Дали некоја ја користела подлогата за шминка на Avon magix face perfector??? Колку сте задоволни од неа и дали одговара за мрсна кожа??
Јас како подлога ја користам L'oreal tripple active day кремата. Лицето ми е заштитено, хидратирано и шминката не ми мрда. Препорачувам
Нема заштитен фактор, мене тоа не ми беше проблем бидејки кај мене пудрата има, а само со кремата ретко ми се случува да излезам на сонце.
^Јас мислам дека имаат заштитен фактор кремите на Лореал затоа што со закон е утврдено дека сите креми мора да имаат заштитен фактор, е сега незнам под колку ако е не го наведуваат на амбалажите ама мора да имаат.
Не пишува дека има колку што видов јас кога ја земав. Моја грешка ако има, се извинувам, фрлена ми е кутијата па неможам да видам.
Сте ја загледале кај нас? Инаку во врска со заштитниот фактор, не пишува никаде колку СПФ има, ама има наведено дека има УВ-филтер.
Девојки да не знае некоја од вас каде можам да го најдам гарниер 5 сек блур во Штип по некоја парфимерија или сл..ми треба хитно за поклон?
Sw3et.Ang3l бев во туш ја видов таму али кога сакав да ја земам видов дека се користени..и пола потрошени ,а имаше само две и двете беа размачкани исто како тестер да е,затоа прашав за по некоја парфимерија оти таму сигурно не дозволуваат така да се отвараат и пробуваат фала мн во секој случај
Јас обично ставам ББ крема во порцеланска нијанса, затоа што таква ми е бојата на лицето и убаво ми делува.
Oбавезно прво се мијам убаво очи а потоа крема за лице па дури после почнувам со пудра и тн.. и кога треба да ја бришам шминката по пола саат се бришам неќам ни малце да има нешто оставено пошто сакам да си го зачувам лицето.
Досега немам користено никаква подлога за шминка освен крема за лице... али денес конечно си купив прајмер. Една моја другарка си го купи и ми го препорача прајмерот на Catrice, го пробав кај неа кога се спремавме за на свадба и кога почнав да ставам пудра одозгора ја видов разликата ВЕДНАШ - пудрата многу полесно, помазно и порамномерно се нанесува и кожата едноставно ми стана помека. Шминката ми траеше цела вечер, па пошто ми беше веќе испробано денес го купив во ДМ 309 денари.
Леле, се уклучив во темава од истата причина - да го пофалам прајмерот на Catrice! Луѓе ПРЕзадоволна сум. Јас го земав оној во стаклено пакување што е за пори и слично. Разлика има веднаш уште пред да нанесам шминка (си ја купив и пудрата од Catrice - Nude Illusion, кога веќе ги фалам - исто сум презадоволна). Дефинитивно го бирам овој прајмер наместо оној на Гарниер, затоа што го имам и тој користено. А што се однесува до пудрата - до сега ја користев на Ревлон, но оваа ми е многу подобра на лицето. За овој прајмер станува збор: Prime and Fine Smoothing Refiner