во златесто пакување?Јас кога побарав прајмер тој ми го покажаа..
Пудра за лице Не е. Јас имам база на eveline исто во такво златно пакување. Најверојатно ти ја покажале базата. Јас не сум многу задоволна. Нема ама баш никаква разлика,т.е полошо леже пудрата на неа одколку на некој крем кој ти е погодн како подлога за шминка. И лицето ми светнува, пудрата чинам ми се лизга за саат време. јас пак не би ја купила. Така да барам совет за пробана база или прајмер
Пудра за лице Бијонси а да го пробаш новиот прајмер на Гарние, Garnier Perfect Blur, мислам дека ќе ти одговара,баш солидно си ја врши работата. Го подобрува изгледот на проширените пори, ситните линии на лицето после ставање после пудра се помалку видливи, а и нема да имаш проблеми со сјај и размачкување на пудра, мислам тоа е целта и на секој прајмер де.. Помага во матирање на кожата, прочитав дека имаш комбинирана кожа и мислам дека ќе ти одговара, како и на сите други со масна и комбинирана кожа. Количината е 30мл што мислам дека е одлично и ќе ти потрае одредено време,станува збор за пластична тубичка со мало отворче што е плус баш хигиенски. Мене ми се покажа добро, сум користела поскапи прајмери, а ова ми е баш поефтина варијанта, која солидно си ја врши работата. Е сега не е со wow ефекти како на сликите од рекламите баш, ама е прилично добар. Не знам дали го има кај нас донесено, станува збор за нов производ, но кај и да е би требало да го донесат, барем се надевам, да не чекам од e-bay толку време за порачка. Сепак мислам дека за сува кожа нема да одговара баш, за таква кожа можете да го пробате прајмерот на Флормар, тој е повеќе за кожа која е сува. Спојлер А за сува кожа мислам дека овој ќе одговара, јас немам таква кожа и не сум го користела па да пишам подетелно за него рецензија, ама другарка го проба, и е прилично задоволна
Пудра за лице Е баш ќе го побарам во зегин или веро ако не го најдам не ми се чека повеќе ќе си земам база,најобична...Фала многу
Пудра за лице Пашуваш за радиант прајмерот што е во црна тубичка, а е така како белузлав/полупрозирен? Ако е тој тогаш нема во ниеден случај да утнеш. Мнеогу е добар посебно за нерамна кожа, незнам како да ја објаснам И го препорачаа на другарка ми, а она има ептен унаказено лице, од лузни од акни она како нерамнини има, дупчиња поголеми, пори проширени. Верувај стакло и го прави онака мазно на изглед. Кога видов како делува кај неа и јас си го земав. Мене ми е совршен. а и евелајн како козметика не ми се нешто нај нај така да повеќе ти се исплати да додадеш уште 200-300 денари и да си бидеш раат.
Пудра за лице Јас го зедов прајмерот на eveline и воопшто не сум задоволна, ниту една пора не ми прекрива, барем малку да ги измазнеше, но ништо.Не ја препорачувам.
Јас го имав земено од јуник, ама со оглед на тоа дека јуник повеќе го нема, сега незнам каде може да се најде.
Пудра за лице И јас би сакала слика ако може од пудрава/прајмер, бидејќи не разбирам што е ова радиан прајмер? Фирма некоја или...?
Пудра за лице Ајде ако не ви е проблем ставите сликаод пудрава [/quote] Јас имам купувано од радиант сенки и др работи. Фирмава ја имаше во јуник. Е сеа е затворена па незнам дали има некаде... И јас би сакала слика ако може од пудрава/прајмер, бидејќи не разбирам што е ова радиан прајмер? Фирма некоја или...?[/quote]
Значи убав е за лице со акни? Како не знаев пред да го купам овој на eveline уф бе. Како и да е, каде го има?
Кога станува збор за долготрајноста на шминката повеќе се потпирам на добар фиксатор отколку на добра подлога. Сум пробала, не велам не, и заклучив дека кај мене ефектот изостанува, или ми е речиси сеедно. Можеби затоа што немам проблематична кожа. Секако пред да нанесам течна пудра на лицето ставам крем. Тоа ми е засега најпрактично.
Пудра за лице Девојки, сакам да ви писам за несто сто неодамна го открив, гарантирам дека ке ви помогне....Пред некој месец случајно барав да купам несто како коректор, подлога за сенки за очи, и наидов на една презентаторка која ми одговори дека мене ми е потребно несто друго, не коректор! се зачудив и успеа да ми продаде еден прајмер го нарекува она, во облик на сјај за усни, само како пудер! и со тоа ми даде тестер од пудра во тубичка, од истата козметика! мислев дека апла фрлив пари, паковањата се како сминка за деца од 5години! и немозам да ви описам какво цудо е тоа, магични се! сенката на о,ите ми трае цел ден без да ми се направи линија, а пудерот се нанесува само на Т зоната и ви гарантирам дека и кога е најтопло, и цел ден да ви е на лице, од утро до мрак васето лице ќе остане без сјај! незнам дали оваа козметика ја има во Македонија, јас зивеам во странство, и таа ми рече дека ова е несто ново и поефтина козметика од ДИОР! пудерот тука е 35евра , еве ви сајт да видите одприлика како изгледа паковањето па побарајте и пробајте мозеби ке бидете и вие изненадени ко и јас! Се извинувам за долгиов пост!!! http://www.benefitcosmetics.com/product ... efessional The PORE fessional-писува на пудрата
Прајмерот за очи е 25 евра, а пудрата е 35 евра,меѓутоа не се става на цело лице, туку само на Т - зоната, така да може долго да трае, за сите типови кожа е! А оние што имаат мрсна кожа на лице, сигурна сум дека ќе им помогне многу, ова нешто!