Да потврдам и јас за двете подлоги од Catrice, ги зедов чисто од што ми се трошеа пари ама испаднаа предобри за таа цена.
Па еве како што гледаш само пофални зборови за Catrice фрштат на сите страни на форумов Денес пак бев во ДМ и испробав разни тестери, сенките се совршенство - и тие металикот, и велвет мат сенките, и палетите, и бронзерите се убави... нема утка мислам дека се им е тип топ квалитетно а не е скапо!
Девојки да ве прашам каква им е трајноста на прајмериве на Catrice и дали стварно матираат!? Очајно ми треба матирачки прајмер пошто дури и Римел Стеј мат(фиксирана со камена пудра) ми го праи лицето неверојатно мрсно и сјајно.
Презадоволна сум од базава, не се надевав ни малку дека ке е толку добра затоа што цената е смешна. Пудрата стои подолго и совршено
Бидејќи дел од козметиката на есенс е на попуст во Еликсир решив да отидам и да видам дали има нешто. Па се одлучив за оваа база за шминка која ја купив само за 85 денари. Можам да кажам дека е одлична, со оглед на фактот дека имам комбинирана кожа со т зона мрсна, и имам проблем со исчезнување на пудрата после неколку часа од нејзиниото нанесување. Одлично е и тоа што пудрата не мрдна од мене цели 7-8 часа а и т зоната се регулира. Ви ја препорачувам.
Fatalnata се согласувам, подлогата на есенс е предобра, само што ќе ја тргнат од продажба, ваљда ќе направат уште подобра.
Во средно користев една подлога од орифлејм, деновиве ќе одам до ДМ да одберам некоја затоа што е многу подобро да се ставу подлога пред пудра.