да,јас ја имам користено и многу е убава иако како база за сенки можеш да користиш и коректор кој ке го сетираш со камена пудра или бела сенка..
Која е цената на овој и од која парфимерија го купуваш ? Гледам дека е лесно обоен, но претпоставувам не е со нијанси туку стандард?
Ако е онаа во округло стаклено кутиче со црно капаче, мене не ми се допадна многу. Ми беше многу сува и ми се правеа како корупчиња на капаците. Исто така, потешко ми се блендаа сенките, но им дава солидна трајност и пигментираност. Ако имаш масни капаци, можеби ќе ти биде добра.
Мислам дека е околу 350 ама не сум сигурна. Кога ќе го нанесеш на лице не се познава розевата боја, а инаку јас ептен малце ставам само на места каде што ми се повидливи порите и исчезнуваат.
@grdopajce за подлога не знам, но убаво го мазни и затегнува лицето, алое вера гелот. Масла и креми не се дрзнувам да препорачам, ама алоето е како основа. Гледам имаш белези, ќе ти ги подизмазни.
@DzingrlakaDzikica нема производи на Бенефит во МК. Единствено во Солун во Сефора како што ти пиша феминката погоре. Само цената не е таа , многу се поскапи , јас кога го купив моето го земав 27 евра со попуст , а инаку чини 35 евра https://www.sephora.gr/el-GR/ProductDetail/?prodid=41550
Фала ви на одговорите! Го има во Сефора, да, го гледав пред месец дена во Полска ама не купив оти си мислев дека можеби ќе имам среќа да го најдам некаде низ Скопје. Цените се тука некаде, тубичка од 7ml (тестер варијанта?) беше 63 злоти (14€) а од 22ml 165 злоти (38€). Изгор ама curiosity killed the cat, ќе мора да се проба.
Јас можам да кажам дека сум задоволна од овој, ја задржува шминката подолго, ја измазнува кожата, но има некој чуден мирис и е сметам дека за тие пари (па и поевтино) може да се најде нешто подобро.
Баш од овој сум најнезадоволна. Ништо не прави, мириса непријатно и се усукува на лицето како партали да имаш во пудрата.
Имам комбинирана кожа, мрсна на Т-зоната и ми одговара совршено, не сум осетила проблем со сјаење на крај на денот, а користам мат пудра и ја мешам со крема за лице за да не е премногу мат.
Еве и јас да ти одговорам тој прајмер го нема кај нас во продажба ама го има на сајт за онлајн продажба со бесплатна достава низ цел свет, што значи вршат испорака и кај нас. Сајтот е lookfantastic.com и сум сто посто сигурна дека го има затоа што сакав и јас да го пробам, е сега ќе си почекаш може 15 дена, ама страната е сигурна не се копии, Поздрав
Аура pore minimising во бела туба, 20 мл. Зелена боја има и сосема малце е доволно за да покрие мрсна т зона, веднаш измазнува и трае по цел ден.
Само да напоменам , имам порачувано од странава и навистина се оригинал сите производи , имам порачувано повеќе производи , ама Бенефит општо не испраќаат производи на овие простори. @DzingrlakaDzikica мила јас купувам често до Сефора , да знаеш дека Бенефит секоја недела скоро имаат 20% попуст на нивни производи , па ако те води патот накај Грција можеш ем да си испробаш некој производ (може нешто да не ти се допадне , а не се баш евтини нивните производи)