Дали силконскиот прајмер и дава поголема покривна моќ на пудрата? Имам тазе лузна на лицето па сакам да ја прикријам, вреди да го купувам или сепак не? Цена на овој? И дали ГР имаат? Спојлер
Годините немаат врска кога се работи за обичен прајмер, па слободно можеш да користиш. Најдобар прајмер не постои, треба да најдеш некој кој лично тебе ќе ти одговара на лицето и пудрата која ја користиш, зошто не секој прајмер е добар во комбинација со секој тип на кожа и секоја пудра. Силиконскиот прајмер, за разлика од прајмерите базирани на вода или глицерин - не се впива целосно во кожата туку останува како слој врз неа, што прави еден вид маска на лицето. Со ова кажано, не би рекла дека ниеден прајмер дава поголема покривна моќ на пудра, туку делува врз тоа како истата ќе „легне“ на лицето. Па, ако само бараш добра покривна моќ, би ти препорачала да вложиш во појак коректор или пудра. Инаку, трикот е во тоа да прајмерот и пудрата кои ги користиш во моментот се исто базирани - двете да се или на база на вода, или да се на база на силикон, за најдобри резултати, инаку може хаос на лице да направиш. И секако, мораш да испробаш повеќе за да знаеш дали некој воопшто ти одговара на кожата. Јас лично користам само гел од Балеа, без прајмер, и така добивам најубав резултат со Катрис ХД пудрата. Инаку, тој од Аура го немам зимано па не можам да ти кажам цена, и да, и од Голден Роуз има прајмери.
Некој да ми препорача добар прајмер? Порано ставав како подлога обична помада за лице или крема ама некако многу ми прави да ми ја упива шминката.. ке се нашминкам све топ и по максимум 2-3 саата сум како да не сум стаила ни грам шминка.. на 2-3 пати имав ставено од прајмерот на flomar и океј беше колку што приметив. Така да мислам дека ми е до подлогата проблемот..
Јас го користев и премногу ми ја правеше мрсна кожата, друга разлика не приметував А за цена не ми текнува околу 300-400 ден.
Абе пред тоа ни прајмер ни кремче не се ставаше, на чело на нос и под очи пудричка, шлакни малку камена , една сенка, римела, карминче и топ ни беше. Сами си го правиме скап животов. Отидов надвор од темава Јас лично уште не користам прајмер само дермогалче да си прочистам малку, кремчето ми е прајмер. Пудрата не ја мењавам веќе 2 ипол години. Препорачајте прајмер дечки.
Препорака за подлога за catrice HD, имам масна т-зона(300-400 денари). Да ја задржува пудрата подолго време оти за свадба ми е.
Девојки, дали некоја од вас го има користено прајмерот на Аура (проѕирен - околу 450 денари во ДМ - цилиндрична амбалажа) на мрсна кожа? Јас го купив и лицето ми беше бебешко мазно по нанесување ама па наеднаш ми стана хаос и се уште (после месец дена употреба) не ми е целосно смирено, а немам користено друг нов продукт во меѓувреме. Ако ви се случило пишете.
Си порачав од Oriflame незнам точно како се викаше ама беше во бела туба со лилаково и многу сум задоволна Користам јас , не ми се случило ништо
На мрсна кожа, така? После десетина дена користење почна да ми се исфрла лицето (имам прилично мрсна кожа), а ми ја препорача пријателка со нормална накај сува кожа - и кај неа е во ред, додека кај друга пријателка со мрсна кожа иста ситуација како мојата, само што она се исфрла од користење на прајмерот во бела амбалажа (исто на Аура). Можеби не се компактибилни конкретно за мрсна кожа