Дали некој ја има користено оваа подлога? Дали е добра и колку пари е? http://sprinklesofstyle.co.uk/wp-content/uploads/2014/05/DSC_2658.jpg
Гледам дека сум на вистинското место. Очајно ми треба основа за шминка, зошто кожата ми се масти (имам т-зона) за 2 часа пудрата ја нема (а не дека не е квалитетна). Ни камена ни фиксатор не помага. Ова ми е последна шанса. Кажете ми за мрска кожа, водоотпорна која добро се фиксира на лицево. Такво нешто ми треба.
Ај да прашам јас нешто што не ми е јасно Го меркав прајмерот на Аура, читав рецензии дека е добар за сува кожа. Па како оди постапката со нанесување на прајмер..прво крема , па прајмер па пудра?
Не може без крема никако, крем прво се става, па прајмер после тоа, дури и на сите прајмери стрикно пише после крем употреба. Кремата го заштитува и негува лицето, т.е го припрема за прајмерот кој содржи селикон кој ги потполнува порите, ако директно се употребува прајмер само може да се униште лицето и да си направите проблем.
Јас оваа подлога ја користам и задоволна сум.Нискобуџетна е, а солидно си ја врши работата и убаво матира.
Јас ја купив пред некои десетина дена во ДМ на Бит пазар имаше акција на Есенс производите по 85ден може и затоа била намалена дека ја повлекуваат од продажба. Исто читав на нет мн добри рецензии за прајмерите од Катрис
Го има ли овој прајмер кај нас, и доколку го има дали некоја го има користено? Јас сум скептик за оваа фирма, имам користено само антицелулитна крема од нив и не бев задоволна,ама ве читам низ темите дека користите нивни производи и сте задоволни, па си викам да пробам нешто друго од нив, па може и ќе го сменам мислењето.
Сеси јас пробав ББ крема, крема за лице, пробав и некоја од пудрите ама одма ја фрлив не ми текнува точно како беше пакувањето и од ништо не бев задоволна. Јас искрено не би трошела пак пари на оваа фирма. Инаку во ДМ во Капитол ја има минерлната за која ти зборев во соодветната тема.
Јас моментално сум со прајмерот на Gosh. Не сум фасцинирана но далеку е подобар од оној на Flormar.. Само тие два можам да ги споредам бидејќи само тие два прајмери сум ги користела. И bb крема знам да ставам понекогаш, за да не го оптеретувам секојдневно лицето со силикон.
Во парфимерии каде што продаваат козметика на Ингрид а дава мат изгледа, ама ми одговара и мене иако имам сува кожа, сега ја пробав и на Орифлејм и таа ми е исто многу добра, пудрата многу поубаво изгледа со база.
Која подлога е подобра? Која цена? Дали прикрива црвенило на лицето? Затоа што некогаш се случува и пудра да имам ставено, сепак да ми се појави од ладното. Планирам да си купам некоја подлога деновиве.
Дали има врска појавата на акните со подлогата за шминка ? Досега не сум користела подлога па еве сега прв пат купив, но дали има тоа некаква врска ?
@Lovy1 па може да има бидејќи ги затвара порите. Но мислам дека тоа зависи и од тоа колку долго ќе бидеш со шминка и колку темелно ќе ја извадиш после тоа. Ако убаво го измиеш со влажни и сапун/гел не би имало проблем.
Ја има ли во нашите ДМ маркети оваа подлога од Балеа? Ја видов кај една блогерка од Босна, многу ја фали, па ако ја има да ја пробам.