Една чудна идеа ми се врти во глава во последно време, па сакав да ве прашам за совети. Можеби ја утнав темата, ама не знаев каде. Мразам да носам пудра зашто лошо се чувствувам кога ја носам, иако имам проблеми со по некоја акна, ама така убава, масивна.. Носам само коректор, ептен ако коректорот не е ефективен или ако треба да одам на некој настан ставам пудра, ама тоа се случува многу ретко. Прајмер не користам, ставам само крема за лице, што си ја користам без разлика дали ќе ставам коректор или не.. Приметив кај една девојка што не ми е блиска за да ја прашам што користи за секојдневен изглед, дека користи нешто што не е пудра, дефинитивно беше непигментирано, а сепак дава некоја свежина на кожата и ги затвора порите, ги прави невидливи буквално (имам приметено претходно дека имаше отворени пори во Т зона). Да не должам, сакав да прашам дали некоја од вас пробала да носи прајмер (без пигменти) без пудра, само со коректор на проблематичните места (очи, црвенила и ситни акни) па одозгора било што во прав (пошто читав дека лесно се тргал прајмерот ако не нанесеш нешто прашкасто врз него) - јас би користела фиксатор во прав на есенс или што и да е.. Искрено не ми се даваат пари на нешто експериментално, зашто нема да го користам после тоа ако сум го утнала, а не сакам да инвестирам во било што. Ако некоја од вас има експериментирано овака, добредојден ми би бил секој совет.
Јас мислам дека слободно можеш така да користиш прајмер. Јас некои денови кога исто така не ми се носи пудра, ставам крема за лице, прајмер, коректор под очи и негде ако треба на акни, и пудра матирачка во прав и многу сум задоволна. Прајмер ставам секогаш, па и на денови кога не носам пудра.
Кој прајмер го користиш? Го меркам тој од аура, за намалување на пори. Гледам овде го фалат и на Голден Роуз ама не ми се ризикува со се и сешто Едит: Сега видов дека понапред си пишала дека го користиш прајмерот од Кетрис
Женски дајте предлог: Revlon Photoready Maybelline Baby Skin Instant Pore Eraser Primer NYX pore filler Кое?
Имам нормална кожа,чисто лице се мислам дали да земам прајмер на аура, ингрид или голден роуз. Со цената се сите мислам сите околу 300.Важно ми е да ја зголемува долготрајноста на пудрата. Помош?
Некој ако го има користрно прајмерот да ми каже збор, два за него и цена? Имам комбинирано-мрсна кожа.
@realGirl Го купив лани,го користев до пред една недела. Многу мала количина е доволна за цело лице. Го матира лицето,лесно е за кожата а пудрата не мрда цели 10 часа и не светнуваш во меѓувреме (толку време најдолго сум била со пудра) За цена не сум сигурна,ама 600-700 е сигурно. Сум го носела и без пудра, порите се затворени а лицето меко,мазно. Од како го потрошив го земав на Аура прајмерот,и благе везе нема 0 е во споредба на Лореал. Задоволна сум многу,и пак ќе го купам дефинитивно.
Јас, го користам под Catrice HD и е ок, али ништо посебно. Го матира лицето и го прави меко на допир, али не ми ја намалува видливоста на порите. Доколку немаш многу мрсно лице ќе ти врши работа.
Ги гледам овие блогерките некогаш користат Нивеа мен афтершејв наместо прајмер, сте го испробале ли тоа чудо за таа намена? Ми фаќа око некако