Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подлога за шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од emce-kremce, 12 март 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.653
    Допаѓања:
    106.711
    Пол:
    Женски

    Ако кожата ти е комбинирана и мрсна , поготво летно време ова ќе ти се случува со оваа пудра :( во врска со прајмер , гледам доста на Голден Роуз го користат тој матирачкиот, мислам @Mishela и @senza.parole би можеле нешто повеќе да ти кажат ако не сум грешка они го користат :)
     
    На senza.parole и marta993 им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Јас го купив вчера, уште не ми е пробан, па ќе ви пишам по некое време. Да му дадам прилика да видам како ќе се покаже. :)
     
    На koritsaki, senza.parole и marta993 им се допаѓа ова.
  3. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    29.044
    Пол:
    Женски
    Во текот на зимскиот период, ја користев Хелти микс и немав никакви замерки, супер ми одговараше на лицето и бев задоволна од трајноста . Но сега најверојатно ми се менува типот на кожата, така што веќе одам накај комбинирана со масна Т зона и малку посуви образи.. Се мислам и да сменам пудра, но ќе разгледам и прајмери, баш го мислев тој на ГР па ќе почекам мислење од др пред да го земам. Фала :))
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    На прво користење не изгледа лошо прајмерот на Голден Роуз.
    Ставив само на Т-зоната, на друго место немам потреба од матирање. Челото и брадата останаа мат цел ден, а носот ептен малку светна при крајот на денот. Не поправав со пудра во прав во текот на денот, фино изгледаше лицето.

    Ми се допаѓа формулата, како мус е, матира и се фиксира на кожата, но ниту затега ниту ја суши кожата.
    Бенефит Porefessional ми е дефинитивно број 1, но Голден Роуз не е воопшто лош вака како од прв впечаток.
    Ќе видиме како ќе функционира кога ќе биде уште потопло, денес добро се покажа.
     
    На crazylady, Luminary, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Ај те молам тестирај го на слики, дали има дух :bandit::D
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Не знам како би имало кога прајмерот нема СПФ.
     
  7. mar023

    mar023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2018-04-29-17-29-03-1.png Го има некоја користено, и како сте задоволни?
     
  8. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    мислење за подлогава?
     
  9. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам, 3 пати ставив и толку стои во фиока. Никаква разлика не гледам со и без неа, дури подобро без неа како да се лупи под пудрата..
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Не само тоа, мене ми правеше акни. Ама такви поткожни болни. Дефинитивно беше од подлогата, затоа што кога не ја користев не ми се појавуваа такви исти воспалени акни.

    Јас не ја препорачувам, но повторно - секое лице е различно, можеби на некоја друга би и одговарал.

    Засега задоволна сум од матирачкиот прајмер на Голден Роуз. Го користам во комбинација со Гарниер Ботаникалс за масна кожа и Ревлон Колорстеј.
    Океј е, ама не ми се допаѓа тоа што кога ќе се впие во кожата остава масен филм. Најверојатно тоа е поради измазнувањето на неправилностите, баш се „лепи“ по порите и израмнува, но повторно - ништо специјално.
    Не приметувам дека го продолжува траењето на пудрата - мене пудрата воопшто не ми се брише и без прајмер, но и не светнувам толку брзо.
    Иако, по 4 часа да речеме, наеднаш ми светнува носот и изгледа како испотено.
    Така-така, би ја купила ако некогаш останам без Бенефит, па да ми се најде дури се снабдам со нов прајмер.
    Но, Бенефит дефинитивно повеќе ми одговара.
     
    На SummerGirl и Flower27 им се допаѓа ова.
  11. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Се откажав од купување на Аура.Предложете ми други за проширени пори по пристапна цена:D
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.653
    Допаѓања:
    106.711
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај прајмерите , прајмерот за хидратација на Too faced го оставив на страна (за поладен период).

    Пред 2,5 недели го земав овој прајмер на Benefit - porefessional matte rescue , ГОЛЕМА среќа го земав во мини верзија тоа од 15 мл и луѓе , да не се лажете ако некоја сака да го проба , ама прајмеров ништо не прави на лицето , ајде разбирам не е како тој на Бенефит другиот во вид на балзам , туку гелче зеленкасто е , знам дека не може да покрие пори ама барем очекував да помага во врска со маснотијата. Не прави ништо и не е џабе што на сите страни има мал рејтинг. За овој се работи

    [​IMG]

    Цената на малото му беше 10 евра со 20% попуст и затоа го земав. Не вреди за ништо.

    По тоа разочарување открив еден друг прајмер што скоро година го има во мојот град и никако да го пробам. Станува збор за прајмерот на Smashbox Pore minimizing primer , бев во парфимеријата да видам дали навистина покрива пори и луѓе , без размислување го земав , го купив малото пакување од 15мл (12 евра) , жената ми пушти од тие големите кружни светла во студио што се ставаат(не ми текнува како се викаат :D ) со едно мало зрнце ми нанесе таму кај што имам пори и се уверив како пополнува според едната и другата страна на лицето. Го препорачувам некогаш ако имате шанса да го пробате (y)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Rebecca_R, Sexybaby86, sorbet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    Која подлога одговара добро со Боржуа 123?
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Крема или прајмер?
    Јас користев трипл актив од Лореал за масна кожа под таа пудра.
    А како прајмер не се сеќавам, мислам дека ставав една база од Гош која веќе и не ја произведуваат.
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    Па било што, не сакам да ја нанесувам пудрата дирекно. Исто и доста ми се масти и поти чицето (можеби звучи смешно, но непријатно е) Матирачката на Балеа, Алверде аква и матирачката на Нивеа ми се одделуваат, како лушпи некако.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Си го пробала матирачкиот прајмер од Голден Роуз?
    Не е лош, мене ми одговара. Само ме нервира тоа што лицето е во ред и наеднаш почнува да свети носот. Не многу, ама ме нервира тоа.
    За разлика од подлогите на Аура, ГР е чиста десетка.

    Моментално ја користам кремата со екстракт од зелен чај (Гарние ботаникалс) и прајмерот од Голден Роуз.
    Пред кремава, го користев тиркизниот серум Балеа и над него прајмерот. Таа комбинација ептен ми се допаѓа. Би било супер за во лето исто така.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Џасмин

    Џасмин Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Колку е прајмерот од Голден Роуз ?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    360 денари.
     
    На Џасмин му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Џасмин

    Џасмин Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Читав на нет дека требало да го користат лица над 25 год. :?: Сериозно? |(
     
  20. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Сега го купив најновиот Luminous Glow на Голден Роуз и ова е најдоброто нешто што го имам користено за сјај на лицето. Не ми ја прави ниту најмалку мрсна кожата него баш добивам сјај.
    Иако имам комбинирана кожа супер ми одговара, дури можам да кажам дека е многу сличен со Mac Strobe Cream. :)
     
    На oblace1, sorbet и Џасмин им се допаѓа ова.