@Mishela Ако не се лажам, читав дека ти ја користиш подлогата за сенки на Есенс? Дали би одговарала на мрсни капаци? Дали си ја врши работата? ^ Извинете што замарам по темите, ама се спремам за на свадба
Дечки, вчера ја земав пудрава 700 денари. Таму ја пробав , преубаво ми легна,со голема покривност е и ептен пријатна за носење. Денес ставам, ми се иде да го искорнам лицево, не ми се свиѓа како ми стои. Прашањето ми е, има ли врска која крема ставам пред пудрата ? Вчера ми ставија прајмер,а јас денес ставив обична крема за лице гарниер пред пудрата ?
Прајмерот има улога да ти го подготви лицето за пудра. Со него шминката е поиздржлива и поубаво легнува на лице. Купи прајмер соодветен за твојата кожа или пак таков што те намачкале кога си била зошто ептен ти се допаднал ефектот.
@lovestoneddd Најубаво е да си прашаш кој прајмер го користеле да знаеш да си го купиш тој , ама јас мислам дека оваа пудра би одговарала со овој прајмер
Што подлога ставате пред revlon colorstay? На кремата која ја користев си пишуваше дека се користи и како подлога и стварно имаше убав ефект, ама сега не можам да ја најдам истата крема а со оваа моментално што ја имам многу мрсно ми доаѓа. Дајте некој предлог за прајмер..
Дали ти текнува кој прајмер ти го ставија? Инаку на ефектот влијаел прајмерот, да. Купи си го истиот.
Фала ви девојки. Од Vichy бил,го купив. Малце глупо ми е, ама до завчера немав чуено за прајмер,не сум мн по шминки. А колку боље стои пудрата врз него, ко стакло го прави лицето. Да живее девојката од Шатци што ме запозна со прајмерот
Треба да нанесеш крема, прајмер, па пудра. Со здравје да си ги користиш А која му е цената? Има производи на Vichy во Шатци?
Јас под Ревлон во моментов го користам серумот со нане од Логона. Многу е убав за масна кожа и одговара со пудрава. Само на Т-зоната нанесувам дополнително од матирачкиот прајмер на Голден Роуз и пудрата не мрда.
Девојки, дали може да се користи прајмер на 21 год и да ми предложите кој е најдобар прајмер? Благодарам однапред