Во Скопје ја има во нивната продавница, на ул. Максим Горки е. На други места не сум ја видела. Има две, за сува и за нормална до комбинирана кожа. Чини 290 денари. Јас ја имам таа за нормална до комбинирана и ептен ми се допаѓа. Наскоро ќе имам пост за неа, заборавив да се сликам пред и после, а сакам да видите како е и после неколку часа.
Препoрaчaјте ми пoдлoгa зa сенкa, дaли мoжеби знaете кaквa е тaa нa NYX ? @anastasijaki ти дa не јa имaше oвaa пoдлoгa зa сенкa? Јa кoристaм пoдлoгaтa нa estee double wear и сегa е при крaј сегa се мислaм кoјa дa јa земaм a дa не е прескaпa кaкo oвaa нa есте
Ми треба подлога од зелените што се за црвеничо и акни ако знаете некоја препорачајтеми што ја има кај нас.
Најнов трик во јутуб светов, е користење на Nivea after shave balm како прајмер. Од мобилен сум па не можам линкче да пуштам. Финтата е што афтр шејвот содржи глицерин кој помага пудрата да трае подолго на лицето. Некоја доволна храбра да испроба има ли?
Денес трнав да си купам подлога и останав во продавницата 2 саати.Не ваква,не таква и на крај се одлучив да земам на Ingrid. Искрено не мислев дека ќе ја биде ама ајде си реков за 180 денари. За на пладне може да се носи како пудра,а за на вечер како подлога. Прекрива недостатоци,особено ситни бубуљички и лузни од акни. За сите типови кожа е, а и ефтинка е 180 денари
И јас ја имам истата, ја купив пред некое време исто на тепка, си реков за таа цена ќе се коцкам. Првиот впечаток ми беше дека е многу мрсна, а јас имам комбинирана кожа, па се мислев колку ќе ми одговара, а наскоро имав настан за кој шминката требаше да ми трае најмногу што може. Не ми се веруваше дека шминката не ми мрдна цели 25 часа! Од пудри ја користам Max Factor FaceFinity, која веќе има подлога во нејзиниот состав, но ми требаше поголем ефект кој оваа подлога ми го пружи. Дајте и шанса, за оваа цена вреди да се проба. Колу за споредба, јас ја користам нијансата 60-Sand на Max Factor FaceFinity и ја земав најсветлата нијанса од подлогата и сосема ми одговараше.
Од каде ја купувате подлогава на Ingrid? Јас ја користам на Catrice ама некако не сум многу задоволна, ок е ама би сакала да пробам нешто друго па можеби оваа ќе ми се погоди.
Јас ја купив од локална парфимерија, мислам дека може да се најде секаде иако не сум ја сретнала во Cosmo или Elixir или пак Schatzi.
Досега никогаш во животот немам користено подлога за шминка, освен крем. Не знам ни дали треба, а ни каков треба да биди. Со оглед на тоа што кожата ми е сува има потреба од подлога?
Па искрено не. Потреба од подлога за шминка (значи подлога специјална, а не обична негувачка крема) гледам само за специјални прилики каде шминката треба да издржи повеќе од вообичаено. За обични и секојдневни шминкања нема потреба до толку да се оптеретува лицето. Замисли ставаш крема, па подлога, па пудра, па камена и кожата нема дишење, бетон. За такви специјални прилики јас користам на база на Фреш Минералс, како силиконска е. Лицето ми го прави џам, пополнува брчки и пудрата врз неа совршено легнува. Ама не е за секој ден, после тоа лицето ми е со ситни бубулки на некои места, ама се исплати за ефектот што го добивам
@mims-89 ако може слика да поставиш од конкретната база и цена од прилика ако ти текнува. Веќе подолго време се мислам каква да си купам и се нешто одложувам, ама по опсиов твој такво нешто и барам. И ме интересира некој од прилика ако може да ми каже колку им е рокот на траење на ваквите производи од кога ќе се отворат, затоа што сигурно ќе ја користам екстремно ретко, па да не се залетувам ептен да фрлам пари за 3 пати да ставам и да ја фрлам
Околу 800-900 денари е. Многу е слична на една на Гош што ја имаше порано, сега незнам дали ја има уште, оваа: Гош е нешто поефтина. Двете се подеднакво добри. Немасна структура има, лицето го матира, измазнува, пополнува кај што треба, стварно го прави стакло. Пудрата совршено легнува и не изгледа воопшто вештачки, трајноста е додека не ја извадиш, ако легнеш така, најверојатно ќе се разбудиш во иста состојба. На мојата пишува 18месеци од отварање. Сепак јас мислам ако ја чуваш соодветно нема ништо да и биде. Мислам да не е изложена на дирекна светлина и топлина. Како и да е за 18месеци може да се потроши, сеа немора само на свадби, повремено колку да ја трошам ставам и на искачање... Според мене е одлична инвестиција да се има ваква подлога во козметичкото катче, меѓутоа тие што се вакви измазнувачки ко силиконски, другите што се обични како креми (на пример Лореал Луми прајмерот, Гарниер Блур и сличните) врска немаат и ефектот е како обична крема да си ставил. Сјај колку ти душа сака, ова е баш онака ко маска да си стаил па лупаш пудра врз неа. Напоменувам не изгледа вештачки, не истакнува брчки и суви делови. Сува кожа имам, мрсните делови (носот) ми ги матира, таму највеќе ми се брише пудрата, а вака си останува додека не ја извадам. Фреш Минералс или Гош само како бази со ваков ефект, друга со слична структура не сум приметила низ парфимерииве. Кога ќе ја опипаш структурата одма ќе ти стане јасно каков ефект дава. Неколку страни поназад имам пишано лошо мислење за подлогата, најверојатно зашто не ја користев правилно. Без претходно да нанесам крема ја користев, мислев дека нема потреба од крема, вистината е дека мора прво крема како и да е, не е замена за крема што и не е случај со Луми подлогата на Лореал. Со таа крема+подлога=лампион.
Фала ти многу @mims-89 баш таква и подлога барав како силикон, а не како овие другиве што ги опиша што ми личат на џабе давање пари. Цената е супер, уште па штом може да се користи 18 месеци од отворање - одлично. И јас сум за тоа дека вреди да се купи вакво нешто па макар и да не се дотроши, особено со оглед на тоа што не сум фан на професионална шминка па секако и ми се исплати. Ќе си ја купам обавезно, баш ќе видам и на Гош дали ја има па ќе ви кажам ако ја барате.
Обичен хидратантен крем за фаца и тенок слој течна пудра за во лето и за преку ден. Ако е нешо свечено онда идемо: Хидратантен крем, јанг дермче, течна пудра, бела сенка, беломоливче или корентор за подочњаци, камена пудра, руж, лак за коса да не мрда.
@Giovanna јас би ти ја препорачала подлогата на Eveline. Силиконска е, има за сува кожа и има за нормална до комбинирана. Јас ја имам втората и сум прилично задоволна иако не можам да споредам со друга бидејќи не сум користела. Ако не се лажам цената е околу 300 денари. Има 30 мл. и може да се користи две години од отварање.