Моментално , веќе една недела секојдневно го користам овој прајмер на Too faced Hangover rx , па да пишам мое мислење Прајмеров го земав поради тоа што кожата на некои делови на лицето знае да ми стане дехидрирана (имам мрсна т-зона ) Прајмерот изгледа како крема за лице , структурата е полугуста и се впива во кожата веднаш , интересното е што кога ќе се впие во кожата при допир кожата е малку леплива и така при нанесување на течната пудра , автоматски се лепи за лицето и не мрда со саати. Прајмерот не е мат во никој случај , ниту пополнува пори - но сепак помага течната пудра да стои подолго време на лицето го земав највеќе поради тоа што е природен , без силикони и нафтени деривати и е на база на кокосова вода , а на второт место од составот - пробиотик . Го препорачувам за сите типови кожа , од сува - нормална до мрсна. @Yowannty сакаше да прочита мислење
Не, секаде го барав . Предлог за прајмер девојки, само да не е на Аура затоа што не прави ништо (барем на моето лице) до 500 денари? И Гарниер да не е, го нема никаде, а баш го сакам .
Јас го купив на попуст одамна, мислам 270тина ден, не ме држи за збор. Ми се допаѓа ефектот што се добива на почеток, навистина прави блур и е пријатен на лице, но тој ефект ми трае кратко. Кога е потопло дополнително ми го мрси лицето. Така што за мрсна кожа не би го препорачала.
Јас го користам овој на Балеа, ама да напоменам дека имам нормална кожа без акни и без премногу изразени пори. Не знам дали би одговарал на твојот тип на кожа. За масна кожа не би знаела да ти препорачам...
Дали некој го има испробано прајмеров? и јас сум иста и се мислам дали новата на essence да ја пробам или оваа. Дали се сеќаваш на цената на таа од balea?
Го користела ли некоја прајмерот на авон (марк)? Ефтин е па не знам дали е добар дали има ефект, нека сподели некоја искуство.
Дали на некоја и се случило прајмер да ја нафрла? Го користам неколку дена овој од ингрид но приметив дека многу се исфрлав, особено во т-зоната каде што имам и највише пори. Прајмеров е силиконски, можеби има некаква врска и тоа како влијае врз кожата. Предложете некој убав прајмер од којшто сте задоволни