Абе убаво викаат се се трпи за убавина Како и да е јас не би пробала никогаш. Реално гледано ептен е штетно, а јас не би сакала да ризикувам со лицето, кое е најнежниот и највидливиот дел од едно тело. Толку штетни материи на него, не фала
абре италијанке и јас така велев се додека една летна вечер ми текна дека немам фиксатор- имав заборавено да купам, а кожата ми е масна а во лето има посебен сјај па ми текна на лакот. Се прснав (со затворени очи девојки, секако) и што да видам wow лицето ми беше исто како да сум ставила фиксатор. И од тогаш ми остана таа навика со лакот- ама му надоместувам на лицево, си го негувам јас
Јас користам Oriflame beauty основа за пудра овој месец на попуст е така да може да ја пробате се надевам дека ќе ви се допадне
Истото и јас го направив еднаш, ставајќи на шишките се досетив дека можеби повеќе би траела сенката доколку прснам лак и успеа. Само што печеше, ама само неколку секунди. Да се надоврзам со темава, секогаш ставам крема за лице бидејќи имам сува кожа и ако не ставам не можам да ја размачкам ниту пудрата. Башка што го штити лицето и не оди пудрата директно на кожата.
јас пред на нанесам пудра ставам хидтратантна крема од Dove ама имам слушнато дека и подлогата за шминка од Avon мислам дека се викаше Magisx била многу добра
Зависи од тоа каква кожа имаш. Јас ставам павловичева крема помешана со АД капки за да биде помрсна и таман ми е.
Прочитав погоре мислење дека некои ставале лак за коса.Јас никогаш не би ставила лак за коса на лице,се знае тоа дека е за коса.Така една моја другарка се има зафркнато стаила лак за коса на лицето,па после од чисто лице кога и се нафрла со бубалици одма запримети дека е од тоа. Инаку јас користам похидратантни креми за лице како подлога за шминката.
Девојки, се двоумам каква подлога за лице да си купам, поточно се двоумам меѓу таа на Гош и на Арт Деко... Ајде ако имате искуства со овие две, споделете го вашето мислење !
Девојки јас имам мрсна кожа, и кога ќе ставам крема па течна пудра светам ептен, да не знаете некоја убава подлога за мрсна кожа?
Јас имам мрсна кожа и како подлога ставам крема која не е толку мрсна. А потоа течна пудра со мат ефект.
И јас имав таков проблем (но само на Т-зоната), порано морав да ставам и камена пудра за да го покријам "светкавиот" ефект. Сега немам таков проблем, пробај со оваа пудра, сега користам немам потреба од камена пудра совршена е пудрава Пробај ја се надевам дека ќе делува и тебе добро (како и на многу феминки како што сум читала низ форумов) да го контолираш сјајот
Не користам никаква посебна подлога.. Само нанесувам обична крема за лице најчесто нивеа или бекутан а потоа пудра.. Пошто имам сува кожа ако нанесувам пудра без крема луцето ќе ми биде барут сувоо
Пробајте со ова 96% алое крем, го има во Зегин околу 390 денари. Јас го купив за смирување на кожата, но забележав дека ја матира, а и на него пишува дека може да се користи како подлога. Одличен би бил за мрсна кожа. Мене ми е нормално-сува па ставам помрсен крем, а ова над него. Ако зборуваме за вистинска подлога за шминка, кај нас знам дека има Гош и добра е, а други не знам какви има. Имав една од Авон - Magix мислам дека се викаше, како да ставав прашина на лицето . Таа не ја препорачувам. Има и од Орифлеим, не сум ја пробала.