@marchi-cool не се согласувам со тебе едноставно е такво правилото , пред прајмерот мора да се нанесе крема за лице, прајмерот во никој случај не ја заменува кремата за лице , кремот за лице ја "штити" кожата од пресушување ( поготово кај мат прајмерите) итн значи на секој прајмер на пакувањето си пишува дека претходно мора да се нанесе крема. И ако гледаш на јутјуб туторијали за шминкање , девојките прво нанесуваат крема па потоа прајмер , па пудра. Ако кремата ти е ок и мислиш дека го држи мат лицето и ги "измазнува" порите, тогаш не ти треба прајмер.
Баш подобро е ако прво има крема, па подлога, така ќе има како заштитен слој под пудрата и нема дирекно да биде на кожата.
На оваа мислиш? Ако да, ова пред да им го сменат „изгледот“ беше наречено пудра, а сега е наводно подлога . Јас би ти рекла не, има само 2 нијанси и двете се некако портокалови. Лицето изгледа како паштета, нема никаква покривност и изгледа многу мрсно. Плус, мене ми мириса многу лошо. Разгледај, има еден куп убави подлоги за шминка со пристапна цена. Оваа е вистина ефтина, ама џабе ќе ти седи во фиока.
Мене воопшто не ми се свиѓа. Двете нијанси се чудни, бојата се нанесува некако нерамномерно и мене ми го правеше лицето уште помрсно.
Веќе 2 недели го користам овој прајмер на Сефора , пред скоро година го пробав од тестер на лице и навистина ми се допадна како ги покрива порите - ме потсетува на Porefessional од Benefit според бојата и структурата - густ е , но не е `мрсен`како тој на Бенефит. Помага и шминката да остане подолго време на лицето. Задоволна сум , а и не е скап , 13 евра за 25мл.
Малку касно се уфрлувам во муабетот ама да си кажам Оваа ,,подлога за шминка'' ја купив од тинекс за 103 денари. Кога ја отворив дома испадна дека е пудра ама бидна веќе. Но, мене многу ми се погоди. Бела сум на лице и нијансата ми е таман. Воопшто не е тешка на лице, ниту ми дава ефект на паштета. Имам мрсно лице и пудрава ми е супер матирачка. Прајмер што го користам: Одлично ја измазнува кожата и пудрата многу убаво се нанесува потоа, цената е 200 денари
@IronLady , јас би ти го препорачала прајмеров на Лореал, пред неколку недели кога барав да купам прајмер , феминка на форумов ме цитираше и ми го спомна прајмеров дека е одличен за комбинирана- масна кожа. Кога си дојдов во Гр го пробав и навистина ја остава кожата мат и ја држи пудрата на лицето долго време , но во врска со порите не приметив нешто посебно дека ми помогна, дека ги пополнува и сл. А мене ми требаше прајмер само за да го нанесам на порите Па така да си земав др. прајмер за таа намена. Ако го пробаш прајмеров баш кажи ми тебе како ќе ти се допадне
А за пополнување на порите кој го користиш? И која цена се овој и тој прајмер? Фала ти, баш ќе разгледам деновиве
За порите го земав овој прајмер на Сефора , но го имаш само во продавниците на Сефора најблизу во Солун , супер е и овој јас сум мн задоволна, составот им е ист само што овој е во боја баш и за таа намена да ги прикрие порите , цената на овој е 13 евра а на тој на Лореал - околу 600-700 денари
Не знам дали прашањето е за овде, но не знаев каде да го поставам . До сега немам користено но сакам да пробам прајмер. Имам доста видливи пори на лицето, а и кожата ми е доста сува.Ќе може да ми препорчате некој таков?