Пудра за лице Значи свашта ќе прочита човек по нетов, сега се ставало и павловичева на лице.. Значи детската витамиска маст и сите останати павловичеви се наменети за ГАЗОТ на бебињата, толку се масни и ги затвараат порите, за да не навлегуваат мочките во кожата. Кремата е супер и корисна ама пак ќе кажам супер е за бебешките газиња и тоа им е единствена намена, не е наменета за лице и не треба да се користи таму во никој случај божеее свашта
Пудра за лице Ама јас па не знам што се чудите. Секоја кожа си е различна ако ти мислиш дека нешто не е ок, за некој друг е ок. Може тебе не ти одговара ама на некој друг му одговара. Не знам зошто одма припаѓувате. И јас не можам да замислам павловичева на лице да ставам од причина што е премногу мрсна и мене лично не ми одговара зашто имам мрсна кожа ама тоа не значи дека ако мене не ми одговара дека на никој друг не му одговара. И ајде сега ќе се чудам на секој еден пост. Мислам стварно некогаш не сте ми јасни. Можеби навистина му одговара на девојчето. Не ја ни знаеме. Еве сега моментално прочитав во друга тема дека една феминка користи сода за под пазуви. Прво ми падна чудно и јас не би практикувала ама тоа не значи дека не е во ред и факт е дека на некого му одговара, колку и јас да се чудам. Различни сме сите. Само според темава за пудри можете да видите колку различни типови на кожа има, ретко која пудра делува исто на повеќе од 2, 3 девојки. На една девојка некоја пудра и' е совршена, а друга истата би ја фрлила веднаш во канта. И, јас прв пат слушам дека бебешките креми се само за газето на бебињата. Ако се користат претежно таму не значи и дека се само за таму наменети.
Пудра за лице Може да се користи на лице но не секојдневно како што е напишано туку кога на лице има некој лишај, особено како оние што се јавуваат ден после депилирање и сл, не е тоа толку за чудење и не е толку непознато, а ниту пак штетно за лицето. На некој со сува кожа му одговара ова, само секако не под шминка туку само кремата. А точно дека затвора пори и не е за под шминка никако, тоа е многу голема грешка, а девојчево не е прво и единствено што греши, и незнам што толку се изначудивте.
Во темата за пудри прочитав мислење на оваа тематика, нема да го цитирам затоа што ќе ми одземе време да го најдам. Убаво беше објаснето дека не популарните алтернативи како павловичевата и бекутанот се идеално решение. Посебно затоа што не ја нудат соодветната заштита и ја немаат соодветната намена и ефект на кожата пропорционално со возраста. Вложете труд да ја најдете вистинската, сигурно е таму некаде, експериментирајте во зона на комфорт ( на пример ако имате проблематична земајте тестери за проблематична кожа ) и ќе ја најдете идеалната за вас. Не се ограничувајте на еден производ масовно поддржан. Инаку, за промена земав подлога од Јанг Дерм. Убаво стои, ми го изедначува тенот и го измазнува лицето. Помага во регулирање на сјајот на проблематичната мрсна Т зона. Наменета е за мрсна и комбинирана кожа.
Пудра за лице Зависи каква ти е подглогата, ако на подлогата ти пиши 3 во 1, значи има повеќе работи и доволно е само подлогата да ја нанесеш на лице, без претходно крем да ставиш..инаку јас лично прво ставам крем, па подлога па течна пудра
Ма не само за подлога туку ја користат и како крема за дневна нега па после се чудат од каде бубулици, црнки, проширени пори итн... Павловичевата, бекутанот и универзалните креми се наменети за површинска нега и ок е да се употребуваат некаде до 15тина години додека не се влезе во пубертет па кожата на лицето се менува итн тогаш треба да се почне со употреба на креми за соодветниот проблем на кожата. Да не забегувам оф топик, ја имам на Фреш Минералс се залетав еднаш ја купив ама тапа е, а и не дека многу ја користам ... Слична е ко онаа на Гош како силиконска е ама пишува дека не содржи силикон, мене ме нервира некако многу ми го прави лицето безживотно тотално го матира и ми изгледа ко по старо, стварно го измазнува лицето ама некако по тешко ми се размачкува пудрата врз подлогава можеби затоа што имам сува кожа, а подлогава уште толку го досушува, стварно незнам зошто ја купив и без тоа ми беше трајна пудрата... Не ви ја препорачувам, околу 1000 денари e. За сува кожа е многу добра оваа подлога на Лореал: Лесно се нанесува и му дава сјај на лицето, а пудрата буквално лизга над неа, ептен лесно и рамномерно се нанесува.
Припаѓувам како што викаш, затоа што денес покрај толкав избор на креми за лице од најефтини до најскапи, некој става павловичева на лицето, па и уште ја препорачува на други како добра крема за лице. И кај бебешките креми има креми за лице и креми за пеленска регија, поточно еве оваа споменатава од бекутан не и ни крема туку маст, и описот на производителот е следен: "Becutan детска витаминска маст Наменета е за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во деловите кои се покриени со пелена и во деловите каде што се формираат превои. Клинички е докажано дека може да се користи уште од првиот ден по раѓањето и дека превентивно дејствува против појавата на иритации во деловите на бебешката кожа кои се најподложни на оштетување, како последица на допирот со влага и со нечистотии од пелената." Ако ова не е нагласено за што е наменета, незнам стварно што треба да напишат.. И оваа маст е премногу мрсна да се става на лице, толку маснотија може да го поремети природниот систем на лачење на масти на кожата, да ги затвори порите и нејзино секојдневно користење може само проблем да направи. На крајот, секој си знае најдобро за себе, што се однесува до мене, последна крема на светов да е, на лице не би ја мачкала..
Да таа е наменета за цело тело и од доктор и беше на тетка ми препорачана,има мноогу долго време откако ја користи,и сега на 44години и лицето и е како СТАКЛО,без ниту една брчка,баш ја прашував како го додржа лицето толку младо.Лицето нонстоп лицето и е под шминка,а од кремава си нема гаље,бидејќи и ја заштитува кожата од пудрата.И што и бидна нејзе?Затоа сега и е зачувано лицето.Затоа што ако имаш сува кожа и само ја плескаш со пудри без заштита здола...е тогаш ќе почне да се суши кожата на лицето.Мене кожата ми е многу сува,дури ми се лупеше,затоа почнав да ставам од кремава и стварно многу ми помогна,сега ми е како обновена,баш како бебешка мека и нежна.А и не се шлака одма пудра како што си мислите вие,прво кремата треба малце да постои на лицето(и малку се става),па потоа камена пудра. А на бебињата нив нежна им е кожата нема потреба да им ја ставаат на друг дел од телото,освен на газето,кај што им е кожата понежна за да им ја заштити од мочката(поради тоа на тој дел им ја ставаат,инаку на кремата не пишува НАМЕНЕТА СТРОГО САМО ЗА ГАЗ!Бог да чува!).Исто и за мозолчина,црвенила е препорачана (но не е за мрсна кожа,што значи дека на секому и не му одговара оваа крема).
^ девојче, мачкај си што сакаш на лицето, само те молам не ја препорачувај на други, зошто некој може и да те послуша.. И тоа што си запнала за тетка ти, верувај дека нејзиното лице не и е такво од павловичевата крема, единствена заслуга за тоа е генетиката. И мојата мајка има 62 години, и кога ќе кажам на луѓе ја гледаат со неверица, можат да и позавидат и 40 годишни жени.. она од кога памтам се мачка со Витаскин од некои си 200 денари, и сега јас што да кажам, од Витаскинот и е, чуда прави Јас сум многу среќна што го имам наследено овој ген од неа, па и јас на триесет и кусур години имам џам лице без ниедна ни минимална брчка. Значи каква ќе ти биде кожата пресуден е генот, а после и животниот стил (исхрана, цигари, алкохол и сл) па и најскапите креми од 4000-5000 неможат чуда да направат, можат само малку да ублажат или ги успорат работите, ама чуда не! А па за павловичевата ова особено се однесува. И бебешката кожа на газето не е понежна од останатите делови, туку е цело време изложена на влага, па оваа крема прави масна бариера и спречува влагата да навлезе во кожата, или просто да ти објаснам е дека кожата намачкана со ваква крема неможе да дише! Дека некој доктор ја препорачал за лице, неможам ни да поверувам. И незнам како само на овие од Алкалоид не им текнало до сега да ја спакуваат маста во некое по фенси пакување и да ја пишат како маст за лице, што пазар ќе си направеа..
Како за почеток Сега сериозно. Ако гледаме така на работите, влажните марамици без двоумење се лоши за лицето па гледам никој не се откажал од нивно користење. Крем, маст, на кому како му одговара. Можеби има избор, но никогаш нема да знаеш на кому што ќе му одговара. Ако гледаме така на работите, само моментално имам над 20-тина кутии со креми за лице со опсег од најефтино до најскапо кои не ми одговараат на лицето и веројатно барем уште 2 пати по толку од претходно. Од таа причина и знам како е кога не може да се најде ништо соодветно и добро е штом некој си нашол нешто што му одговара. Не осудувајте. И оние на кому му одговара павловичева или онаа на бекутан, ако е навистина така - продолжете да ја користите. Нема потреба да слушате некој и упорно да го правите она кое не ви одговара само за нечиј „туѓ ум да биде спокоен“.
Хахх..бре човек никој не те тера да ја користиш маста!И не преувеличувај премногу.Мене воопшто не ме интересита кој што користи,секој си знае што му одговара за себе,секој има различна кожа.И како прво не можеш да ја критикуваш маста кога никојпат не си ја употребувала.А и тетка ми е единствена што го одржа чисто лицето(значи не и е наследно).Како прво ти си таа која најмалку знае од што и е на тетка ми така лицето.Како второ, ништо друго не става на лице.И тоа што викаш ги затвора порите,да ги затвара не викам не,но затоа потребно е еднаш да ставиш и многу да помогне,а не како другите креми нонстоп шлакај се и пак не помага. И милион пати напоменав дека од доктор е препорачана,а згора на тоа и од козметичарка која ми е роднина.И јас не сум престарена па нонстоп да ја користам,значи неколку пати ставив и толку веднаш ми помогна,бидејќи имам сува кожа а од пудрата мн ми испука кожата. РАЗБЕРИ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ,МИ СЕ СМАЧИ ЕДНО ИСТО ПО МИЛИОН ПАТИ ДА ТИ ОБЈАСНУВАМ, ПОРАДИ ТОА ШТО НЕ РАЗБИРАШ!
^Лелеее не ми викај толку те молам, ме потресе и сега излезе дека само неколку пати си ја ставила, не ја користиш стално.. Јас веќе ти кажав, мачкај колку сакаш и што сакаш, ова што го пишував го напишав затоа што ја препорачуваш маста како добра крема и подлога за лице, а не е тоа.. И напротив, многу добро сум запознаена со оваа маст, да знаеш колку пакувања сум потрошила ехее, ама знаеш каде ја мачкав, на газето на моето бебе Јас мислам дека кажав што имам да кажам околу ова, еве ветувам дека повеќе не пишувам во врска со овој производ, ниту ќе ти реплицирам на постовите!
Ladyinthedark кремата е толку добра затоа што резултати гледаш само на површината, ти го омекнува и измазнува лицето ама не продира длабоко во кожата каде што треба да ја хидратира, значи оваа крема не е хидратантна и не е наменета за лице, а ти можеш ако сакаш и да ја јадеш ако така ти е ќеиф. На твојата млада кожа ќе почнат да се појавуваат проширени пори, црнки и ситни мозолки ако ја употребуваш континуирано (не мора да значи сегде има исклучоци и генетика) истото важи и за сите други бебешки и универзални креми кои ги користите за лице, а после се жалите во темите дека ви излегувале црнки и незнам што. Тоа е зашто го гуши лицето и не му дава да диши. А тој доктор и таа козматичарка може комотно да кажам дека се срам за професиите и професионалност = 0, ама добро освен еуцерин и виши и за павловичева знаеле, бравос Полека само не се напнувај никој не ти пиша тука со лоша намера, океј е да си ставиш павловичева ако ти искочило лишајче или на предел кај што ти е многу суво лицето, па и на цело лице да си ставиш не е страшно меѓутоа жалосно е да го гушиш лицето, а постојат милион креми со лесна структура кои се хидратантни и кои ќе направат да си го чувствуваш лицето ко ново.
Јас не реков дека нонстоп користам од кремава,само додека ми оздраве лицето и како подлога ја ставав за заштита(затоа и ја спомнав тогаш во постот за пудрата.Значи лично за мене си кажав и никого не присилив да ја користи) и никаков проблем не се појави ни мозолки ни ништо од тоа(а најмалку сушење на кожата,сосем спротивното сега не ми е сува!).Како за тебе никој(па ни козметичар,ни доктор! ) не се разбира во професионалност?! Кај се најде ти единствена во сите професионалци,што се разбира повеќе од нив? Само ова не можам да си го објаснам!
^Па како да ти кажам дека не мора да си многу писмен и начитан за да сфатиш дека погрешни производи ти препорачува доктор, мислам крема за бебешко газе ја препорачува за лице. Доволно е да прочиташ неколку статии стручна литература за да се спознаеш со основната рутина на нега на лице па после да коментираш. Што поголем доказ ти треба од тоа за да сфатиш дека човекот нема врска. Ај ако не нека ми препорача рол он за под пазуви да го користам на препони пошто многу ми се потат, имало и ваков случај, сега разбираш? И ај олабави немора да реплицираш на сите, сите тука ти пишавме со најдобра намера, а ти што не сфаќаш твој проблем.
Јас не реков дека нонстоп користам од кремава,само додека ми оздраве лицето и како подлога ја ставав за заштита затоа и ја спомнав тогаш во постот за пудрата.Значи лично за мене си кажав и никого не присилив да ја користи (Значи незнам колку пати ова го имам кажано и никој да ме свати).Ти можеби ја користиш за твоето бебе,не велам не,но не е тоа тоа,зборот беше за тоа како делува на повозрасна/постара кожа.Сепак како и да било,било не сакам да сум со никого лута тука.Знам дека по постовиве си ме замислуваш како некоја ,но верувај не е така и нема потреба од тоа да си ми лута,ниту пак да не ми рециплираш на постовите. Добро де ти си најголемиот професионалец овдека,најписмената личност,другиве никој ништо не знаеме!Ти олесна сега?И да беше така..овдека само се гледа некој да го навреди некого.И незначи тоа дека ако се користи за тоа и дека не е наменета за другде (секако дека на нејзе не пишува дека е само за газ).Всушност ти треба да ги читаш тие литератури,кај ти текна таа глупост дека го сушела лицето,а јас против тоа ја користев.Изгледа дека ти не рзбираш а не јас.