Дали ја намалува покривноста на пудрата? Кога користам хидратантни креми некако пудрата ми се упива брзо и морам да нанесам поголема количина.
Јас ставам, но со оглед на тоа што ја продаваат како крема не знам како да ти препорачам да ја нанесуваш. Пробај со и без крема, види си како најмногу ти лежи на лице
Девојки, дали во скоро време го имате забележано негде прајмерот Perfect blur 5sec на Гарниер? Вчера го барав во Дм, Космо, Зегин, Рамстор маркетот, но не го видов никаде во наведените места. Не се произведува повеќе?
Јас дури сега го гледам прашањево, па ќе ти дадам сепак одговор. Си го позајмував од брат ми дури траше фамата околу него на Јутјуб, но не е ништо посебно. Ефектот речиси ист како со мојата вообичаена подлога за под пудра, би рекла дури и полош затоа што пудрата ми светнуваше за доста пократок период. Со серумот Балеа подолго ми трае целокупната шминка, ова немаше врска ама добра реклама му направија блогеркиве.
Го користам пудрото bourjois, но некако новата формула ми е некако поводена(незнам како да кажам со други зборови), да си земам ли и плус подлога или сепак не.
Јас најново го купив на Макс Фактор прајмерот, тестерот на рака ептен ме бендиса, ама на лице некако суво ми е. Ако го начекам тој на Гарниер обавезно го земам, женава што ме шминка го користи и стварно е предобар.
Овој во сефора го имам видено https://m.sephora.com/product/meteorites-base-perfecting-pearls-P405071?icid2=skugrid Еве го, ама скапичок е затоа само на гледање ми остана
Јас го имам купено моето во Гостивар..а во Скопје имам видено некогаш низ ДМ и Рамстор Сити Мол...ама мислам дека е discontinued
Сосема солидно, стандардно, не е нешто wow! како што го фалеа. Убедливо најдобра подлога ми останува Garnier 5 seconds blur.
Дечки имам доста пори ии до сега не сум користела прајмер , па би сакала да ми препорачате некој добар