Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подлога за шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од emce-kremce, 12 март 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Прајмерот на Аура го има некој пробано?
     
  2. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Ја има ли кај нас подлогава? Никогаш ја немам приметено. Која цена е?
    [​IMG]
     
    На rainbowec, crazylady и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
  4. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, ќе може да ми препорачате добра подлога , имам ептен мрсно лице...
    И пред тоа прочитав дека морало да се нанесе и крема... Каква крема вие користите? Фала ви многу :))
     
  5. Cricket

    Cricket Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    1.074
    Пол:
    Женски
    Јас како подлога под пудрата користам CC крема. :)
     
  6. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Моментално ја користам оваа на Лореал. Инаку ја користам во комбинација со пудрата Facefinity од Макс Фактор. Прајмерот е убав, силиконски. Бидејќи е безбоен не се гледаат видливи промени на лицето. Но, она што може да се почувствува - лицето е како седефасто на допир после нанесување на прајмерот. Шминката трае доста подолго во споредба кога е без прајмер, и мое мислење дека сигурно ќе им се допадне на оние кои имаат мрсна кожа т.е кои често знаат да светнат. Тоа не се случува. Испробан е на екстра жешко време летово и ако од нешто бев изненадена тоа е што мислам се стопив а кога се видов во огледало се си беше на свое место на лицето. Мислам не ми даваше да се испотам. Е сега тоа незнам колку е убаво за секојден , ама имаше ефект.
    Сега малку го штедам, оти сакам кога ќе ја потрошам пудрава, да си ја купам Infalible на Лореал па да видам дали се двете створени една за друга како пар, дали ќе има убав ефект... primer.jpg
     
    На koritsaki, irenna, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Колку чини матирачката подлога за минимизирање на порите на Аура, онаа новата со плаво капаче - знае некоја?
    Заборавив да прашам денес во ДМ, можеби @dm drogerie markt ќе ми одговорат. :)
    Претпоставувам дека не е скапа, но баш ме интересира колку е. :)
     
  8. makedonce20

    makedonce20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    643
    Околу 220 ден.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.733
    Пол:
    Женски
    Ако ја донеле оваа infalible на лореал во Македонија , пробај ја заедно со подлогава , оваа пудра е по нова од таа со црвеното капаче и е мат , мене пред некој месец тестер ми имаа дадено од пудрава и добра е многу по трајна од таа другата

    [​IMG]
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DoktorkaOz

    DoktorkaOz Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Драга, јас многу време се мачев со изнаогање на идеална крема како подлога, но немој да се залажуваш со тоа дека некоја крема може да биде идеална за мрсна кожа, јас и во друга тема имам коментирано дека кога имав проблеми со кожата користев Cleanance MAT инаку тоа е емулзија, а сега како подлога користам Fluide matifiant исто така од Avene, и сум презадоволна подетално за неи има овде. Инаку работам по 8 часа дневно и лицето никогаш не ми светнало од пудрата.
     
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    А стигнат е матирачкиот од аура? И надвор од темава ама гледам на фб и ново сунѓерче за блендирање имаат, подобро ми се гледа.
    Инаку за подлоги јас имам мини паковање од познатиот photo finish primer на smashbox, и нешто феноменално е за под пудра, го чувам само за специјални прилики, жал ми е да го трошам.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Не знам колку е во Дм, немам поминато деновиве, мислам дека беше 300 во локална парфимерија. Ама многу е мало, 25мл.
    Ќе се залетав да го купам, ама имаше и тестери, решив прво да го тестирам, проработи самоконтролата овој пат.

    Еве сега видов @cloud го купила, па нека каже најточна цена и впечатоци.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    И јас го тестирав, ми се допадна како „реагира“ со кожата, ама немаше цена и се брзав, па не ми се прашуваше.
    Ќе си го купам наскоро - и онака старата подлога ми е при крај, многу ќе ми се најде во потоплите денови.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Јас го купив 260 ама од Битола, ми го пофали колешка и го земав без да го пробам на тестер. Ќе пишам деновиве како ќе ми се допадне, се уште го немем пробано.
     
    На kristina.k и sesilija им се допаѓа ова.
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Не сум користела никакви прајмери и бази до сега така да сум тотален лаик, затоа некоја феминка која е повеќе упатена ја замолувам за помош.. Не сакам да биде мат и да ми ја исуши кожата инаку имам комбинирана кожа на образите ми е сува а т зоната минимално масна. Ми треба подлога што ќе ми ја задржи пудрата да не ми исчезнува од лицето и првенствено за намалување на порите и црвенилото.
    И ќе ве замолам да е некомедогена :$
    Некој предлог? :?:
     
  16. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
    На cloud и Elence93 им се допаѓа ова.
  17. Tedyyy

    Tedyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Колку пари е? :)
     
  18. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Го пробав прајмерот од Аура, па да споделам впечатоци.

    Има специфична зелена боја што ме изненади првично. Доволна е мала количина за да се прекрие цело лице, бидејќи ако се претера се појавуваат како бели лушпи од него, не знам како да ги опишам, сум имала таков ефект и од крема. Брзо се суши, т.е. фиксира, така што малку потешко е да се нанесе дополнителна количина, доколку мислите дека не сте нанеле доволно.

    Кај мене немаше никакво видливо намалување на порите, дури мислам дека повеќе ги истакна тие некои неправилности, пример црнките кои претходно не сум ги приметила, сега беа приметливи. Меѓутоа многу убаво се спои со пудрата (користев Фејсфинити од Максфактор) и задоволна бев од ефектот, сите тие неправилности што претходно ги спомнав по нанесувањето на пудрата не беа видливи, а пудрата убаво “легна“ и беше баш мат.

    За трајноста не можам да кажам дека беше голема, не дека сјаев, ама по некое време од да речеме 2-3 часа си го добив тој прифатлив сјај, но тоа не е нешто што ме изненадува, или невообичаено за мојата кожа.

    Јас ја нанесував без крема, можеби со крема би бил подруг ефектот, ама некако ми беше премногу и крема и подлога и пудра и камена- ставив крема само околу очите.

    Мислам дека вреди да се има, баш поради тој убав почетен ефект што го дава, како да ја засилува покривноста на пудрата, плус дава убав природен изглед, меѓутоа не очекувајте некои ептен сензационални ефекти, сепак се работи за нискобуџетен прајмер.

    Тоа е моето искуство, баш ме интересира какви се вашите искуства со него.
     
    На crazylady, Ana-Marija24 и Elence93 им се допаѓа ова.
  20. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    [​IMG]

    Ингрид имаат нови бази, имав прилика да ја пробам првата неколку пати и едвај чекам да си купам во цело паковање! Базава е предобра барем замене, иако имам комбинирана кожа и мислев дека нема да ми одговара,баш напротив, порите стануваат помалце видливи и пудрата одлично легнува на кожата. Јас ја користам со течната пудра на Севентеен Matt Plus и ефектот ми беше одличен.
    Ептем сакам да ја пробам и зелената ако некој ја пробал нека напише импресии. Ако се одличам да ја купам зелената нормално ќе ви пишам. Цена околу 300-350 ден зависи од продажното место. :)
     
    На Jordanovska-K и Fatalnata им се допаѓа ова.