Одамна е повлечен од продажба, го снема прајмеров одеднаш. Можеби ќе извадат некој нов, немам информација никаква.
Според мене џабе фрлени пари. До сега неколку пати сум го искористила и веднаш после тоа забележувам по некое мозолче што скоро никогаш не ми се појавува. А вака ок, фино измазнува.
И мене многу ми беше погоден, ама ги свртев сите аптеки и таму го нема. Се надевам дека ќе извадат некој нов што ќе биде сличен на овој. Ако не, ќе се снаоѓаме со други прајмери.
Овој прајмер дали го користи некоја . Или дајте препорака за зелен прајмер што го неутрализира црвенилото на лицето.
Дојдов да се пожалам од прајмеров и да ве предупредам да не го купувате јас немам толку чувствително лице ама од овој прајмер ми се исфрла..ужас
Јас имам Golden Rose прајмер.Презадоволна сум,ги намалува порите и дава мат финиш.Има три вида на прајмери во зависност од кожата.
Јас користам на лореал но е околу 700ден и сум многу задоволна. Ако може некоја што ги има користено и лореал инфалибле и голден роуз мат прајмерот да направи споредба во план сум да го земам тој на Гр, дали држи гр мат како тој на лореал дали измазнува добро , и дали можда потполнува пори.(од овој на лореал немам забележано да потполнува)
Може некој да ми каже дали прајмерот на Essence е добар за комбинирана мрсна кожа? Се мислам да го земам
Дефинитивно прајмерот на GOSH, презадоволна сум. Лицето ми го прави свежо, мазно, пудрата ја држи цел ден. Од сабајле се нашминкав за на работа, кога си дојдов дома лицето ми беше како сега да сум ставила пудра.
Не пишува за тип на кожа но ете јас имам комбинирана и чувствителна кожа и совршен ми е. Цената беше околу 700ден и нешто,не се сеќавам точно.