Ја немам купено другарками ми даде да ја пробам. Мислам дека во Елит ја има ако ја нема пишими лп да ти кажам како можеш да ја порачаш.
Срце јуначко не издржа, па ја купи. Мене ми се допадна. Имам мрсна, на периоди комбинирана кожа, склона кон акни. Подолго време не користев подлога затоа што не можев да си најдам соодветна. Од неколкуте што ги имав пробано ми се појавуваа акни, но со оваа подлога не е така. Ја пробав со Ревлонот, со Буржоа и со Римел. Не ми се допадна само како стои со Римелот затоа што и онака оваа пудра ми е тешка, па и со подлогава ми делуваше како паштета на лицево. Со другиве две си "легна" супер и добив мат изглед. Користев и камена пудра така да не светнав некои 3-4 часа. Без крема мене ми ги истакнуваше сувите делови, затоа што овој период кожата ми е комбинирана, па со крема ми одговараше повеќе. Во врска со количината на нанесување и со покривноста која се постигнува со подлогава, се согласувам со Сесилија, да не се повторувам. Јас би ја купила повторно.
Искрено да ти кажам и не е ефтина, ама се користи подолго време. Треба само мала количина да се помини лицето.Ја купив од Еликсир пред неколку месеци и имам доста иако ја користам можам да кажам слободно секој ден. Цената ако добро се сеќавам мислам беше од 700-800 ден.
Баш на оваа мислев! Да ја има кај нас. Инаку оваа Макс Фактор не ми е уште потрошена за да ја купам оваа на Лореал. А една скоро цела така ми стои од Ревлон колорстеј. Да ми се дотроши Фејсфинити и оваа планирам да си ја купам. Фала
Голден роуз имаат некои прајмери, дали некоја ги користела? https://scontent-fra3-1.xx.fbcdn.ne...=f86b35c80412cb4272afe5c159b7d9f2&oe=56B0C3D7 https://scontent-fra3-1.xx.fbcdn.ne...=7b73fc21aa5043f15b105a52ede22c0f&oe=56EBF475
Дали некој знае каде би можела да купам Rimmel Stay Matte Primer во Битола или било каде ако може да се порача? Пријатно сум изненадена од ефектот на пудрата и би сакала да го пробам и него.
Јас случајно налетав на Ingrid производи на Битпазар, имаше пудри и сенки за очи, барем јас само тоа го приметив.
Тие што ја користите течната Лореал тру меч, што ставате под неа? Предлог за да не светам, а да се согласува со пудрава И да не биде за брчки..
Јас ја зедов за 350 денари, но делев со една другарка бидејќи Лукс производите беа врзани. И сега се врзани луксе 2 производа за 700 денари.
Искрена препорака за ептен мрсна кожа? Комбинација од подлога и пудра според вас која би била најдобра?
Дали го има ова кај нас и која цена е отприлика? На видеата на јутуб го сретнав многу пати и го фалеа доста. Еве и тука во коментари под линкот има кој сака да прочита.