Ако имаш сува или нормална кожа- супер е. Солидно пополнува пори и го измазнува лицето, а пудрата убаво "легнува". За комбинирана ( каква што имам јас) и масна кожа- не препорачувам. За брзо време светнував, посебно на т-зоната.
Да, јас го користам афтершејвот на Нивеа како прајмер веќе подолго време Не е pore filling, но дава многу мазен и изедначен изглед плус го смирува црвенилото доколку кожата е иритирана. Дава чувство на леснотија и свежина и убаво легнува пудра над него.
Не ти светнува лицето за брзо? Мене многу ми се допаѓа ефектот кој го дава, но по некое време лицето го чувствувам тешко и масно на т-зоната.
Девојки ја имате ли користено подлогата на Лореал Инфалибле? Имам мрсна кожа и малце проширени пори кај носот но сепак чисто лице.Досега од се што сум користела не сум многу задоволна на Кетрис за мрсна кожа прајмерот и на Аура...Па ако може искуства и мислење
Мене секако ми светнува лицето за некој саат Затоа не го ставив како негативна страна бидејќи нема производ што ми ја држи мат Т зоната цел ден.
Aj препорачајте добар прајмер за мрсна кожа? Немам строго дефинирана цена, само да не е претерано да ме фати поише од 1000ка.
@Hipster јас би ти го препорачала прајмерот на Инглот, незаменлив е. Само не знам точно колку е продажната цена во Мк.
Koa сме кај Inglot ги има во рамстор баш у саботата ги приметив. Ама солени ценичките им беа, пудрите по 1000 и нагоре. Друго не видов, ама коа ќе иам време баш ќе одам да видам, ако ништо друго да пробам тестери. Фала ти
Претпоставував дека ќе бидат солени и таму цените, бидејќи сегде се низ другите држави. Межутоа, навистина се квалитетни, мејкапот не мрда. Веќе ако си во план да зимаш тестер од прајмерот, земи од сите тестери (мат, силиконскиот итн.)
Ај вака: Pore minimizing на Аура vs Invisible pores на Flormar vs Anti-shine на Catrice Плис некој да образложи што ги користел кој е најматирачки. Фала
Имам некои мали дупчиња поради акните и проширени пори, има некоја подлога што може да помогне барем малку? Имам мрсно лице. И да биде до 300 ден.
Аура во малата тубичка е одличен за мрсна кожа, НО едно големо но - мене многу ми ги затнуваше порите и ми излегуваа огромни поткожни акни. Никогаш не сум имала такви акни досега, без сомнеж ми се појавија од него, кога го паузирав ситуацијата се подобруваше и лицето не ми реагираше кога нанесував друг прајмер, сè додека повторно не се вратев на Аура и пак истото од почеток... Не мора да значи дека истото би се случило и со твоето лице, ама јас да си споделам искуство. Најзадоволна сум од Гарниер онаа розевата туба за измазнување несовршености. Мислам дека беше околу 400-500 денари, може му паднала цената веќе (а мислам дека и некаде низ маркетите беше на акција), ќе проверам наскоро треба да си купам повторно. П.С. Можеби ова ќе и помогне и на @Elence93 при изборот. Од Catrice не сум задоволна, а Flormar немам користено за жал.
@Mishela @Elence93 поевтина и подобра замена на Гарниер е оваа на Балеа Мислам дека е 275 денари. Ја користам неколку месеци и одлично издржува на времево, пудрата не ми се лизга. Предходно ја користев зелената на Аура но не бев задоволна. Имам мрсна кожа и мислам дека на тие со комбинирана кожа ќе им биде совршена. Иако е крема за лице, одлично си ја врши работата како база. Го омекнува лицето и ги пополнува ситните пори и брчки (поради силиконите во составот). Кожата станува премека и после неколку минути е спремна за пудра и останати тракатаници. Ја открив од тука. Ќе ја означам и @Hipster бидејќи е во потрага по база.
Ми треба подлога што ќе ми ја задржи пудрата да не ми исчезнува од лицето и за намалување на порите Имам масна Т зона, но не премногу масна.на другите делови од лицето ми е нормална кожата. Може и мат но не премногу агресивен за да не ми го суши лицето а може и со некој glowy ефект. Некој предлог? edit. @sorbet можно е оваа на балеа што ја спомна погоре да ми одговара?