^Ако не се лажам брендов го нема кај нас. Грчка најблиску го има, мислам дека сум го видела во Сефора.
Жени, овој прајмер го имате пробано ? Гледам во новиот каталог е 249 ден. што и не е лоша цена, ама дали го бива ? Јас имам мрсна кожа и ми треба нешто што матира.
Се лажеш Го има кај нас само не сум сигурна каде точно. Имав пишано некоја страна поназад, 480 е цената. Јас гоп земав од јуник, ама со оглед на тоа дека јуник веќе не постои би требало да го има во некоја др парфимерија.
Јас го имам, добар е, но не очекувај подлога да ти даде целосен матиран изглед, пошо нели над тоа иде пудра. За мат финиш, би ти ја препорачала translucent powder што е од истата линија на орифлејм, малку е скапа (околу 300-350 денари) но имаш мат изглед со било која пудра а подлогава е супер бидејќи таа е тоа што се впива во кожата наместо пудрата што е добро и за кожата а и подолго ќе трае шминката. Поздрав Спојлер доколку ти треба помош за било кој производ од орифлејм контактирај ме, мило ќе ми е да ти помогнам
Имам едно моливче за уста од Radiant мислам дека мајка ми го имаше земено во КИМ во Бисер. За тие што се интересирате кај би можело да го има прајмерот на Radiant проверете таму
^^^ За Ким и Шатце стварно не знам, можда го има, ама Јуник или сега Еликсир е ама истиот простор и исти работи има знам дека сто посто го немаат, пред неполна недела бев и баш гледав што имаат. Ким знам дека во Гтц го затворија пред некое време, ама ете штом имало во Бисер можда таму го има. ВО дм и космо сто посто ја нема, а обично они ми се најопремни со марки. А што се се залетале по тој прајмер толку па?
Го има ли кај нас чудово? Сите го фалат по јутуб од блогеркиве се изначитав доста позитивни коментари.
Незнам дали му е местото тука ама да ви кажам. За подлога за сенка, гледав тоторијали и си направив. Навистина многу добро ми испадна. Боите се појаки, подобро се познаваат и подолго траат и не се собира толку многу сенката. Не е ист квалитет како прајмерите секако ама заштеда на пари е. Еве што користев јас Значи подеднакво се зима од сите и се мешаат заедно. Еве како испаѓа Значи место кремата може и путер за тело. Работиве ги имаме сите по дома па се исплати да се проба.
Тоа плавото е пудра во стик од krka, поточно како коректор е. Може било каков коректор да се користи. А од eveline е подлога за шминка.
Пудра за лице Девојки можда прашањево не е за тука ама не знаев каде да прашам.. Што користите како подлога пред пудрата??
Го нема, за жал. Јас некни го купив од Солун, и онака од прва сум презадоволна. Преубаво го измазнува лицето, порите и неправилностите се редуцираат и до 70-80%, според мене. Некни го тестирав со црната мат на Manhattan пудра, и она има обичај да ми се „рони“ додека ја нанесувам, а сега над ова совршено се нанесуваше. Се надевам нема да се разочарам понатаму, зошто во глобала не ги сакам Garnier. Битно ми е само да не ми вади акни и црнки, оти ќе го џитнам одма. Инаку, на него имаше цена од 12 евра, а на каса ми го наплатија 9,60 евра.