Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подлога за шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од emce-kremce, 12 март 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.736
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Јас ја користам базава на Есте Лаудер, прекрасна е ,сенката не се собира и стои по цел ден
     
  2. WinX13

    WinX13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    13
    јас користам подлога за пудра од ингрид, препрепредобра е, ги измазнува несовршеностите, не дава да влезе пудра во порите и лицето е бебешки меко и нежно... а не е ни скапа, околу 280 денари е

    [​IMG]
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    да го има! Денес го донеле во космо и си го земав 400 и нешто денари е...
     
  4. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    ^ Oooo како ме израдува!! Очекувам пофалби и критики, иако и јас ќе го земам најбрзо што може :D
     
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    ^ јупиииииии конечнооооо го донесле
    а да не го донесле и оној на лореал па да скокам до таван ?
     

    Прикачени фајлови:

    • 300.JPG
      300.JPG
      Големина на фајлот:
      29,5 KB
      Прегледи:
      374
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Го земав и јас прајмерот на Гарниер Perfect Blur, па еве да кажам некој збор :D

    Го користам веќе 10-тина дена, секој ден и генерално - задоволна сум. Навистина го измазнува лицето, ги прави порите помалку видливи и со пудрата одозгора лицето изгледа како фотошопирано. Подлогава дава стварно ефект на фотошоп во живо :D Е сега, на производот пишува да се употребува врз дневата крема која ја ставате наутро, и има причина зошто е така. Подлогава многу го суши лицето, бидејќи меѓу другото наменета е и да матира, па никако да не се нанесува директно на лице без крема одоздола. Јас пробав и без крема, нели морам се' да испитам :D и ми го пресуши лицево, кое патем ми е доста мрсно. Значи, никако без крема.

    Друго, во однос на тоа дека подолго ја задржува шминката, не забележав некоја драстична промена, исто ми трае пудрата на лице како без Гарниерот, меѓутоа целокупниот изглед е дефинитивно подобар со него отколку без. Порите се помалку видливи (а моите се големи бидејќи мрсна ми е кожата), сите оние ситни линии околу очите се измазнети и пудрата буквално лизга на лицето, многу полесно се нанесува. При нанесување на Гарниерот се чувствува она силиконско чувство како кај повеќето прајмери, ама не е страшно. Дава чувство како да ми се мрсни прстите, но всушност тоа е силиконот, кој е основа на прајмерот, а воедно и на повеќето прајмери на пазарот.

    Иако Гарниер производите не и' одговараат баш најдобро на мојата кожа, досега не забележав да се исфрлам од прајмерот како што беше случај со ББ кремата на Гарниер, која отиде директно во канта. Можеби затоа што пред прајмерот ставам крема, како што е препорачано. Генерално, сум задоволна. Не е магичен производ, нормално, но ситните дупки од акни и големи пори се пополнети и со него лицето изгледа добри 70% подобро отколку без него :) Дури и само со прајмерот, без пудра одозгора, лицето изгледа поубаво, почисто и поблескаво, одма има разлика. Во него има и пигменти што ја рефлектираат светлината, така што дава убав, свеж изглед инстантно, во случајов важи тврдењето на кутијата дека само за 5 секунди ја трансформира кожата. И уште нешто, го држи лицето мат подолго отколку само со пудра, дефинитивно уште саат-два плус отколку само со матирачка пудра.

    За тие пари (495 ден.) би рекла дека е сосема ок :)
     
    На simoncelicius, LilBaby, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    3.919
    девојки овој прајмеров на Гарниер оние со сува може да го користат? гледам дека викате и мрсната кожа ја суши доста па викам сувава да не ми ја пресуши ептен :?:
     
  8. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Јас не додржав го купив имам сува кожа, со добра хидратантна крема одоздола мислам дека нема да има гајле
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Може да ми кажете од кое Космо го купивте Гарниерот? Јас бев во Космо во ГТЦ и тие прв пат слушаа за такво нешто и го немаа, нормално |( |(
     
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    24.048
    Пол:
    Женски
    ^^
    Мислам дека спомнаа оти во ДМ го имало. :)
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Во ДМ го има, 495 денари е :)
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    427 Во Космо е поефтино девојки вчера го зедов, прво прашав, но не и текнуваше на продавачката, бидејќи по дрогерииве никој не се замара да те услужи сама го најдов па и го покажав, ааааа да вика тоа е ново затоа не ми текнуваше :^)
     
    На senza.parole, Sexybaby86 и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  13. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    ^ А во кое Космо? И јас бев вчера во ГТЦ и и’ објаснував, го покажав на слика, отидов сама барав, ама го немаа изложено...
     
  14. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Сити мол, некако многу повеќе во сити мол трупаат работи од се,
    Во шатци имаше многу акции но само во сити мол, Хелти Миксот пудрата беше на -30%, кармини на Мислин по 50денари имаше уште 2,3 , еве Гарниеров го имаше, голема паковка е ќе го најдеш таму сигурно
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов да ви кажам за ова, дека во Космото во Сити Мол а баеги поефтина од ДМ.
    Јас не сум воопшто загреана за подлогава, се' додека кремата ми е добра мислам дека нема да имам потреба од неа. Би ја купила во лето, кога би ми било потребно порите да ги држам под контрола. :)
     
  16. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни ??
     

    Прикачени фајлови:

  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.823
    Ми треба подлога за шминка, само незнам каква да купам. Дај пишете мислење која е најдобра според вас... Имам нормална кожа, повремено се мрси кај т-зоната.
     
  18. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    За Garnier-ов уште некој да сподели искуство,да ме доубеди :D читав reviews и некои пишувале мозолчиња дека им правело после неколку дена,од тоа се плашам :( п.с. мрсничка кожа имам

    [​IMG]

    "This DOES contain silicones which some people hate as they can be damaging to the skin. " |(
     
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    99% од прајмерите содржат силикон, тоа е и целта, пошто силиконот ги пополнува порите и неправилностите и ги прави помалку забележливи. Јас го користам прајмерот на Гарниер околу месец дена и досега не сум се исфрлила од него. Од ББ кремата за мрсна кожа и тоа како се исфрлив кога ја користев, па се плашев и со прајмеров да не биде така, ама не, воопшто. Нагласено си е и на амбалажата никако да не се користи директно на лице, обавезно крема претходно, па прајмерот врз кремата. Во принцип ич не ги сакам производите на Гарниер, ама од прајмерот сум задоволна, имам пишувано поназад :)
     
    На Heidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^^
    Јас веќе некое време ја користам подлогава и сум презадоволна.
    Ми го измазнува лицето, ми ги пополнува порите, пудрата лизга над подлогава. Единствена маана и е што не ми ја држи пудрата нешто многу подолго на лицето.
    И јас се плашев да не ми се исфрлам, бидејќи од ББ кремата цело лице ми беше со поткожни :worried:
    ама сега за сега немам никаква реакција. Се надевам вака и ќе продолжи :D
     
    На Heidy му/ѝ се допаѓа ова.