Прајмер е продукт кој се нанесува после хидратантен крем. Прајмерот се користи пред да нанесиш течна пудра (подлога) . Поимимите кај нас се малки испревртени Пример Ставаш крем ( онај кој го употребуваш секојдневно, потоа прајмер- во зависност од типот на кожа, потоа течна пудра, следно камена или пудра во прав.
Јас сум задоволна, го користам некое време но со други пудри и приметувам дека пудрата повеќе ми издржува на лице кига имам од овој прајмер ставено.
Дали некоја од вас го пробала прајмерот на garnier а да има сува кожа? имам пори на лицето.. повеќето овде што пишале дека се презадоволни, се со масна кожа
Препорака за прајмери за мрсна кожа? Го користам тој на аура ама сакам и нешто друго да пробам ама незнам кој.
Со оглед на тоа што имам сува кожа, мојата подлога си ја спремам сама а се состои од глицерин и вода ниту крем ми треба ниту силиконски прајмери. Лицето е меко не се прават лушпи од пудрата,и си стои шминката цел ден.
@Rose96 Сигурна сум дека ти ја имаш севентин мат плус пудрата, па сакав да те прашам со каква подлога ја користеше? И јас имам комбинирана/мрсна кожа па затоа според тебе ќе се ориентирам
Мислам дека без база си ја користев, и многу бев задоволна незнам зошто ја немам купено повторно. Инаку мене предобри ми се базите на Golden Rose, имам пробано и на Аура и Ингрид ама најдобар ефект добив од Goden Rose.
Што ќе кажете за овој прајмер? Дали одговара за сува кожа? Не користам многу шминка, ми треба само нешто да ми ја измазни кожата и порите да не ми бидат толку видливи.
Јас го користам прајмерот од Аура ама не гледам некоја разлика на лицето пред и потоа. А овие зелениве не ги препорачувам оти се познава зеленото некако многу.
Девојки ќе сакате ли да ми објасните повеќе за подлога за шминка и прајмер ? имам мрсна кожа ,почетник сум во шминкањето и не се разбирам многу читам ама сакам некој конкретно да ми објасни што треба да ставам на кожата пред да ја ставам пудрата дали подлога е крема и која крема би ми ја препорачале за мрсна кожа па се става прајмер што значи тоа и дали се ставаат и двете или одделно ? секој одговор би ми бил добредојден. И воедно сакав да прашам дали и нанесувањето на пудрата дали со четка дали со сунѓер доведува до поизмазнет изглед на кожата отколку со прсти да се нанесе пудрата ? Благодарам однапред
Девојки да ве прашам имам ептен мрсна кожа и ја користам пудрата на лореал инфалибле,го имав прајмерот на аура за мрсна кожа па се двоумам дали да го купам истиот или можеби оној на голден роуз за мрсна кожа ..Или некоја друга препорака за добар прајмер?
@Kjara15 не ни е фемина home page, а и не очекувај дека за 4 саати ќе се најде некој што има искуство со двете подлоги. Ако ти се брза во меѓувреме можеш да свртиш 10тна страни назад, сигурно ќе најдеш предлози.
Трет пат го купувам прајмеров и сум препрепрезадоволна, го имам и Porefessional и можам да кажам дека овој на Catrice е дефинитивно dupe на Porefessional. Ги пополнува порите, го измазнува лицето, покрива некои несакани линии и лицето ми е прекрасно откако ќе го ставам, спремно за течна пудра. Позз
Денес го купив овој прајмер, па сега се надевам дека ќе испадне добар. Ќе го пробам деновиве и ќе споделам искуство со вас.