Зависи до која цена. Јас би ти го препорачала прајмерот на NYX ама е малку поскап. Прајмерот на catrice е доста солиден или евентуално прајмерот на golden rose (сите за сува кожа се)
Е па вака живеам во Швајцарија и од тука го купувам да скапо е 70fr ама го имам веќе околу 4-5 месеци не е ни до пола потрошено
Девојки, сакам да го купам прајмеров на Аура заради проширените пори. Некоја што го користи, дали ги намалува, или ич да не фрлам пари за џабе?
Јас го имам користено прајмерот е добар за матирање ама не и за проширени пори, барем кај мене немаше некаква разлика.
Става ли некој од вас крема за сончање со заштитен фактор секој ден?? Имам прочитано дека треба да се заштитува кожата на лицето.. Јас немам навика да ставам освен кога сум на летен одмор па затоа не интересира каква комбинација може да се направи со шминка/пудро.
Јас го користев прамерот и убаво го мазни лицето, но ми предизвикуваше многу акни. Имам пишувано за него неколку пати - фин е, но не би го купила повторно. Крема со ЗФ најдобро е да се користи од пролет до есен/зима. Во зима не гледам потреба да се заштитиш од сончеви зраци - ретко кога има вистински јако сонце, но ако сакаш можеш да си ставаш не е погрешен чекор. Јас користев Авен крема за лице со заштитен фактор 50, но само во лето. Мислам дека и другите брендови имаат, а исто така и некои дневни креми имаат во себе заштитен фактор па во тој случај не ти е потреба посебна крема со ЗФ.
da,treba da se stava zastiten faktor vo sekoja doba od godinata i jas stavam,mi ostana od letoska pa da ja dotrosam
Не сум го користела ама на јутјуб изгледав многу рецензии и многу го фалат, планирам да го земам. Ги загладува порите, го измазнува лицето и пудрата многу убаво легнува врз него и трае долго. Само што не се препорачува за мрсна кожа мислам, а читав и @Biodevojka истото го кажа според декларацијата. Еве:
Го измазнува лицето, не пополнува пори. Пудрата лесно се нанесува, едноставно лизга. И дава трајност на шминката, но не препорачувам за масна кожа затоа што не штити од избивање на маснотија и не го држи лицето мат. Ок е, ама ништо спектакуларно колку што беше фалено по интернет. @YoungandBeautiful ме претркала со одговорот
@YoungandBeautiful , @Avery , благодарам девојки! Го купив прееска на зафрканција од Тинекс, на попуст е денес. Баш ќе го пробам утре со пудра. Сега онака го нашлакав на цело лице наместо крем и многу интересен dewy ефект ми даде.
Пиши ми од кога ќе го тестираш со пудра, да слушнам уште едно мислење пред да го земам. А и економично е, големо е пакувањето па долго ќе трае. Како не знаев дека е на попуст денес .
Ako имаш во близина Тинекс тркни, редовна цена му е 377 денари а сега го земав за 219 денари. Ќе го пробам и со пудра па ќе пишам, засега можам да кажам дека многу пријатно го чувствувам лицето, а имам доста осетлива кожа.