И јас ја користам пудрава, супер е. Пред некој ден бев во една парфимерија и продавачката ми стави некоја нова италијанска пудра бидејќи била полесна за мене (сум била мала за менхетен) но не е тоа тоа, менхетен е далеку подобра. Не мислам да си ја менам . Со неа нема светење
а што мислите за вазелин како подлога за шминка како поевтина варијанта, дали некој од вас го користел како подлога и што мислите дали е штетен за кожата на лицето и за какви типови на кожа се препорачва? ако е некој поупатен нека повели и каже!
Trendi, да не ја зема подлогава? И јас некое време ја меркам ама не знам дали да ја земам. Инаку е 500 и нешто во Cоsmo.
јас ставам Вазелин со невен и пантенол на лицето навечер зашто имам сува кожа. Кожата ми се препороди. Не може да е штетен зашто е за бебиња.
a дали го ставаш како подлога за шминка, јас го ставам на грубите делови и навистина е супер. тој со невен каде го купуваш?
A kaко точно се вика,неможам да прочитам инаку за magic од авон и јас не би ја препорачала зошто ми се исфрла лицето од неа,ми се јави црвенило и ми се лупеше кога ми помина црвенилото и не покриваше убаво,не се размачкуваше... мене не ми се погоди. инаку ставам само dove крема како подлога.
Маца кремчето е Алое софт крем (96% алое). Во Зегин го има, тие се увозници. Јас го користам за се’. За тело, после депилација, за раце... и како подлога некогаш. Мене ми е малку суво за лицето, па под него ставам помрсен крем. За мрсна кожа би било супер, а и на него пишува дека може да се користи како подлога за шминка.
Ливинг, гледам го имаш спомнато прајмерот на Гош. Ми го препорачуваш? Имам сува/нормална кожа. Не знам какво ти е искуството, дали лично или имаш слушано за него.
Јас ја имам подлогата на орифлејм и не е лоша.Убаво го навлажнува лицето,брзо упива,а и кога ќе го намачкаш не остава сјај,туку напротив,потоа пудрата лесно се размачкува и трае подолго,но ако имате посува кожа,задолжително и пред подлогата крем,така похидратантен. А на Гош,се истуфкав,се истуфкав,за да на крај се разочарам.Црнки и подкожни мозолчиња ми се појавија од таа,а башка што е ко лубрикант! До душа на пауза сум од неа еден месец,планирам да ја мацнам пак,да не е случајност поклопувањето на исфрлањето на лицето и подлогава.
Тууу... се разочарав. А таман му се токмев на прајмеров на Гош. Ми го пофалија и во Космо... Ај ќе чекам да видам Ливинг што ќе ми каже.
И мене ми ја пофалија во космо ама разочарана од гош пудрата во исто такво пакување само црно кое исто во космо ми ја препорачаа,овојпат одлучив да не им поверувам Спојлер инаку гирл,тогаш таа девојка од космо ми кажа дека оваа подлога и пудрата во исто таква амбалажа веќе не ги произведуваат од гош,а во космо им останале па мислам дека само сакаат да ги продадат.јас пудрата што ја купив им ја вратив ми излезе црвенило еве оваа беше.малце офф,сорриии
Грл ако имаш сува/нормална кожа мислам дека не ти е неопходен прајмер. Јас го користев ептен ретко (во лето кога сакав да бидам сигурна дека нема да ми се растече подлогата), и задоволна бев (ама не го искористив цел, го фрлив ми остаре ). Имам нормална/сува кожа, и искрено - можам и без него. На оваа страна има различни искуства, можеш да прочиташ повеќе: http://www.makeupalley.com/product/show ... _Corrector Спојлер и за било кој друг производ што ве интересира, на makeupalley нема што нема Лилит можно е да ти била реакција на прајмеров, ај баш ако пробаш пак пиши исход. Јас немав такви проблеми.
Ти благодарам Ливинг. Дефинитивно не го купувам. Имам сува кожа и досега како наместо прајмер си ја користев класичната плава Нивеа која за мојата кожа е одлична крема! А и како подлога сега за сега ми е добра.